Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 326138 Постинги: 735 Коментари: 120
Постинги в блога от Ноември, 2010 г.
2 3 4 5  >  >>
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.153 1. Богот на љубовта заспа крај факелот што го краси а девица една на Дијана, со штровачка желба ниска, огнољубовниот палач на страстите за да го згаси, го зарони во ладниот извор на долината блиска. 2. Од светиот пламен на Љубовта изворот се смени, водите негови животворна топлина во себе чуваат, па до денес во таа клокотна бања, и мажи и жени, од странските чудни болести успешно се лекуваат. 3. Но, од очите на мојата љубена факелот пак вивна, богот на Љубовта за тест морал гради да ми допре; јас разболен, во бањата помош барав за да живнам, како тажен гостин таму побрзав болеста да сопре. 4. Но, не најдов таму никаква помош, немаше лек и почин, бања за мене е пламенот на љубената во нејзините очи. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 153   Cupid laid by his brand and fell asleep. A maid of Dian’s this advantage found, And his love-kindling fire did quickly steep In a cold valley-fountain of that ground, Which borrowed from this holy fire of love A dateless lively heat, still to endure, And grew a seething bath, which yet men prove Against strange maladies a sovereign cure. But at my mistress’ eye love’s brand new fired, The boy for trial needs would touch my breast; I, sick withal, the help of bath desired, And thither hied, a sad distempered guest, But found no cure; the bath for my help lies Where Cupid got new fire—my mistress’ eye. ======== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 217 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 08.12.2010 14:04
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.152 1. Љубејќи те тебе, ти знаеш дека сум кривоклетник, но ти си двојно таква кога се колнеш дека ме сакаш; во љубовта со мене на брачниот завет си штетник, омраза го смени кога на нов љубовник подаде рака. 2. Но зошто јас за два прекршени завети те обвинувам кога сам прекршив дваесет и пофакман сум од тебе? Сите завети ги дадов само за кај тебе да минувам време на верност и чесност, лажејќи се самиот себе. 3. Длабоко се колнев на твоето љубезно лепило, на љубовта твоја и на постојаноста им верував; за светла да си, на очиве им облеков слепило, се колнеа бланко за она што секој го проверува. 4. Се заколнав дека само вистина моето око ќе каже а гнасно се колнев дека си убава и – двојно лажев. =================== А ова е оригиналот: Sonnet 152 In loving thee thou know’st I am forsworn; But thou art twice forsworn to me love swearing, In act thy bed-vow broke and new faith torn, In vowing new hate after new love bearing. But why of two oaths’ breach do I accuse thee, When I break twenty? I am perjured most, For all my vows are oaths but to misuse thee, And all my honest faith in thee is lost; For I have sworn deep oaths of thy deep kindness, Oaths of thy love, thy truth, thy constancy, And, to enlighten thee, gave eyes to blindness, Or made them swear against the thing they see. For I have sworn thee fair: more perjured eye, To swear against the truth so foul a lie. ======= Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 271 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 16.11.2010 19:34
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.151 1. Љубовта е многу млада за да знае совест што е, сепак, којзнае, не е ли совеста од љубов родена? Затоа, љубена, не обвинувај ме за греовното мое, за со него ти во слаткото да не бидеш прободена; 2. Бидејќи твојата заводливост на предавство тера, мојата душа ја предадов на моето измамно тело; а таа го прати да се жртвува за љубовната вера триумф да и` донесе, со плотта похотна на чело. 3. Па, возбудено тоа и на самата помисла на тебе се опреми со мускулна гордост за трофеј гладна; но, исцрпено од тешката борба за тебе и за себе, на браникот на фронтот љубовен ко јунак падна. 4. Од приговор за недостиг на совест телото се брани дека Љубовта го научила на должноста легни/стани. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 151   Love is too young to know what conscience is, Yet who knows not conscience is born of love? Then, gentle cheater, urge not my amiss, Lest guilty of my faults thy sweet self prove; For, thou betraying me, I do betray My nobler part to my gross body’s treason. My soul doth tell my body that he may Triumph in love—flesh stays no father reason, But, rising at thy name, doth point out thee As his triumphant prize—proud of this pride, He is contented thy poor drudge to be, To stand in thy affairs, fall by thy side. No want of conscience hold it that I call Her “love” for whose dear love I rise and fall. ======= Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 1188 Коментари: 0 Гласове: 0
