Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 343213 Постинги: 738 Коментари: 120
Постинги в блога от Февруари, 2014 г.
  Збигњев Херберт е најдобар пример за тоа кон што води терањето ергенлак до 44-та година а потоа сметкаџиското склучување брак со жена-неротка ама влијателна во писателската организација на Полска.
Збигњев дури и потполно ја загубил способноста за разбирање на суштината на една кокошка.
Разумен човек кокошката би ја опишал како мајка која предано трпи копулации од петелот и несе јајца што потоа истрајно ги квачи а откако ќе се изведат пиленцата, неколку месеци се грижи за нив за да станат способни сами да се снаоѓаат за храна.
Но Збигњев Херберт не е разумен човек туку намќор кому кокошката му е одвратна оти замижувала и кокодакала кога ќе снела јајце, кое било изгнасено.
И сето тоа за Збигњев Херберт да изведе поента дека кокошката личела на некои поети.
Да немаш мадиња да кажеш кои се тие поети а притоа да навредуваш прекрасно кротко животно – тоа е одлика на отровен човек-црв.
Таквиот и кокошката би го препознала и не би го колвнала.
image
Категория: Поезия
Прочетен: 408 Коментари: 0 Гласове: 0
    Ова е мој препев на “Песната на Солвеиг“ од норвешкиот писател Хенрик Ибзен
1
Зимата исчезнува а за замин и пролетта се спрема,
летото нека сврши па и сета година нека ја снема,
но ти ќе ми се вратиш, вистина и вера сетив,
и јас ќе те дочекам како што дамна ти ветив.
2
Ќешки Бог да те води и чува сегде кајшто ќе одиш,
Неговата благодат и милост над тебе нека се плоди.
Се додека по неа газиш, јас на земјава ќе те чекам,
а ако си во Рајот, и таму ќе ти бидам постела мека.

 

Solveig’s Song

The winter may go, and the spring disappear,
Next summer, too, may fade, and the whole long year,
But you will be returning, in truth, I know,
And I will wait for you as I promised long ago.

May God guide and keep you, wherever you may go,
Upon you His blessing and mercy bestow.
And here I will await you till you are here;
And if you are in Heaven, I’ll meet you there.



 

 

Категория: Поезия
Прочетен: 399 Коментари: 0 Гласове: 1

Ова е мој препев на песната “Балада: На Охридските трубадури“ од српскиот поет Бранко Миљковиќ.
1 Мудрост, невешто е сонцето в зори, на обични зборови веќе немам право! Срцево ми се гаси а погледот ми гори. Пејте ми, старци, подгонете го стравот, нека се распрсне во ѕвездени метафори. Ниското скапува, високото е димна кула. Птицо ќе ти дадам ред и ти да пееш ако во туѓото срце своето си го чула. Ти зајмив оган, не враќај пепелна хула.   Исто е и да се пее и да се мрее. 2 Сонцето е збор што не умее да спука. Совеста не пее, зашто страв ја земал, во осетливата празнина орел ме клука, тој крадец на привиди е мојата скука, прикован сум на карпата што ја нема. На ѕвездите им признавме измамнички ќар, ноќта и невидлива уште подебело црнее! Запомни го тој пад како доказ на твојта жар! Кога мастилото ќе созрее како крв од нар, ќе биде исто и да се пее и да се мрее. 3 Мудрост, појаките први ќе си клекнат! Само копиљот знае што е поезија права, крадец на оган, со табиет поган и шекнат, врзан за јарбол на лаѓа, нема да го смекнат ни подводни песни поопасни од оваа јава. Мртвото сонце во бакнеж се престорува во пепелта што одмора во плод што зрее. По нас, никој нашето не ќе го повторува, ќе нема сила на славеите да се додворува, зашто исто е да се пее и да се мрее. 4 Животот е смртоносен ама со инатска жила. Страшна болест со моето име ќе се гордее. Во питом пекол сме, јадот ич не ни е лилав, но срцето е мадлесто па си обновува сила за да пее - знаејќи дека секако ќе се мрее.
Ова е оригиналот:

