Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 343243 Постинги: 738 Коментари: 120
Постинги в блога от Декември, 2010 г.
2  >  >>
 
Исто 
како во 2009-та година, и во 2010-тата нема денови кога не сум ги вежбал сите Пет Тибетанци по 21 пати, а плус, во паузите помеѓу нив, во чест на моите 62 години правев: 62 чуч (5 пати по 12+2) 62 склек (5 пати по 12+2) 62 стомач (5 пати по 12+2) 62 пеперут (5 пати по 12+2) 62 нанапред допирања на петите се прстите на рацете (5 пати по 12+2) 62 поклонувања нанапред и полу-назад (5 пати по 12+2). Мене вежбањето ми е законски услов за да јадам во тој ден. Покрај тоа, секогаш се бањав со ладна вода. И јадев претежно сурова храна, сезонски овошја (најмногу јаболки) а од протеинската палета јадев суров слануток (антички грав) и сушено свинско месо. Лимони, портокали , цитрони и мандарини воопшто не ни помислував да јадам бидејќи претходната година утврдив дека содржат ненормално големи количини отрови од кои јас се изразболев од астматична паника . Тоа се плодови кои на едно дрво растат во различни фази на развој така што мора постојано да ги прскаат а поради порозноста на нивната кора, отровите многу лесно навлегуваат и остануваат во нив. Од готвени јадења најмногу јадев тавче ориз со заленчук и прилично свинска маст но и со 4-5 чешниња лук дневно. Секој ден пиев по околу 300 грама варено кравјо млеко, заради калциумот. Од благи работи јадев купечки рестлови од пандишпањ и рефус бисквити. Кафе, алкохол и газирани вештачки пијалоци воопшто не пиев. Вода не пиев од градскиот водовод, иако викаат дека била исправна. Вода си полнам од една чешма која истекува од стариот, напуштен и необезбеден, градски водовод. Фала Богу, ич не бев болен. Пак фала му на Бога, и моите деца и внуци беа добри со здравјето. Па така, на читателите на мојот блог им пожелувам во 2011 година да бидат колку што е можно посурови кон себе, да вежбаат и да бидат живи, здрави и весели image А честитката може да си ја отворите ТУКА. ------
Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
Категория: Лайфстайл
Прочетен: 448 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 17.01.2011 19:10
20.12.2010 20:12 - На Силвија
Мој препев (од англиски) на песната “На Силвија“ од италијанскиот поет Ѓакомо Леопарди  (1798-1837) 1. Силвија, ги помниш ли миговите од твојот земен живот кога убавината блескаше во аглите на твоите насмеани очи а ти, озарена и замислена, леташе преку границите на твоето моминство? 2. Тивките соби и улиците околу тебе одекнуваа од твоите непрестани напеви кога седната, среќна и задоволна, се втренчуваше во женските работи а нејасната иднина живо ти навираше во умот. И така ти минуваа деновите во тој миризлив мај. 3. Јас милував да го напуштам замајувачкото учење и мојот младешки живот, најдоброто од мене, го оставав во отфрлените книги и од балконот на татковата куќа се напрегав да го фатам звукот на твојот глас и брзото трчање на твојата рака врз ткајачкиот разбој. 4. Милував да гледам во ведрото небо, во златно осветлените градини и патеки што спружени наспроти морето се допираа со планините. И човечкиот јазик не може да изрази што тогаш чувствував јас. 5. Колку слатки мисли, колку надежи, колку срчаност, Силвијо моја! Како се појавува за нас тогаш сиот човечки живот и судбина! И ако ја одмислев таа надеж такви сурови чувства неутешно ме здоболуваа што и` се препуштав на мојата судбина! Ох, Природо, Природо, зошто не ни го даваш сега она кое тогаш ни го вети? Зошто ги измамуваш своите деца? 6. Нападната и освоена од скришна болест ти почина, најмила моја, а не дочека да ги видиш твоите цветни години или да ти се исполни срцето со слатката награда за твојата црна коса, за твоите срамежливи заљубени погледи. Те нема на празник со пријателките за љубов да црцорите. 7. Малку по малку и моите слатки надежи умреа, и мене исто така Судбината ми ги поништи тие години. Ох, како ли ме одмина, драга пријателке на мојот нов живот, ти таговна надеж моја! Ова ли е светот, соништата, љубовта, случките, уживањата за кои толку многу зборувавме? Ова ли е нашиот човечки живот? 8. Се соживувам со Вистината дека си соборена, несреќна моја, и дека оддалеку, преку смртните студенила и гробната тишина ме милува твојата рака.