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.150 1. О, кој ли е изворот на силната моќ што ја имаш твојата грешност во срцево колебање да стави, за моето видение лагата најпрвин да ја прима и да тврди дека сјајот денот убав не го прави? 2. Од каде ја црпиш таа привлечност за зли нешта та во прекорливото и гадниот талог на твоите дела има таква сила и докази за манипулација вешта да мислам дека твоето најлошо е од најдобра фела? 3. Кој те научи како да ме свртиш повеќе да те љубам кога повеќе гледам и слушам причини да те мразам? О, иако јас го сакам она кое за други е гнасна руба, уживајќи со други, ти не ме буткаш во калта да газам.   4. Ако твојата безвредност мојата љубов ја расте, за ти да ме љубиш – јас повеќе сум спастрен. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 150   O from what pow’r hast thou this pow’rful might, With insufficiency my heart to sway, To make me give the lie to my true sight, And swear that brightness doth not grace the day? Whence hast thou this becoming of things ill, That in the very refuse of thy deeds There is such strength and warrantise of skill That in my mind thy worst all best exceeds? Who taught thee how to make me love thee more, The more I hear and see just cause of hate? O, though I love what others do abhor, With others thou shouldst not abhor my state. If thy unworthiness raised love in me, More worthy I to be beloved of thee. ======== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 2046 Коментари: 0 Гласове: 1
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.149 1. Ќе речеш ли ти, о, свирепа, дека не те сакам откако самиот против себе со тебе се здружив? Од мисла за тебе зар не се заборавив без мака и тиранин сум си што на користа твоја служи? 2. Сите тие што те мразат и јас нив ги мразам, на кого ти се намрштиш, јас му правам белег, па и мене да ми се заканиш, сам ќе се згазам во акција за одмазда, веднаш и без лелек. 3. Кои квалитети кај мене заслужуваат респект, како слуга на твојот презир да добијам почит кога најдобро што е во мене обожува дефект, тебе што командуваш и само со твоите очи? 4. Но, љубена, мрази ме бидејќи по твое така мора, ти ги сакаш само тие што гледаат а јас сум ќорав. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 149   Canst thou, O cruel, say I love thee not, When I against myself with thee partake? Do I not think on thee, when I forgot Am of myself, all, tyrant, for thy sake? Who hateth thee that I do call my friend? On whom frown’st thou that I do fawn upon? Nay, if thou lour’st on me, do I not spend Revenge upon myself with present moan? What merit do I in myself respect, That is so proud thy service to despise, When all my best doth worship thy defect, Commanded by the motion of thine eyes? But, love, hate on, for now I know thy mind; Those that can see thou lov’st, and I am blind. ====== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833  
Категория: Поезия
Прочетен: 315 Коментари: 0 Гласове: 0
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.148 1. Офлеле, што очи Љубовта в глава ми ставила та точно не распознаваат ниту една глетка? А и ако видат точно, просудбата ми заглавила па единица му пишува на виденото за петка! 2. Штом е убаво виденото од очите зашеметени што значи на светот да се каже дека не е така? Ако е така, вљубените очевидно се оштетени, не гледаат како сите и има ли лек за таа мака? 3. О, како очите на вљубениот вистинито да следат кога во немир од виденото солза ги залепува? Не е чудно тогаш што и јас се`погрешно гледам - на небо чисто и сонцетo само себе се ослепува. 