Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 343225 Постинги: 738 Коментари: 120
Постинги в блога от Октомври, 2010 г.
2 3 4 5  >  >>
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.99 1. Љубичице ранобудна, дрска, судам ли криво: дека твојот опоен мирис што секого го плени ти на мојата љубена и` го украде од здивот? И дека корења си пуштила во нејзините вени за со пурпурно лице да се дичи твојот живот? 2. Пресудив кражби: лилјанот и` зел рака до рамо; пуплестиот марјорам се покрил со нејната коса; едни рози и` го украле руменилото од срамот а други бледилото на нејзиниот очај го носат. 3. И како трето, и белите и црвените рози, патем при кражбите, и нејниот здив опоен го ќариле; но, кога најсилно цутат, злосторот ќе е платен - одмазднички гасеници за смрт си товариле. 4. И други китки гледам од љубената ми крадат ама сепак таа и понатаму е најубавата дада. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 99   The forward violet thus did I chide: Sweet thief, whence didst thou steal thy sweet that smells, If not from my love’s breath? The purple pride Which on thy soft cheek for complexion dwells In my love’s veins thou hast too grossly dyed. The lily I condemnиd for thy hand, And buds of marjoram had stol’n thy hair; The roses fearfully on thorns did stand, One blushing shame, another white despair; A third, nor red nor white, had stol’n of both, And to his robb’ry had annexed thy breath; But for his theft, in pride of all his growth A vengeful canker ate him up to death. More flow’rs I noted, yet I none could see But sweet or color it had stol’n from thee. ========= Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 231 Коментари: 0 Гласове: 1
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.98 1. Раздвоен од тебе, во таа пролет јас бев тажен, кога април со горделив раскош го смени снегот и со младешкиот дух на сите им стана важен та дури и старечкиот бог Сатурн заигра со него. 2. Ниту песните на птиците ниту китките разни со нивниот опоен мирис и со допирите мазни не ме инспирираа да напишам летни сказни ниту барем да ги наберам и ставам во вазни. 3. Не сакав да се чудам на лилјани со бели лица ни на црвенилото на розата какво не сум сонил; тие беа волшебни, секое само како кроки-скица, нацртани според тебе и сето твое беше во нив. 4. Со тебе отсутна, ми беше зима и само кенкав а тие волшепства ме тешеа како твоја сенка. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 98   From you have I been absent in the spring, When proud-pied April, dressed in all his trim, Hath put a spirit of youth in everything, That heavy Saturn laughed and leapt with him. Yet nor the lays of birds, nor the sweet smell Of different flow’rs in odor and in hue, Could make me any summer’s story tell, Or from their proud lap pluck them where they grew. Nor did I wonder at the lily’s white, Nor praise the deep vermilion in the rose; They were but sweet, but figures of delight, Drawn after you, you pattern of all those. Yet seemed it winter still, and, you away, As with your shadow I with these did play. ========= Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 290 Коментари: 0 Гласове: 1
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.97 1. Слатко мое задоволство на годината измината, разделбата со тебе како зима сурова ја болував: колку студенило сетив, оќоравев од темнината, во тој стар Декември што се` наоколу соголува! 2. И така, од сјајно лето не` делеше тоа време и од преполнетата есен чија родност слатка уште од пролетната блудност носеше бреме како, по смрт на господарот, вдовичена матка. 3. Катаден по таа изобилна глетка јас пекав, ко обестатковен ластар, со надеж на сирак, тебе-летото и твоите сладости ги чекав - но без тебе и црцорците одбија да свират. 4. Или, ако и процрцореа, како мака да ги стиска, како лисјата беа исплашени од зимата блиска. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 97   How like a winter hath my absence been From thee, the pleasure of the fleeting year! What freezings have I felt, what dark days seen! What old December’s bareness everywhere! And yet this time removed was summer’s time, The teeming autumn big with rich increase, Bearing the wanton burthen of the prime, Like widowed wombs after their lords’ decease. Yet this abundant issue seemed to me But hope of orphans, and unfathered fruit. For summer and his pleasures wait on thee, And thou away, the very birds are mute. Or if they sing, ’tis with so dull a cheer That leaves look pale, dreading the winter’s near. ========== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 273 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 31.10.2010 16:03
