Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 562566 Постинги: 749 Коментари: 120
Постинги в блога от Февруари, 2018 г.
Од ПИНА - 17.02.2018 06903   https://pina.mk/2583-aleksandra-ioannidu-makedonskiot-ne-e-slovenski-dijalekt-tuku-jazik/
  Александра Иоанниду,  славист, вонреден професор на Одделот за руски јазик, литература и словенски студии на Универзитетот во Атина  

Во таканареченото „македонско“ прашање, кое неодамна беше преименувано во „скопјанско прашање“ зборовите се бомби. Тие може да фрлаат во ветар животи и кариери. Веќе подолго од две децении, политичарите, академиците, универзитетските професори ги извршуваат своите дејности под режим на постојана автоцензура за да не ја „засегнат“ националната пречувствителност на еден дел од професионални националисти, кои со своите екстремни повици повлекуваат кон себе многу грчки граѓани, поттикнувајќи ги на бунтови и на однесување спротивно на сите што, можеби, не ја пеат со нив истата песна за таканаречените „национални позиции“.   А сите кои навестуваат дека нашите сопствени (а не на другите) иредентистички напеви ( како на пр. „ Македонија е една и таа е грчка!“) се сѐ друго освен „национални“, макар што изразот „национално“ нема никаква врска со гнaсниот и опасен израз „националистичко“, се осудени да горат вечно во пеколот, носејќи го квалификативот „скопјанофилски антигрк“. И сите што сакаат да ја спомнат соседната земја, осудена на анонимност, нервозно трагаат по соодветни термини кои истовремено треба да бидат неутрални и „објективни“, само за да не бидат обвинети. Истовремено, десетици илјади евра, средства од државните фондови се имаат потрошено на некои чудни национал-патриотски здруженија и на разни други патриотски центри, како и на оние што даваат услуги во разни служби, а на темата за името на БЈРМ се имаат изградено кариери и кариери.  

Тие не зборуваат … ,,беjoeремски”  


Еден ден во историјата ќе биде запишано кој бил тој блескав ум што го вовел овој бесмислен акроним што веќе толку години нѐ тера да се сопнуваме врз невозможните, а неопходно агресивни дефиниции (како на пр. „ беjoeремски јазик“ или „бејоеремските граѓани“, што би било чиста глупост), што доведе до тоа сите нив, еднострано, безумно и навредливо, да ги крстиме: „Скопјани“! Во текот на изминатите неколку недели, имаме многу интересен развој на настани достојни за пофалба, настани кои одат во насока на ослободување од овие тешки  болести на зглобовите, од кои боледува и нашиот однос со нашите долговековни соседи, и водат кон решение што ќе придонесе да се опоравиме сите ние. На 30 јануари, грчкиот министер за надворешни работи даде одредени изјави. И според тие изјави секој со зачуденост би можел да се увери дека болестите успеале донекаде да омекнат. Не ми е познато кој ли дипломатски ум му сугерирал на министерот да го именува јазикот на анонимните луѓе како „словенски дијалект“!
Цитирам од неговите изјави: „За грчката страна има големо значење сложениот збор што ќе се договори за именувањето да биде на словенски дијалект и тој да остане непреведлив“. Му рекле на министерот да каже „дијалект“, а не „јазик“. И секако, тоа да го каже општо и неопределено – „словенски“. И претходно имало изјави од политички лица дека соседите немаат „никаков јазик“. Меѓутоа, за големо разочарување на известувачите е изјавата што ја даде г-динот Коѕијас, која според мое мислење е многу несреќна и потценувачка , а дека „Бејоеремите“ веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски“. А приказната за овој јазик во кратки црти е следнава:
 
Историјата на македонскиот јазик
 
Јазикот на БЈРМ (или со други зборови македонскиот) е мајчин јазик на најмалку 1,3 милиони граѓани (податоците се од 1999) кои живеат во Поранешната Југословенска Република Македонија, и која ја прогласи својата независност во 1991 година. Тој јазик, заедно со бугарскиот му припаѓа на источната подгрупа од јужнословенските јазици и заедно со албанскиот, бугарскиот и со романскиот спаѓа во т.н. балкански јазичен сојуз.

