Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 326138 Постинги: 735 Коментари: 120
Постинги в блога от Декември, 2011 г.
18.12.2011 16:37 - Ми падна жал
Ова е моја препевна поправка на еден сонет чиј автор е Владимир Мартиновски.
.
Без остаток
.
(љубовен сонет со помош од пријател)
1 Таа сака многу нешта ама без смески,
кафето без зрнце шеќер да ја чека,
кифла од лиснато тесто сака без ким
(и мене ме сака без мојот прекар). 2 Без ливче магдонос супата ја сака,
виршлите без ниту капка сенф,
гиро без лук и таратур-сос џвака
(и мене ме сака без ронка гнев).
3
А јас пак ги сакам нештата цели
зелка сосе кочан, круша сосе семки,
(ја сакам целата во ноќите врели),
сосе вештачките трепки на нејните очи
(од нив се разбегаа сите мои дремки)
без остаток ја сакам, то ест без почин. Еве го оригиналот, во Антологијата на младата македонска поезија, од Марлена Петрушева, која можете да ја симнете оттука: БЕЗ ОСТАТОК (Љубовен сонет без еден стих)
1 Таа сака многу нешта без по нешто
кафето го сака без зрнце шеќер
без ким сака кифла од лиснато тесто
(и мене ме сака без мојот прекар) 2 супата ја сака без ливче магдонос
виршлите без ниту капка сенф
гирото без кромид и таратур-сос
(и мене ме сака без ронка гнев) 3 А јас пак ги сакам нештата цели
зелката сосе кочан крушата сосе семки
(ја сакам целата во ноќите врели)
нејзините очи сосе целите трепки
( )
без остаток ја сакам – од глава до пети.
Категория: Поезия
Прочетен: 232 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 21.12.2011 16:20
 убава песна  од John Wilmot, Earl of Rochester Ова е мој препев. Љубовта господарка
1
Цела епоха во нејзините прегратки мина
со луда желба да изгледа ко зимски ден,
кога животот и светлината, со итен инат,
се расцепија и на виорот му станаа плен.
2
Но, бавно минутите се тркалаат и тушат!
Кога се вон погледот на нејзините очи,
што љубовта ми ја хранат и моја се душа,
тие чемерно ползат до смртниот почин.
3
Тогаш нема веќе душа туку сенка ме лади
која без тој поглед чекори со таговен здив
и изнемоштена се населува во моите гради
за така да ги направи на љубовта гроб жив.
4
Човеку, не презирај ме, оти и Небото знае
дека заради љубовта болни илузии тежат
врз сенките на душите додека животот трае
а прекратки возрасти во гробовите лежат.
5
А и ти, кога тие ранувачки очи ќе те галат
и од нивната милина и ти ќе бидеш пленет,
не ќе сметаш дека си некој затупкан будала
туку ќе се почувствуваш токму како мене.
6
Ниту ќе нѐ осудуваш мене и мојата драга
кога ќе видиш дека си подметнуваме нога,
со плач и лелек се валкаме во жал и тага,
ниту ќе се посомневаш во нашата слога.
7
Аман, таа света љубомора, тој долен акт,
љубовта ја компликува до граница крајна
та кај нас единствено сигурен е овој факт:
дека не е мечта дека љубовта ни е трајна.
8
Со фантастични илузии отвораме секое резе,
веруваме дека кршливата радост сѐ ќе каже,
ко права љубов примаме измамнички лезет
но болката никогаш нема да научи да лаже.
9
Но, кога страдните стравови, љубоморни сили,
и трепетните грижи ќе ни бидат обеснажени,
нашите срца ќе воскреснат излекувани и мили
и ќе направат конечно и ние да сме блажени.
================

 