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.96 1. Велат грешност ти се и младоста и похотата, други пак велат двете ти се милност чиста; и милноста и грешноста ти ја вршат работата - ти грешноста ја правиш за милноста пристан. 2. Како што на прстот на крунисувана кралица ќе биде скапоцен накит стакленото џиџале, така и грешките твои, една долга магарица, станале вистини и во ѓердан се нанижале. 3. Колку многу овци може да заведе волкот ако својот изглед како овца го прилагоди; колку многу зјапачи ќе ти го следат колкот ако твоето племство на шестка се нагоди! 4. Но, не прави така, оти јас те сакам на таков начин што твојот добар глас е најдобриот љубовен зачин. =================== А ова е оригиналот:   Some say thy fault is youth, some wantonness, Some say thy grace is youth and gentle sport; Both grace and faults are loved of more and less; Thou mak’st faults graces that to thee resort. As on the finger of a thronиd queen The basest jewel will be well esteemed, So are those errors that in thee are seen To truths translated, and for true things deemed. How many lambs might the stern wolf betray, If like a lamb he could his looks translate; How many gazers mightst thou lead away, If thou wouldst use the strength of all thy state! But do not so. I love thee in such sort, As thou being mine, mine is thy good report. ========= Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 233 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 30.10.2010 23:15
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.95 1. Милозлива е срамотата дека ноќе талкаш! Таа, како гасеница во најмиризливата роза, убавината на твоето пуплесто име ја валка но ти ми ја сервираш како најслатка боза! 2. Тој јазик што за тебе похотливост раскажува те воздига како да е спорт твојата сторија; тој не те куди туку со пофалба ме растажува - демек, штом ти така правиш, не е лудорија! 3. О, каква господска куќа има развратот твој но сепак да живее надвор од тебе одбра, за твојата убавина да го покрие грдиот слој та дури и лошотијата да изгледа добра. 4. Но, љубена, внимавај како сето ќе се сврши: стомна што ноќе оди на чешма прва се крши. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 95   How sweet and lovely dost thou make the shame Which, like a canker in the fragrant rose, Doth spot the beauty of thy budding name! O in what sweets dost thou thy sins enclose! That tongue that tells the story of thy days, Making lascivious comments on thy sport, Cannot dispraise but in a kind of praise; Naming thy name blesses an ill report. O what a mansion have those vices got Which for their habitation chose out thee, Where beauty’s veil doth cover every blot, And all things turns to fair that eyes can see! Take heed, dear heart, of this large privilege; The hardest knife ill used doth lose his edge. ========== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 250 Коментари: 0 Гласове: 0
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.94 1. Тој што може да повреди а практикува почит, кој има што да покаже но скриено е жарче, тој што другите ги покренува а себе се кочи, на предизвик бавен, како да е веќе поарчен; 2. праведно милоста небесна врз него ќе грее а тој како домаќин природата ќе ја штити. Тој смирено над радоста и над бесот бдее, а другите се само служители негови сити. 3. Китки расцутени со сласт летото го красат, иако самодоволни, гордо живеат и мреат, но ако и нив гасеници со отров ги згнасат, со недостојни облеки и тие ќе шират реа. 4. Најмиломирисното може да стане смрдлив чевел а лилјанот скапан посмрдлив е од било кој плевел. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 94   They that have pow’r to hurt, and will do none, That do not do the thing they most do show, Who moving others are themselves as stone, Unmovиd, cold, and to temptation slow, They rightly do inherit heaven’s graces, And husband nature’s riches from expense. They are the lords and owners of their faces; Others but stewards of their excellence. The summer’s flow’r is to the summer sweet, Though to itself it only live and die. But if that flow’r with base infection meet, The basest weed outbraves his dignity. For sweetest things turn sourest by their deeds; Lilies that fester smell far worse than weeds. ========= Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 212 Коментари: 0 Гласове: 1
