Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 326164 Постинги: 735 Коментари: 120
Постинги в блога от Януари, 2011 г.
    Ова е мој препев на еден сонет од Derek Walcott, добитник на Нобеловата награда за литература во 1992 година. Смртно опожарениот град 1. Откако огнениот евангелист срамни сй што стои и ползи ко по лој мазно, за смртно опожарениот град склепав скица; сакав да раскажам, пред свеќите чии очи чадеа со солзи, повеќе одошто восокот, за верите што беа извлечени ко жица. 2. Цел ден по улиците се шокирав од приказни во партали и секој ѕид стоеше ко измамник што чека комарџии смели; во грактавото, од птици разлулано небо, облаците беа бали, распарани од лешинари, и наспроти огнот, беа памук-бели . 3. Кај чадосаното море по кое Христос одеше нога пред нога, се прашав чуму восочни солзи кога светот е мртво око? Во градот, лисјата се хартија, но ридовите се од вери стадо; 4. за талкач како мене, секој лист беше зелен здив од радост за возобнова на љубовта што ја мислев мртва како нокот - јас, момчето, ја благословив смртта и покрстувањето во оган. Еве го оригиналот: A City’s Death By Fire 1. After that hot gospeller has levelled all but the churched sky, I wrote the tale by tallow of a city’s death by fire; Under a candle’s eye, that smoked in tears, I Wanted to tell, in more than wax, of faiths that were snapped like wire. 2. All day I walked abroad among the rubbled tales, Shocked at each wall that stood on the street like a liar; Loud was the bird-rocked sky, and all the clouds were bales Torn open by looting, and white, in spite of the fire. 3. By the smoking sea, where Christ walked, I asked, why Should a man wax tears, when his wooden world fails? In town, leaves were paper, but the hills were a flock of faiths; 4. To a boy who walked all day, each leaf was a green breath Rebuilding a love I thought was dead as nails, Blessing the death and the baptism by fire.
Категория: Поезия
Прочетен: 262 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 28.01.2011 03:59
27.01.2011 20:10 - БЕЉАЧНА ПЕСНА


Што работиш ич не ми е гајле   но сакам да знам дали си смела со мене да бдееш до сабајле - да ги англизираш моите дела :-)
Не ме интересира твојата младост но сакам да го видам твојот ризик со мене да вкусиш кус миг радост а занавек да носиш јадовни низи :-)
Не ми е гајле што хороскоп те следи и дали си навлечена на тага и бол: сакам да дознаам дали во мене седи уште една беља без глогов кол :-)
Категория: Поезия
Прочетен: 233 Коментари: 0 Гласове: 1

Кога ќе си умрам, девојче мило смртта кога ќе ми згасне било, за сенки слеп , ни славеј ќе слушам, самрак ќе ми биде вечна зора в душа!
Не прави ми спомен со жална журка, за сенка на гробот не ми сади роза со корен кисел в глава да ми нурка и мртвите сни да ги брсти ко коза!
Не крепи ми гроб со камења ломни туку за заветот наш ти си спомни: троскотна трева на гробот ми стани и љубовта моја вечно ќе те храни, на ветрец дур` лаги итро му шушкаш со коренот твој пак ќе ме гушкаш!
Категория: Поезия
Прочетен: 283 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 07.01.2011 20:15
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 326164
Постинги: 735
Коментари: 120
Гласове: 490