Обичен превод

Љубовта господарка
1
Цела епоха во нејзините прегратки помина
сакајќи да изгледа како зимски ден,
кога животот и светлината, со завидлива итаница,
се расцепени и одвеани од виорот.
2
Но, ох, колку бавно минутите се тркалаат!
Кога се вон погледот на нејзините очи
што ја хранат мојата љубов, кои се моја душа,
тие чемреат и умираат.
3
Тогаш нема веќе душа туку само сенка
која со отсутноста на погледот таговно зачекорува
и се населува во моите гради,
правејќи ги жив гроб на љубовта.
4
Мудар човеку, не презирај ме, та и Небото знае
дека заради љубовта болни илузии беснеат
врз сенките на душите
и кратки возрасти во гробовите живеат.
5
А и ти, кога и да ги погледнеш тие ранувачки очи,
толку полни со милина, самиот себе ќе се видиш
не како длабоко затупкан будала
туку ќе се чувствуваш токму како мене.
6
Ниту ќе нѐ осудуваш кога
мене и мојата љубена ќе нѐ видиш како
плачеме и лелекаме, се жалиме и тагуваме:
ниту ќе мислиш дека сме несложни.
7
Аман, таа света љубомора,
љубовта ја компликува до крајна граница;
единствениот сигурен факт меѓу нас е
дека се сакаме а не мечтаеме.
8
Фантастични илузии нежно покренуваме
и во кршливи радости веруваме,
лажни задоволства како вистинска љубов ги примаме
но болката никогаш не умее да измами.
9
Секакви сомнежи на љубомора, страдалнички стравови,
и трепетни грижи кога ќе поминат,
нашите срца ги покажуваат излекувани и мили
и нѐ прават нас конечно благословени.
=================
Оригиналот

1
An age in her embraces passed
Would seem a winter’s day;
When life and light, with envious haste,
Are torn and snatched away.
2
But, oh! how slowly minutes roll.
When absent from her eyes
That feed my love, which is my soul,
It languishes and dies.
3
For then no more a soul but shade
It mournfully does move
And haunts my breast, by absence made
The living tomb of love.
4
You wiser men despise me not,
Whose love-sick fancy raves
On shades of souls and Heaven knows what;
Short ages live in graves.
5
Whene’er those wounding eyes, so full
Of sweetness, you did see,
Had you not been profoundly dull,
You had gone mad like me.
6
Nor censure us, you who perceive
My best beloved and me
Sign and lament, complain and grieve;
You think we disagree.
7
Alas, ’tis sacred jealousy,
Love raised to an extreme;
The only proof ‘twixt her and me,
We love, and do not dream.
8
Fantastic fancies fondly move
And in frail joys believe,
Taking false pleasure for true love;
But pain can ne’er deceive.
9
Kind jealous doubts, tormenting fears,
And anxious cares when past,
Prove our heart’s treasure fixed and dear,
And make us blessed at last.

Категория: Поезия
Прочетен: 322 Коментари: 0 Гласове: 2
* Рикардо Базалтов, порано познат како Пабло Неруда Ова е мој препев на неговата песна `Ако ме заборавиш` 1
Кога гледам низ џамот како
под сјајот на кристалната месечина
гранката на есента бавно црвенее
а јас го распретувам
нејзиниот недофатлив пепел
во збрчканото тело на трупецот вжарен во каминот,
чувствувам дека сй што постои ме води кон тебе:
мирисите, светлината, металниот жарач -
сите се мои малечки бродови што пловат
кон твоите острови кои ме чекаат мене.
2
Но, ако ти малку по малку престанеш да ме сакаш,
и јас ќе престанам да те сакам малку по малку.
А ако одеднаш ме заборавиш,
потоа не ме барај
бидејќи ти за мене веќе ќе си заборавена.
Ако сметаш дека знамињата во мојот живот
предолго и налудничаво ветерот ги вее
и решиш да ме оставиш
на брегот на твоето срце
каде се моите корени,
запомни, дека од тој ден, од тој час,
ќе кренам раце од тебе
и моите корени ќе ги растрчам
да бараат друга земја.
3
Но, ако секој ден, секој час, ти чувствуваш
дека ти е пишано да бидеш
моја непомирлива сладост,
ако секој ден
цвет се јази по твоите усни
и мене ме бара,
ах, моја љубена, ах мое јас,
во мојот камин огнот пак разгорува,
во мене ништо не е изгаснато или заборавено,
мојата љубов се храни од твојата, љубена,
и сй додека си ти жива,
таа ќе биде во твоите раце
и моите нема да ги напушти. Тука е оригиналот и препевот на англиски
Категория: Поезия
Прочетен: 197 Коментари: 0 Гласове: 2
Последна промяна: 22.12.2011 16:15
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 326138
Постинги: 735
Коментари: 120
Гласове: 490