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.93 1. Сепак ќе живеам со надеж дека си ми верна зашто лицето твое ме грее од чесен престол; ко сопруг што измамата сеуште не го перна, и јас не знам дали срцето ти е на друго место. 2. Окото твое дури ни за омраза не ќе ми каже па затоа не ќе можам да знам за промената. Често на лице сум читал дека човекот лаже од расчекорот меѓу усните и веѓата крената. 3. Тебе мора Небото со декрет да те креирало оти на лицето сал слатка љубов ти гледам; срцето твое измамно, каде и да парадирало, очите не кажуваат туку со сласт ти медат. 4. Твојата убавина како јаболкото на Ева сјае но дали јас ќе бидам Адамот што ќе се кае? =================== А ова е оригиналот: Sonnet 93 So shall I live, supposing thou art true, Like a deceived husband; so love’s face May still seem love to me, though altered new: Thy looks with me, thy heart in other place. For there can live no hatred in thine eye, Therefore in that I cannot know thy change. In many’s looks, the false heart’s history Is writ in moods and frowns and wrinkles strange, But heav’n in thy creation did decree That in thy face sweet love should ever dwell; Whate’er thy thoughts or thy heart’s workings be, Thy looks should nothing thence but sweetness tell. How like Eve’s apple doth thy beauty grow, If thy sweet virtue answer not thy show. ======== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 218 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 30.10.2010 00:29
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.92 1. Стори го најлошото и измолкни се од мене, измрдај од заветниот рок дека ќе бидеш моја и животот мој веќе главата нема да ја крене зашто тој се хранеше само од љубовта твоја. 2. Од најлошите маки не треба да се плашам кога и најмалата од нив живот ќе ми сврши. Ми следува подобра состојба од онаа каша кога ти со твојот каприц волјата ми ја скрши. 3. Претвртливоста на твојот ум не ме загрижува кога на твоето измамништво животот ми виси! Ох, најдов среќно име со тебе да ме зближува - среќоносец на љубов но и среќен гробар ти си. 4. Има ли блажена убавина а стравот да не и`е рам? Ти може веќе си лажливка а јас тоа да не го знам! =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 92   But do thy worst to steal thyself away, For term of life thou art assurиd mine, And life no longer than thy love will stay, For it depends upon that love of thine. Then need I not to fear the worst of wrongs, When in the least of them my life hath end. I see a better state to me belongs Than that which on thy humor doth depend. Thou canst not vex me with inconstant mind, Since that my life on thy revolt doth lie. O what a happy title do I find, Happy to have thy love, happy to die! But what’s so blessиd-fair that fears no blot? Thou mayst be false, and yet I know it not. ======== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 262 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 29.10.2010 00:56
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.91 1. Некои се горди на претците, други на својот фат, некои на својот имот, други на силните им тела, некои на облека и помодарски шапки на спрат, некои на сокли и `ртки, други на коњска ергела; 2. И свое придружно задоволство има секој табиет кој како своја најголема радост него го опишува. Но, посебноста не може во ум закони да забие, нужен е најопшт ќеф што сите ќе ги надвишува. 3. Твојата љубов е побогата и од династијата и нејзиниот трезор, погорда од скапа мода; ни коњ ни сокол е на чело на процесијата, туку јас, имајќи те тебе, гордо неа ја водам. 4. Во тебе јас ги наоѓам сите тие нешта вредни, без твојата љубов јас сум само јаден бедник. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 91   Some glory in their birth, some in their skill, Some in their wealth, some in their body’s force, Some in their garments, though new-fangled ill, Some in their hawks and hounds, some in their horse; And every humor hath his adjunct pleasure, Wherein it finds a joy above the rest. But these particulars are not my measure; All these I better in one general best. Thy love is better than high birth to me, Richer than wealth, prouder than garments’ cost, Of more delight than hawks or horses be; And having thee, of all men’s pride I boast; Wretched in this alone, that thou mayst take All this away, and me most wretched make. ========== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 303 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 28.10.2010 15:40
