Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 562550 Постинги: 749 Коментари: 120
Постинги в блога от Март, 2014 г.
2  >  >>
 

1
Тие се глутница што прозата ја расчеречува
и без основа од просенати партали ѓоа ткае.
Нивната мудроштина низ уши им протечува
и секој од нив има стил што само тој го знае.
2
Тие се плиткобраздни орачи на суво поле,
што семе на неразгатливи метафори сеат.
Плодовите нивни лек се за секој умоболен
што пред ветерот се засолнува под стреа.
3
Тие се касапите што делкаат саде сланина,
на чингели бесат песни без ритам и рими,
квасецот на нивната суета подига планина
зашто светот плевата ко поезија ја прими.
4
Со ритам и рими не мора да се штимува,
бело со бело секогаш одлично се римува.

image 
Категория: Поезия
Прочетен: 719 Коментари: 0 Гласове: 0

  1 Љубена песно, со напор нов му се вратив на стихот ѓоа-слободен а всушност прозен, напернатоста моја со дебел срам ја платив но со ритам и рими ќе те исправам на нозе. 2 Извини што порано те распослав како плева, во покутура-редови што беа загорен пилав  чиј ритам наликуваше на кркорење од црева и ќопаво се влечеше како протурен од кила. 3 Еве, твоите размавани редови ги шалувам, да бидат цврсти колкови со кои ќе мешаш: секој поет со стрвен поглед да те погалува,  да посака да бидеш негова шербет-цреша. 4 А за слободниот стих, да му ебам мамата, ме излажа распрцаниот зајак на измамата.          



image

 
Категория: Поезия
Прочетен: 445 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 24.03.2014 08:48
 
1
Јаснотиите во тавата на сонцето се пржат
а скриените значења се кочан-срца на генот,
ко арматура, исправен светот тие го држат,
преку лисјата му го цицаат млекото на денот.
2
Нивниот собирач и чувар е слепото кутре,
во ладот на мракот им ја крепи свежината -
семето на иднината да има надеж за утре
на светов бремен да му ја олесни тежината.
3
Скриеното значење е динамитна кататонија,
а напати и шизофрено во ребуси се изразува:
но трпеливо ко монах чека своја хиротонија,
знаејќи ја својата моќ со восхит да поразува.
4
Во поетскиот разврат најоргазмична е фората:
на слепото кутре да му ја дрпнеш метафората.
Категория: Поезия
Прочетен: 477 Коментари: 0 Гласове: 1
22.03.2014 12:28 - Ако си поет

1
Ако си поет, не биди дрвосечач дрзок
што в час дрво кутка со моторна пила,
очекува ловорики да му постелат брзо
за текст без рими, безритмен и килав.
2
Искастри ги гранките, израмни тртки,
песната да биде сјаен зборовен поток,
не прави алиби дека пишуваш чкртки,
биди вол-браздец во ѕевгарот кроток.
3
Стихот нека се раѓа како плодна бразда,
за нередот песната некролог нека биде,
за спасение негово ритам и рими раздај
а не исцепени кори и раздробено фиде.
4
Слободниот стих песната само ја груби,
читателот ќе биде среќен што ти го уби.
Категория: Поезия
Прочетен: 547 Коментари: 0 Гласове: 2
1 Прекрасен пролетен сончев ден ми топли коски, за моето либидо и кондицијата спомени буди:  кога те растурав до твој страв од смртен восхит но смртта ме победи и сал парастос ми нуди. 2 И еве, бардаче со цреши-обетки си ми донела како тоа да сум јас, ме бацуваш, сок впиваш, карпата на гранитната љубов ич не се ронела, споменот е пустина во која ти сеуште пливаш. 3 И ете, заминуваш, љубопитно подигам плоча за повеќе од тебе да грабнам, душа да се слади, но видов како на еден дечко му стана кочан дури те гледаше како светот го кршиш одзади. 4 И ми стана мило што ти се погодил таксистот, дај боже со него да ти биде како со мене исто.  
*Денес е светскиот ден на вистинската поезија, па во нејзина чест, ја преработив мојата инвалидска песна “Гробјанска идила“ во нова верзија :-) 
Еве како беше инвалидната

ГРОБЈАНСКА ИДИЛА
Posted by lupcobocvarov on февруари 8, 2008
Прекрасен пролетен сончев ден што ми ги топли коските и ги буди во нив спомените кога со склекови и стомачни вежби моето либидо имаше кондиција да те растура до страв од  т в о ј а  умирачка.
И еве те, денска самовило, носиш бардаче велешко со обетки од цреши накитено и голтка вода отпиваш бакнувајќи му го грлото ко мене што ми правеше.
На гробот ми садиш перуники а сите мои колеги и колешки низ потподигнатите плочи зјапаат восхитени во тебе: машките ми завидуваат а женските веќе решија да те копираат – ако воскреснат.
А еве и плоча ми менуваш, црн гранит измазнет, со слика жолто-зелена на скрин-шут фатена, Nula dies sine linea пишува а едно гиф -бебе се искрши од танцување. image


