Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 562898 Постинги: 749 Коментари: 120
Постинги в блога от Май, 2011 г.
<<  <  1 2 3 4
13.05.2011 19:49 - Како вежбам
  Еве како вежбам секој ден, ама и покрај тоа сум се здебелил 5 кила и мора да почнам да скусувам на храната за да се упристојам. Вежби кои ги правам во паузите помеѓу Петте Тибетанци.

Од Петте Тибетанци, вежбите 1, 2 и 3 Од Петте Тибетанци, вежбите 4 и 5 Плус најважните, стомачните вежби.
Категория: Лайфстайл
Прочетен: 431 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 13.05.2011 22:28
    Мојот препев на поемата “Ако“ од Радјард Киплинг.

Ако
Ако присебно си ладен кога сите други
паниката ја пишат на делата твои
а разбирачка имаш за сомнежни слуги
ама држиш до себе и ич не ги броиш;
ако, кога чекаш, не туфкаш и пцуеш
и не плукаш ни кога плукнат ти си;
и кога те мразат – злоба не те труе
ама сепак не се петелиш ко мисир;

 

Ако сон сонуваш – без роб да му станеш;
Ако мисла товиш – ама само како алат;
Ако победа и пораз умееш да сфанеш -
дека измамата иста во тебе ја палат;
Ако истрпиш кога подлец глупак лови
со вистина твоја во измамно руво;
Ил` кога животот кон бездна ти плови
а ти почнеш нов ко да си на суво;

Ако на куп собрано се`што си имаш
го ставиш под ножот на фрлен зар,
па, мртов ладен, загубата ја примаш
без протест и завист за туѓиот ќар;
Ако папсале срце, жила, нерв и маде
а умееш да ги стиснеш пак да дивеат
па наспроти билансот што ти е јаден
ќе можеш да викнеш:“Ќе преживеам!“;

Ако зла толпа смируваш без да ја молиш
а кај кралот си држиш смисол за хумор;
Ако за душман ни другар уво не те боли
а сепак те сакаат да си бидете кумој;
Ако полниш минута што без милост тропа
со шеесет мига долг пат што си минел -
твоја ќе е Земјата и без да си и` стопан -
и што е побитно – ќе станеш човек, ти сине!
==========
Препев на госпоѓицата Ана Пејчинова

Рецитација на нејзиниот препев
--------


Еве го и оригиналот.


Категория: Поезия
Прочетен: 562 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 12.05.2011 01:56
  Ја изрецитирав Сината птица на Чарлс Буковски image  

 

Категория: Поезия
Прочетен: 355 Коментари: 0 Гласове: 0
  Ова е мој препев на сонетот бр.1 на италијанскиот поет Франческо Петрарка.

 

1
Од вас, што в стих лулеан го слушате звукот
на воздишките кои на срцето му беа храна
кога во првите лутачки денови беше збрана
сета желба младешка да заорам со плугот,
2
сакам проштевање па и милост да стекнам
за нов плач и зборовиве со кои ќе се плати
искуството што проба љубовта да ја сфати
низ надеж која очајот само малку го смекна.
3
Зашто, иако заслепен, сепак добро гледав
дека народот со мене се потсмева и драпа
па затоа во себе се јадев зарад мојта беда
оти боса низ бладањата срамотата ми цапа.
Сепак, на покајанието мое ореол му е речта:
на светот да му угодиш само кратка е мечта.

——
Еве го и оригиналот:
1
Voi ch’ascoltate in rime sparse il suono
di quei sospiri ond’io nudriva ‘l core
in sul mio primo giovenile errore
quand’era in parte altr’uom da quel ch’i’ sono,
2
del vario stile in ch’io piango et ragiono
fra le vane speranze e ‘l van dolore,
ove sia chi per prova intenda amore,
spero trovar pietа, nonchй perdono.
3
Ma ben veggio or sн come al popol tutto
favola fui gran tempo, onde sovente
di me mesdesmo meco mi vergogno;
et del mio vaneggiar vergogna и ‘l frutto,
e ‘l pentersi, e ‘l conoscer chiaramente
che quanto piace al mondo и breve sogno.

Категория: Поезия
Прочетен: 384 Коментари: 0 Гласове: -1
    Од денес во Европската унија стапува во сила пропис според кој секоја состојка што се декларира како домашно изработен лек може да се продава единствено ако за неа е обезбеден сертификат од здравствените власти, кој се добива ако под нивен надзор претходно се спроведени испитувања и тестирања кои во најбаналниот случај производителот ќе го чинат најмалку 150.000 евра.

 

Ова значи дека фармацеутската мафија ја ставила својата монополска рака и врз палетата традиционални домашно изработени лекови од состојки со неиндустриско потекло, обично засновани на лековити билки во комбинација со пчелините производи (мед, полен, восок, прополис, матичен млеч).

Очигледно, целта е да се уништат малите производители на такви лекови, познати и употребувани со векови, а кои учената медицина не ги признава како лекови.
Значи, останува единствено слободата самите да си правите такви лекови.

Еве ви рецепт за еден лек што за превентива и јакнење на имунитетот јас го пијам преку цела година, секој ден по една супена лажица.

Лек од кактус Aloe arborescens

Состојки:
- 600 грама од боцките исчистени листови од 3-4 години стар Aloe arborescens кактус

- 1 литар чист алкохол (етил 98%)
- 800 грама (една тегла) мед, по можност да е со саќе
- 1, 4 литри црно вино
- 500 грама цикорија (Франкова замена за кафе, Дивка)

Сите состојки се спојуваат со мелење во блендер.

Бидејќи обично блендерите имаат запремина најмногу до 1,7 литри, мелете на два-три пати а сомленото ставајте го во некој сад со запремина од барем 5 литри.

На пример, јас ги сомлев исецканите листови кактус со половина литар од алкохолот, сомленото го претурив во еден голем леген, па медот го сомлев со другата половина од алкохолот па и тоа го претурив во легенот.

Потоа со виното на два пати ја изблендирав цикоријата и сето тоа го додадов во легенот.
Измешав добро а потоа со кутлача и инка смесата ја претурив во две шишиња пластични од литар и пол и две од по литар, не ги полнев сосема, оставив празно за да може да се меша смесата со протресување на шишето.

Шишињата ги ставив во обичен фрижидер на 4 степени Целзиусови, ќе стојат 5 дена, секој ден ќе ги протресувам. Всушност, шишињата цело време треба да стојат на темно и ладно во фрижидерот и мене ќе ми трае смесата околу 1 година.

По петтиот ден ќе почнам да пијам секое утро на гладно срце по една супена лажица.
За оние кои никогаш досега не пиеле ваков лек, препорачувам да почнат да пијат по една кафена лажица, додека се навикнат.

Лекот користи за зајакнување на имунитетот, помага при настинки – поентата е да се пие секој ден како предострожна терапија, демек, како еликсир на младоста.

На прв вкус лекот е одбоен ама ќе се навикнете.

Заради алкохолот во него, веднаш ќе осетите топлина во телото ама за кратко време.

По пиењето на лекот, почекајте со јадењето барем еден саат.

Всушност, ако сте паметни како мене, нема да јадете сй додека не си ги извежбата вежбите за тој ден . 

Категория: Лайфстайл
Прочетен: 1584 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 19.02.2016 17:33
<<  <  1 2 3 4
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562898
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502