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.90 1. Мрази ме ако сакаш, но тоа нека биде сега кога светот за делата ме распнува лесно; на злата среќа ортак, постави ме во стега, да бидам твој поклоник-губитник во тесно. 2. Ах, немој, кога срцево издржа од таги јуриш, од зад грб да ми напаѓаш совладани јадови; немој бурна ноќ врз дождлив ден да туриш за мојот пораз пак да мине низ нови падови. 3. Ако ме напушташ, не прави го тоа последна, кога сите ситни пизми се со искубани крила; нека биде прв налет разделбата, иако бедна, на среќата да и`ја вкусам превртливата сила. 4. Тогаш сите тажни страдања кои сега ми се неутешни, во споредба со твојата загуба, ќе ми изгледаат смешни. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 90   Then hate me when thou wilt, if ever, now, Now while the world is bent my deeds to cross; Join with the spite of fortune, make me bow, And do not drop in for an after-loss: Ah, do not, when my heart hath ’scaped this sorrow, Come in the rearward of a conquered woe. Give not a windy night a rainy morrow, To linger out a purposed overthrow. If thou wilt leave me, do not leave me last, When other petty griefs have done their spite But in the onset come; so shall I taste At first the very worst of fortune’s might; And other strains of woe, which now seem woe, Compared with loss of thee will not seem so. ======== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 342 Коментари: 2 Гласове: 0
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.89 1. Ако објавиш дека  заради грешка ме оставаш, јас веднаш ќе го проширам описот на таа тема: спомни моја ќопавост, на патерици се поставам, против твое обвинение јас одбрана не спремам. 2. Љубена, за така да биде, не прави напор бесен, ти не умееш да ме оцрниш да испаднам вранец; јас самиот, штом за твојата намера ќе сум свесен, врската ќе ја раскинам за да ти станам странец. 3. Нема да шетам на места кајшто ти се шеташ, јазик за твоето име ќе си врзам, иако ќе жалам, но не би допуштил било како да сторам штета, ни случајно со нашето познатство да се фалам. 4. Се колнам, во борбата и мојот чекор со твојот ќе гази оти никогаш нема да го сакам тој `јас` што ќе те мрази. =================== А ова е оригиналот: Sonnet 89 Say that thou didst forsake me for some fault, And I will comment upon that offense. Speak of my lameness, and I straight will halt, Against thy reasons making no defense. Thou canst not, love, disgrace me half so ill, To set a form upon desired change, As I’ll myself disgrace, knowing thy will; I will acquaintance strangle and look strange, Be absent from thy walks, and in my tongue Thy sweet belovиd name no more shall dwell, Lest I, too much profane, should do it wrong And haply of our old acquaintance tell. For thee against myself I’ll vow debate, For I must ne’er love him whom thou dost hate. ========== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 194 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 27.10.2010 18:26
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.88 1. Кога ќе си помислиш да ме третираш со презир и на јавен потсмев заслугите мои ќе ги ставиш, пак на твоја страна ќе сум, како твој верен везир, доблеста ќе ти ја славам иако лошо ми правиш. 2. Преку мене, греовите мои најдобро ќе блеснат ако како адвокат на твојата страна се ставам; за признат разврат пресуда ќе следува чесна така што ти, губејќи ме, добиваш повеќе слава. 3. И јас ќе спечалам многу повеќе ако биде така оти за мене ти си единствена сладост стројна: повредите ќе ги нанесам со сопствената рака за ти да ме победиш но и за моја корист двојна. 4. Јас и сета моја љубов кај тебе бевме сесем преселени, ти остани ни чиста – ние ќе ги носиме каканите пелени. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 88   When thou shalt be disposed to set me light And place my merit in the eye of scorn, Upon thy side against myself I’ll fight, And prove thee virtuous, though thou art forsworn. With mine own weakness being best acquainted, Upon thy part I can set down a story Of faults concealed, wherein I am attainted, That thou in losing me shalt win much glory. And I by this will be a gainer too, For bending all my loving thoughts on thee, The injuries that to myself I do, Doing thee vantage, double vantage me. Such is my love, to thee I so belong, That for thy right myself will bear all wrong. ========= Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 334 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 27.10.2010 12:53
2 3 4 5  >  >>
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 343225
Постинги: 738
Коментари: 120
Гласове: 491