Ohridskim trubadurima
Mudrosti, neiskusno sviću zore, Na obične reči više nemam pravo! Moje se srce gasi, oči gore. Pevajte, divni starci, dok nad glavom Rasprskavaju se zvezde kao metafore! Što je visoko iščezne, što je nisko istruli. Ptico, dovešću te do reči. Al vrati Pozajmljeni plamen. Pepeo ne huli. U tuđem smo srcu svoje srce čuli. Isto je pevati i umirati.
Sunce je reč koja ne ume da sija. Savest ne ume da peva, jer se boji Osetljive praznine. Kradljivci vizija, Orlovi, iznutra kljuju me. Ja stojim Prikovan za stenu koja ne postoji. Zvezdama smo potpisali prevaru Nevidljive noći, tim crnje. Upamti Taj pad u život ko dokaz tvom žaru. Kad mastilo sazre u krv, svi će znati Da isto je pevati i umirati
Mudrosti, jači će prvi posustati! Samo nitkovi znaju šta je poezija, Kradljivci vatre, nimalo umiljati, Vezani za jarbol lađe koju prati Podvodna pesma javom opasnija. Onesvešćeno sunce u zrelom voću će znati Da zameni poljubac što pepeo odmara. Al niko posle nas neće imati Snagu koja se slavujima udvara Kad isto je pevati i umirati.
Smrtonosan je život, al smrti odoleva. Jedna strašna bolest po meni će se zvati. Mnogo smo patili. I, evo, sad peva Pripitomljeni pakao. Nek srce ne okleva. Isto je pevati i umirati.
Branko Miljković
Категория: Поезия
Прочетен: 465 Коментари: 0 Гласове: 1
   

 

Тој е роден со страчкарската алчност за економија,

од мал збира мудри мисли од кои му тежи главата,

омилена храна му е неправописната поетска помија

за која пишува есеи грепчејќи се на пат кон славата.

2

Книжевноста не му е забава туку потфат сериозен,

тој со оглас самиот себе за велемајстор се повикува

за да каже, без имиња и презимиња, за свет грозен

во кој сортата како него веќе се издигнала и ликува.

3

Со боздоганот на опширноста тој ќе ве тресне,

речниците и енциклопедиите му се омилен алат,

тој арчи цело буњиште од зборови за да блесне

иако речиси редовно разумни поенти му фалат.

4

И ако помисливте на Антоновски Иван – не е он:

јас го опишав падот на било кој академски дрон.

image

 

Категория: Поезия
Прочетен: 1688 Коментари: 0 Гласове: 1
    1
Додека од ципите стрвот за јуриш трубеше
во девојчинско огниште да штрцнам жар,
разумот мој очајно мислите ми ги кубеше
тегнејќи ме така кон фактот дека сум стар -
но јас не живеам за календарот да има ќар.
2
Може разумот сака да си ужива во пензија,
може за него љубовта да го изгубила вкусот,
но генетскиот порив сеуште има претензија
поротата на младата матка, макар и за кусо,
да ги сослуша сведоциве во куражна тензија.
3
Неизбежно е сите нас времето да нѐ делка,
вклештени сме во кочанот на цврста зелка -
ама јас сум црв што лигави ходници гради
за на Бога салатата од мене да му се згади.

image
Категория: Поезия
Прочетен: 346 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 15.02.2014 13:49
12.02.2014 22:32 - слики
1234
 
Категория: Поезия
Прочетен: 353 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 12.02.2014 22:43
  Објавувајќи ги како песни своите прозни записи од неритмични и неримувани редови без интерпункција, Матеја Матевски и Радован Павловски се издигнаа над јазикот и така заштедија огромно богатство од запирки и точки.
Еден ден, како спомен за овие наперчени луѓе, ќе остане да сјае само тоа богатство.
image
Категория: Поезия
Прочетен: 355 Коментари: 1 Гласове: 1
Последна промяна: 11.02.2014 11:45
    1
Дождот ромори како хор црвје разглодани во штици гнили,
плаче небото оти шилести камчиња бубрезите му ги гребат,
а јас, старецот, есента ја убедувам дека токму така и ѝ треба,
за лисјето в градина лаже тој Матевски во прозните идили.
2
Доста веќе секој што умеел да размава проза за поет го важат,
на тоа блудно дејствие и поетско безобразие турете му крај!
Во поезијата, камбаните на ритамот и римите создаваат рај!
Читатели, не давајте да ве затрупуваат ко камчиња за дренажа!
3
Доста со надреалистички патетики за стремеж кон почин,
слободниот стих е патерица за ќопави а не начело прво!
Да го измолземе јазикот како што се молзе каучуково дрво
и да ги наполниме цуцлите на читателите со рими сочни!
4
А оној што слободниот стих го продава како факман-сторија,
поет е толку колку што е и стадионскиот продавач на спорија.

image

Категория: Поезия
Прочетен: 383 Коментари: 1 Гласове: 1
Последна промяна: 03.02.2014 11:02
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 343213
Постинги: 738
Коментари: 120
Гласове: 491