Неговиот правопис кој води потекло од 1945 година, со реиздавања и корекции во 1970, 1979, 1986 година има фонетски карактер, со други зборови настојува да ја изрази секоја фонема само со една буква. Буквите Ѓѓ, Ѕѕ, Љ љ, Њ њ, Ќ ќ и Џ џ покажуваат на прозваното отстапување од бугарскиот јазик кој е природно најсродниот јазик до македонскиот, со истовремено приближување до српската азбука.

Се транскрибираат (со истиот редослед) на следниов начин: g’, dz, j, lj, nj, k’, dž и се изговараат [g’], [dz], [lj], [nj], [k’] и [dž].  

Официјалната хронологија за почетокот на постоењето на службениот, стандардизиран јазик може да се смета 1944 година, а и да се земе датумот 2 август, со прогласот на „ Антифашистичкото заседание“ во манастирот Прохор Пчињски за кодификација на јазикот на Македонците.
Многумина почетоците на идејата за јазикот ги лоцираат во 1903 година, со издавањето на книгата „За македонските работи“ од македонистот Крсте П. Мисирков во Софија.  
Кодификацијата (стандардизацијата) на јазикот се заснова врз централните дијалекти на територијата на денешната БЈРМ. Како појдовна точка послужила потребата за сосема јасно оддалечување од бугарските елементи на јазикот. Во овој обид многу голема вредност имаше делото на книжевникот и филолог Блаже Конески.  

Во делот на морфологијата (граматиката), јазикот на БЈРМ (или со други зборови македонскиот) ги покажува следниве особености:  

а) Кај имињата се забележува исчезнување на деклинацијата (балкански феномен).
б) Членот се додава на името и го има од три вида –от, -он, -ов, во зависнот од оддалеченоста на говорителот од определениот објект/субјект.
в) Кај личните заменки има остатоци од падежните форми за изразување на (датив (индиректен предмет) и акузатив (директен предмет). Сп.: jас – мене/ми – мене/ми и др.
г) Глаголот е особено многу комплексен. Се диференцираат 3 лица, број, залог (актив/ пасив), начин (индикатив, коњуктив, императив, наратив), глаголски видови (свршен/несвршен вид) и времиња, меѓу кои спаѓаат: презент, имперфект, аорист, перфект, плусквамперфект, траен футур и моментален футур, како и свршен футур.  
Заеднички елемент со бугарскиот јазик претставува исчезнувањето на инфинитивот, кој бил заменет со зависни (секундарни) реченици.
Освен погоре кажаното во јазикот има и герунд на –jќи и партицип на перфектот на –л, како и пасивен залог на –т, -н.
Синтаксата се смета за многу строга, иако во простите реченици се бара последователноста субјект-глагол- објект со цел да бидат согледливи врските со останатите делови на реченицата, бидејќи падежите веќе се изгубиле. Удвојувањето на индиректниот предмет (балкански феномен) е задолжително, додека удвојувањето на директниот предмет е произволно.  

Да не се плашиме од зборовите  

Значи станува збор за јазик, а не за дијалект.

И ако употребата на озлогласената придавка предизвикува „џиш“ во политичка смисла, никој не ќе го разбереше погрешно грчкиот министер за надворешни работи доколку тој кажеше: „на јазикот на БЈРМ“. Или уште: „зборот да биде словенски“. Толку просто. Молба: Нека одлучат веќе како ќе ги нарекуваат (и нека се погрижат да има и придавски определби) за да можеме и ние да комуницираме без да ни виси Дамокловиот меч над нашите глави, а и тие да можат да даваат изјави со коишто нема да компромитираат никого.
Ајде, да го разменуваме знаењето како научници, да соработуваме, да комуницираме, па и политичарите да си се видуваат и разговараат политички коректно.  

Авторка:
Александра Иоанниду, славист, вонреден професор на Одделот за руски јазик, литература и словенски студии на Универзитетот во Атина.  

Превод од грчки јазик: Марија Чичева-Алексиќ

Категория: Политика
Прочетен: 1582 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 19.02.2018 18:51
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562566
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502