 

Категория: Поезия
Прочетен: 487 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 20.12.2010 20:14
18.12.2010 19:45 - Зимска идила
Ова е мој препев на песната “Зимно“ од поетесата Julia Kashon од блогот 
http://chinaware.blog.bg/izkustvo/2010/12/13/zimno.650177

Не ми се пишува, гневот ми секнал. И среќата од страв ми е наапана. На стихот само тишина му текна пред публиката стрвно зазјапана.
Ми се слика. Со немост во сите бои. Платното помни со памет на жена. Зборот е куршум што крв само рои  та и лазурот вишен од него свена.
Сите есенски китки веќе ги мразам - какво е тоа цвеќе без нектарно руно? До хризантемите ноџиња едни газат - самотен гулаб си пишува со клунот.
Сега сй покри огледалото на првиот снег и воздухот смрзнат во бели јуфки се лупи; красота снежна ни покрила долина и брег - ќе се најде ли јунак јуфките да ги купи?

..........
image....imageimage
Категория: Поезия
Прочетен: 325 Коментари: 0 Гласове: 2
Последна промяна: 31.12.2010 23:50
17.12.2010 15:53 - ФАЛА БОГУ!

Ова е мој препев на уште една убава песна од американскиот поет Е.Е.Камингс

 

ФАЛА БОГУ

1.
За овој најчудесен ден фала му на Бога:
духови зелени скокаат од дрво на дрво,
мечта сина шета по небо нога пред нога
и се` тоа е природно и бескрајно и прво.
2.
(јас што умрен бев,пак сум момче младо,
со Сонцето се родив како негов близнак,
во ден за живот и љубов,за лет и радост
за од земјиниот бескрај залак да гризнам.)
3.
Што да вкуси,чуе,допре,како да диши
суштество кренато од ништожни гниди
за сигурно од сомнежот да се лиши
дека Бога може да го замисли и види?
4.
( сега со ушите на моите уши слушам
а очите на моите очи се мојата душа)

==============
Еве го 
англискиот оригинал:

i thank you God for most this amazing by

E. E. Cummings

i thank You God for most this amazing
day:for the leaping greenly spirits of trees
and a blue true dream of sky;and for everything
wich is natural which is infinite which is yes

(i who have died am alive again today,
and this is the sun’s birthday;this is the birth
day of life and love and wings:and of the gay
great happening illimitably earth)

how should tasting touching hearing seeing
breathing any-lifted from the no
of all nothing-human merely being
doubt unimaginable You?

(now the ears of my ears awake and
now the eyes of my eyes are opened)
=================

Категория: Поезия
Прочетен: 275 Коментари: 0 Гласове: 0
   Ова ДОЛУ е песна на Професорот Презвитер Козма, и јас сега ќе му ја украдам, а за да не ме фати, ќе ја замаскирам во моја песна. Случајно почнав од средината, ама додека ги вежбам натенане Петте Тибетанци, ќе му ја украдам целата, ќе видите. ---------------- Еве, му ја украдов! На неговата песна ја накалемив мојата!  -----------

 

ДОЛУ,ТАМ` ДОЛУ МАКЕДОНИЈА



Долу, Велес, Градско, Демир Капија –

По реката Вардар таласи се запениле

Крај јаворите стари,со турска тапија,

Врбите со векој фризура не смениле.

 

И тополите облакот во мев го бодат

Долу под брег, сомови мустак сучат

Под голите ѕвезди  сенки се плодат,

Голи се и зборовите,молкот го учат!

 

Долу таму грозјата килибарно зреат

И за арно - кога крепат детска душа

И за зло, пијаници ко овци да блеат

Вода, река - бедем за гладната суша.

 

Земја тврда- но серт човек ја цепи

Тврдо тло-  но инат духот го крепи

Долу  плуска пука но потта ја лепи.

 

Сите две лица  кон пропаст ме водат

Под ова небо, просенати божји гаќи,

Ситен влог -ископините што ќе родат,

И ветар тих од здив на антички сваќи.

 

И ветар лут од кралот Филип Втори

И дождец млак ко Самоилови солзи;

И дождец сув што селата ни ги гори

Долу по прнарите минатото  ползи.

 

И капините, што нуркаат за вода

Долу по ливадите  во откоси први

И нивите  со пластеници по мода

И прав  што ги разбрка сите црви.