4. О, Љубов итроманко, правиш да солзам и ридам, и да не можам кај љубената мааните да ги видам. =================== А ова е оригиналот: Sonnet 148 O me! what eyes hath love put in my head, Which have no correspondence with true sight! Or, if they have, where is my judgment fled, That censures falsely what they see aright? If that be fair whereon my false eyes dote, What means the world to say it is not so? If it be not, then love doth well denote Love’s eye is not so true as all men’s: no, How can it? O how can love’s eye be true, That is so vexed with watching and with tears? No marvel then, though I mistake my view; The sun itself sees not till heaven clears. O cunning love! With tears thou keep’st me blind, Lest eyes well seeing thy foul faults should find. ======= Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 272 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 15.11.2010 15:22
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.147 1. Мојата љубов е како треска и пожелувана индиција за да чезнеам болеста да ми биде долго негувана, хранет од она кое на болеста и` одржува кондиција, за стрвноста на болниот апетит да биде зачувана. 2. Мојот разум, како доктор на заљубеноста моја, лут е што пациентот вон рецептот застранува, сака да ме напушти и јас тек во очај го бројам: желбата е смрт и затоа докторот ја забранува. 3. Лекот ме одминал а докторот е грижа мината, избезумено сум улав, во немир што растажува, мислите и говорот ми се како толпа раскината, покутура нешто излудено од вистината кажувам; 4. Дека си убава та дури и бела, затоа сум рекол, иако си како темното во ноќ и црното во пекол. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 147   My love is as a fever, longing still For that which longer nurseth the disease, Feeding on that which doth preserve the ill, Th’ uncertain sickly appetite to please. My reason, the physician to my love, Angry that his prescriptions are not kept, Hath left me, and I desp’rate now approve Desire is death, which physic did except. Past cure I am, now reason is past care, And frantic mad with evermore unrest, My thoughts and my discourse as madmen’s are, At random from the truth vainly expressed; For I have sworn thee fair and thought thee bright, Who art as black as hell, as dark as night. ======= Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833
Категория: Поезия
Прочетен: 291 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 05.12.2010 20:42
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.146 1. Во мојата слаба душа битието ми се гледа, но таа е заложник на моите бунтовни гнаси; чемрее внатре поднесувајќи најголема беда а надворешните ѕидови најскапото ги краси. 2. Вреди ли толкав голем трошок да се прави а закупот на стареечката куќа е така краток? Зарем сето тоа на трпеза не ќе им се стави на наследниците-црвци на крајот од патот? 3. За сметка на телото нека живее твојата душа, да се наполни нејзината залиха, удри му нога; купи божји ветувања, за измамниот час слушај, храни се внатре и не труди се да бидеш богат. 4. Така, храни се од Смртта која се храни од човек, со неа еднаш умираш а душата ќе ти биде довек. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 146   Poor soul, the center of my sinful earth, [Thrall to] these rebel pow’rs that thee array, Why dost thou pine within and suffer dearth, Painting thy outward walls so costly gay? Why so large cost, having so short a lease, Dost thou upon thy fading mansion spend? Shall worms, inheritors of this excess, Eat up thy charge? Is this thy body’s end? Then, soul, live thou upon thy servant’s loss, And let that pine to aggravate thy store; Buy terms divine in selling hours of dross; Within be fed, without be rich no more. So shalt thou feed on death, that feeds on men, And death once dead, there’s no more dying then. ========= Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
Категория: Поезия
Прочетен: 328 Коментари: 0 Гласове: 2
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.145 1. Зарем усните нејзини љубовта лично ги створи за збор “јас мразам“ пред мене олеко да речат? Зарем не сум човекот што со копнежот се бори и што тие нејзини зборови најсилно ќе го печат? 2. Но, кога таа забележа дека тежок јад ме смати пушти чесно во нејзиното срце милост да влезе, па јазикот што избрза за несмасноста да плати го искара остро и пресуда нова донесе, за лезет. 3.
