Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 562536 Постинги: 749 Коментари: 120
Постинги в блога от Януари, 2018 г.

Драг Чинговски

Моите очи со радост се смеат

1

Ти ми го научи срцево да пее,

небесната радост в душа да ја прима.

Од очите твои огин нас ни грее

и топла е постелата и в лето и в зима.

2

Во твоите раце сите птици сон ги фаќа,

со цветови мирисаат заспивалки благи.

Твојата душа и мене во вознес ме праќа,

во предели на небото, во облаци драги.

3

Тајно моја, зарем да те кријам довек,

носејќи в гради судбина со дамар тих?

Јас сакам в пролет, како среќен човек,

и Бог да те види и светот во секој стих.

4

Заради твојата убавина дури и зимата пее,

очите мои се смеат како цветови од цреша.

О, Боже, огнот во мене никогаш не ќе мрее

а твоите бујни години староста ми ја тешат!

**********************

Оригиналот тука:

https://www.facebook.com/drago.cingel?fref=mentions&pnref=story

 

Драг Чинговски

Крај реката прошетај

1

Ако си отидам, а и тоа ќе биде,

заборави ги, другар, трагите мои што сивеат.

Во тебе, од мирисот свиден,

боите на радоста и понатаму нека живеат.

2

Уште еден пехар, што ми останал неиспиен,

принеси го до грлото како да е мое.

И, не прашувај го небото каде сум скриен

и не буди го в душа часот неспокоен.

3

Си е минливо, песната секогаш е иста,

помни, другар,последно што ќе речам:

и пред курвите душата ми беше чиста

и знаев срцето во вино да го лечам.

4

Ако си отидам, а ќе дојде скоро тоа време,

во прегратка со мене сивилото да плови.

Покрај реката прошетај и таговното бреме

остави им го на птиците и за песни нови.

********************

Оригиналот тука:

https://www.facebook.com/drago.cingel/posts/1993852470655466?pnref=story

Категория: Поезия
Прочетен: 505 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 10.01.2018 10:02
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562536
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502