 

И кал за значење да има и плевата

И сонце, да про`рти семе в плитар

И нар - за заблажување на тревата

Ах, долу што ја џвакаше Пејо Итар.



Од среќата 
скраја и сечија ловина -

Најубав дар ми е мојата татковина!

.... 

Категория: Поезия
Прочетен: 345 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 17.12.2010 16:41
 
Поради скорешна преселба на оној свет,

ефтино продавам неколку

сеуште употребливи гревови

кои ми го правеа животот интересен.

 

1. Продавам блажена насмевка предизвикана

од поројот мамино млекце во моето бебешко грло

и од алпинистичкиот страв дека ќе паднам

ако ги испуштам цицките!

 

2. Продавам многу метафорична,

ритмичка и целосно римувана песна

со наслов `Достоен плен`-

што и` ја украдов на една machka

додека таа зјапаше во мачор

наречен Сер Ланселот!

 

3. Ја продавам мојата писателска девиза:

`Иако се родив со перодршка во газот,

знам дека зборот е најголемиот

лажен пријател на писателот

и дека е Јуда

на секој чекор во текстот.`

 

4. Продавам кривична пријава

против самиот мене за кривично дело

Напуштање немоќно лице

сторено со тоа што

прдливиот ми разум

го напушти моето срце

кое бараше логистичка поддршка

за грабнување на она девојчето

што си го сакам!

 

5. Продавам класичен парадокс под наслов

`Пророкот не е без чест, освен во својата татковина`

во кој, од една страна, јас,

во име на Светската мастурбаторска федерација,

во Осло два пати тајно ја примив

Нобеловата награда за мир

а од друга страна, во Скопје,

ме убедуваат дека тоа што вежбам

најмалку триста дена во годината

не е доволно да ме изберат

за почесен претседател на

Седрнкачкиот македонски синдикат!

 

6. Продавам и речиси убиствено машко мрштење

со кое за многу кратко време

можете да ги растерате сите

нападни стомачни пеперуткасти женски фантазии

кои во круг од триесет метри

ги предизвикала вашата блажена насмевка од точката 1.

Категория: Поезия
Прочетен: 529 Коментари: 0 Гласове: 0
17.12.2010 13:12 - АДАЏО
 

Adaggio for strings е класично дело на Албиниони кое доживеа неколку   обработки. 

Еве како нашиот Томба на италијански прекрасно го пее.

Му ветив препев на македонски, и еве го: 


АДАЏО
 
Не знам каде да те најдам,
да те допрам дали можам;
ко звукот на плачна гајда
си ми навлегла под кожа
за лек на срце и душа
те чекам додека слушам
Адаџо.

Сека ноќ без тебе ми мине,
животот не ми е баш славен
но не пуштам надеж да згине
во секој мој сон ти си ми јаве
и еден ден ќе те  гушнам,
те чекам додека слушам
Адаџо.

Затворам очи и често се губам,
ни со молитва не наоѓам пат,
се борам за таа што ја љубам -
непозната а ми диши во врат,
и само муза во душа што лежи
го ништи тоа што ми тежи
со музика што ме ежи.

И ти, ако знаеш да ме најдеш,
лековито само да ме допреш,
пред светлината да ми зајде
и вербата во тебе да ја сопре,
биди таа што срце ми чула,
ќе те стегнам ко бедем кула,
да бидеме корени сплетени
оти еден за друг сме ветени.

... 
Сличен пост на blog.bg
-
---------

Еве го текстот на италијански а потоа и на англиски
14.Adagio(Italian)

Non so dove trovarti
Non so come cercarti
Ma sento una voce che
Nel vento parla di te
Quest" anima senza cuore
Aspetta te
Adagio

Le notti senza pelle
I sogni senza stelle
Immagini del tuo viso
Che passano all" improvviso
Mi fanno sperare ancora
Che ti trovero
Adagio

Chiudo gli occhi e vedo te
Trovo il cammino che
Mi porta via
Dall" agonia
Sento battere in me
Questa musica che
Ho inventato per te

Se sai come trovarmi
Se sai dove certami
Abbracciami con la mente
Il sole mi sembra spento
Accendi il tuo nome in cielo
Dommi che ci sei
Quello che vorrei
Vivere in te

Il sole come sembra spento
Abbracciami con la mente
Smarrita senza di te
Dommi chi sei e ci credero
Musica sei
Adagio
---------
1.ADAGIO
Lyrics:Lara Fabian/Rick Allison/Dave Pickell Music:Tomaso Albinoni
Arranger:Rick Allison/Dave Pickell