Ги научи усните со лек поздрав да ме сретнат, а она “јас мразам“ во нов контекст да го стават, што дојде како ноќта ѓаволска од рајот да летна изгонета засекогаш во пеколот да крши глава. 4. На реченото “јас мразам“, кое така болно гласи, љубената додаде, “но не тебе“ и така ме спаси. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 145   Those lips that love’s own hand did make Breathed forth the sound that said “I hate” To me that languished for her sake; But when she saw my woeful state, Straight in her heart did mercy come, Chiding that tongue that, ever sweet, Was used in giving gentle doom, And taught it thus anew to greet: “I hate” she altered with an end That followed it as gentle day Doth follow night, who like a fiend From heav’n to hell is flown away. “I hate” from hate away she threw, And saved my life, saying “not you.” ====== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
Категория: Поезия
Прочетен: 267 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 14.11.2010 15:12
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.144 1. За утеха и очај, двајца имам што ги љубам со нив, како два духа, судбата ми е скроена; подобриот е ангел, прав маж, строен, убав, а полошиот е дух, темна жена со зло обоена. 2. Женското зло, за брзо во пеколот да ме втера, добриот ангел го заведува и од мене го краде, го соблазнува мојот светец кон ѓаволска вера чистотата му ја мами со јазик горделив и гаден. 3. Било да е или не мојот ангел престорен во ѓавол, само сомнеж може да имам, начисто не би рекол; но, и обајцата ме напуштија а се дружат здраво, се чини, злодухот го внесе ангелот во својот пекол. 4. Како и да е, за заведувањето ова може да се рече: лошиот ангел добриот и надвор од пеколот го пече. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 144   Two loves I have, of comfort and despair, Which, like two spirits, do suggest me still; The better angel is a man right fair, The worser spirit a woman colored ill. To win me soon to hell, my female evil Tempteth my better angel from my side, And would corrupt my saint to be a devil, Wooing his purity with her foul pride. And whether that my angel be turned fiend Suspect I may, but not directly tell; But being both from me both to each friend, I guess one angel in another’s hell. Yet this shall I ne’er know, but live in doubt, Till my bad angel fire my good one out. ========== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
Категория: Поезия
Прочетен: 549 Коментари: 0 Гласове: 0
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.142 1. Љубовта е мојот грев и ти, скапоцената, го мразиш, со омраза втемелена во погрешен љубовен чекор. Но, спореди го мојот пат со патот по кој ти газиш, ќе откриеш дека таа не заслужува ни мал прекор; 2. а ако и заслужува, но не од усните похотни твои чие радодајно скерлетно црвило само повредува: на лажните љубовни обврзници како печат стои, крадејќи во туѓи кревети приход што им следува. 3. Признај, и јас те љубам како ти што нив ги љубиш, заведуваш со очи како што јас со моите те гледам. Вкорени сожал в срце, да го раснеш и не го губи, за да заслужиш да биде сожалена и твојата беда. 4. Ако бараш да го имаш тоа кое мене ми го кратиш можеби на своја кожа ќе осетиш за да ме сфатиш! =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 142   Love is my sin, and thy dear virtue hate, Hate of my sin, grounded on sinful loving. O but with mine compare thou thine own state, And thou shalt find it merits not reproving; Or, if it do, not from those lips of thine, That have profaned their scarlet ornaments And sealed false bonds of love as oft as mine, Robbed others’ beds’ revйnues of their rents. Be it lawful I love thee as thou lov’st those Whom thine eyes woo as mine impуrtune thee. Root pity in thy heart, that when it grows, Thy pity may deserve to pitied be. If thou dost seek to have what thou dost hide, By self-example mayst thou be denied. ========= Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
Категория: Поезия
Прочетен: 208 Коментари: 0 Гласове: 2
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.141 1. Се колнам, јас тебе не те сакам со моите очи зашто тие во тебе виделе илјада нешта груби; но на презреното од нив , срцето оддава почит, и, наспроти мааните, задоволно е да те љуби. 2. Ушиве на звукот на твојот глас му најдоа мана а нежното мое чувство не го пали груб допир; ниту вкусот, ниту мирисот желбата ми ја канат на гозба насамо телово со твоето да се стопи. 3. Моите пет ума и моите пет сетила се без кураж да спречат лудово срце со твоето да се дружи, оставајќи ги незасладени потребите на еден маж, на твојата гордост ропски како вазал  и`служи. 4. Кај оваа жена што мојот грев со болка го наградува, само на мојата затресканост како на ќар се радувам. =================== А ова е оригиналот:   Sonnet 141   In faith, I do not love thee with mine eyes, For they in thee a thousand errors note; But ’tis my heart that loves what they despise, Who in despite of view is pleased to dote. Nor are mine ears with thy tongue’s tune delighted, Nor tender feeling to base touches prone, Nor taste, nor smell, desire to be invited To any sensual feast with thee alone. But my five wits, nor my five senses, can Dissuade one foolish heart from serving thee, Who leaves unswayed the likeness of a man, Thy proud heart’s slave and vassal wretch to be. Only my plague thus far I count my gain, That she that makes me sin awards me pain. ========== Сите 154 Шекспирови сонети на б`лгарски, во препев на Владимир Свинтила, можете да ги читате на овие линкови: 
http://online-books.freeforumonline.com/forum-f8/topic-t21.htm
http://chitanka.info/lib/text/2833 
Категория: Поезия
Прочетен: 203 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 13.11.2010 16:39
2 3 4 5  >  >>
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 326138
Постинги: 735
Коментари: 120
Гласове: 490