I don"t know where to find you
I don"t know how to reach you
I hear your voice in the wind
I feel you under my skin
Within my heart and my soul
I wait for you
Adagio

All of these nights without you
All of my dreams surround you
I see and I touch your face
I fall into your embrace
When the time is right, I know
You"ll be in my arms
Adagio

I close my eyes and I find a way
No need for me to pray
I"ve walked so far
I"ve fought so hard
Nothing more to explain
I know all that remains
Is a piano that plays

If you know where to find me
If you know how to reach me
Before this light fades away
Before I run out of faith
Be the only man to say
That you"ll hear my heart
That you"ll give your life
Forever you stay

Don"t let this light fade away, no, no, no, no
Don"t let me run out of faith
Be the only man to say
That you believe
Make me believe
You won"t let go
Adagio

Категория: Поезия
Прочетен: 477 Коментари: 2 Гласове: 1
Последна промяна: 17.12.2010 14:52
 

Од збор крикнат стануваш ветар

за в очен бунар и слепец да живне,

од бескрилна гламња орел да вивне,

во стаена вода лотос да цвета. 


О чудно дете со прокуда тешка

мисла да те води ко пијана скачка

па баби-девици на леб ги мачкаш

само и само да измамиш смешка.


Птици потковуваш ко пијан налбат,

пресуди пишеш без право на жалба

за умот читателски на газ да паѓа.


Но знај, клошар си ти во моето уво,

препекан за сожал и катче суво -

откако ти потона логичката лаѓа.

Категория: Поезия
Прочетен: 239 Коментари: 0 Гласове: 0


Жубори потокот како дрдорливо маже

сред  бујната џунгла од висок штавел,

на другарите облаци сака да им каже

на невестата долина што сй ъ правел.

 

Угоре таму расцепил свиларка трева

штотуку венчана за троскотот шилест

се мафтаат корења ко истурени црева

од мрша под канџи на орелот крилест.

 

Потаму здивено се натлачил во нива

кај селанец мачно си подредил расад

со денови се трезнел од пијанка дива  

потокот злобен пред в река да стаса.

 

А таму го пречека подмолната струја

го  мелат јазици за бистрина гладни,

поточните бранчиња во грч се трујат

во фабричките води омрсени и гадни.

image

 

Категория: Поезия
Прочетен: 320 Коментари: 0 Гласове: 0
17.12.2010 12:42 - ДРЕСИРАНИ ОЧИ


Западнав во години кога 
нема на кого да попувам
па се свртев кон себе 
и во арената на огледалото
почнав да ги дресирам
да бидат циркуски лавови
моите очи ненаситни.

Од бунарот на сеќавањата
ја извадив твојата насмевка 
и му ја фрлив на левиот лав
а тој ја залапа и нежно ја гризна 
без да и` ја повреди срамежливоста.

Од скришната соба на срцето
го пуштив гулабот што беше чувар 
на случајно уловениот мирис на твоите пазуви
и десниот лав првин напрчи нозе
преправајќи се дека се онесвестил 
а потоа рикна кон публиката облак од конфети
и на секоја пишуваше `Секогаш твоја`.

А кога од малиот мозок излета сеќавањето 
на твојата прекрасна голотија 
што еднаш некането ја затеков,
лавовите малце неволно свртеа глави
и послушно ги затворија очите -
како што доликува 
на дресирани џентлмени.

... 

Категория: Поезия
Прочетен: 231 Коментари: 0 Гласове: 0
 Џеј Рамадановски


—-

image

 

Категория: Тя и той
Прочетен: 603 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 11.01.2011 19:30
 Мој препев на песната ПРЕКРАСНИЯТ ГЪДЕЛ што ја напиша нашето Чудовиште
Одново, сиромав јас, по кејот скитам. И стих ти напишав на пустата плажа - ете, низ работа и без напорен ритам, доживеав и пензионер да се кажам.
Но со години тебе сй те нема и нема. И бранот од моите рими веќе е скротен. Зарем животов намрштено ми спрема без тебе да морнарувам до стоте?   Каде си? Ќе кажеш ли како да терам? Мојата гемија веќе се насука на гребен. И животот ми мине во вапцаровска вера, во прекрасен скокот - жив да сум за тебе.  
Категория: Поезия
Прочетен: 430 Коментари: 2 Гласове: 1
Последна промяна: 14.12.2010 18:33
2  >  >>
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 343243
Постинги: 738
Коментари: 120
Гласове: 491