 
Категория: Поезия
Прочетен: 521 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 21.03.2014 10:09

1
Откако мажољубецот Витман напиша сонет,
без ритам и рими, во редови растурена сарма,
се изнакотија муџахедини во поетскиот свет,
за рај алчни, теророт го одбраа за своја карма.
2
Поезијата ја силуваат поединечно и во групи,
нивниот касаплак на академски трон е кренат,
според суровиот закон на докторатите глупи
таа е обврзана на секој ќатип да му биде жена.
3
Секој од нив е аџија, на хаос катаден се клања,
промоциите и фестивалите му се милна ќаба,
еден со друг се величаат со есеи од бели прања
и така поезијата ја претворија во беззаба баба.
4
Секој од нив е поетска бомба со методика знајна:
штом е во зорт, експлодира во огномет од лајна. image 
Категория: Поезия
Прочетен: 439 Коментари: 0 Гласове: 1
18.03.2014 19:45 - Млекостипсата
   

  1
Ведрано, на руда, буника или гној ти си име,
зборот во кој канцерот на јазикот осамнува
да роди напис кој ќе истрајува како пример
за тоа дека суетата сал со глупост пламнува.
2
Си се гадела од доењето и бебешките лајна,
си бегала од нив читајќи романи во клозет:
сега, за грст евра ни ја обзнануваш таа тајна,
слепа дека така честа своја ја фрли под нозе.
3
Во твоето име веќе пловат бродови од злоба,
пијани, кловновски ја засмејуваат публиката,
твојте зборови се сурови како каменото доба
за кое ти како хиена ја заокружуваш сликата.
4
За бебешкото цицање да го наречеш злостор
мора да си залутала во ова време и простор.

image

Категория: Поезия
Прочетен: 513 Коментари: 0 Гласове: 1
  1
Плодно дрво сам за себе јас на Земјава не сум,
моите деца и внуците се мојата цветна крошна,
тие се бајраците со впишан генетски импресум:
дека се подници од татевата стара лоза трошна.
2
Почнавме како шега а станавме баш калабалак,
ко глуварчиња внуците се распрснати по светов,
да е жив тате, би му се радувал на својот агалак,
што преку мене, зимата му ја возобнови во лето.
3
Мајка ми била млада неротка од Скопје вратена,
а тате-вдовецот двојно постар од неа, бил алчен:
вонбрачно јас сум се родил, со мене е наплатена
цената за стрвоста да ужива во забрането залче.
4
За таква виц-судбина и мене да не ме помилува,
допуштам моја Десанка повремено да ме силува.
image
Категория: Поезия
Прочетен: 485 Коментари: 0 Гласове: 2
    1
За скрибомани што правописот го силуваат
и размаваната проза како поезија ја сметаат,
ова е сонетна куќичка, во неа да си чуваат,
леви рамења и сни дур по ќерамиди шетаат.
2
Во неа нема утринско молчење на старци
туку црцор на нивните срца за новиот ден,
они конци и игли токмат како хуманитарци,
да закрпат небо распарано од пијан клен.
3
Тој мамурно се восхитува на голи стопала
и мастурбира среќен, знае да брои до десет:
во него суетноста длабоки корења вкопала,
се храни со здивот од мочурливиот тресет.
4
Тој гордо хаосот си го смета за идеал вишен,
низ оџак сере и со сонетов газот си го брише.
image
Категория: Поезия
Прочетен: 548 Коментари: 0 Гласове: 2
  1
Од првите мисли и зборови неа светот ја прими,
певлива со лира, за срцето со ритам да го глочка:
а потоа, поетите ја збогатија и со ѕвонливи рими
и тој убав поредок на дефиницијата стави точка.
2
Вештите мајстори како лек и восхит ја прифатија,
во складни стихови опишуваа и радост и агонија,
врз храмот на писменоста поезијата стана чатија,
секогаш лесно мерлива со шестар, висок и ѓонија.
3
Денес академски педери ја грабнаа и ја силуваат,
песни ја нарекуваат хаотично размаваната проза,
на правописот в уста да му свршат баш милуваат,
едни со други по цел свет се гордеат со таа гроза.
4
Но, поезија е дијамант отпорен на педерска сперма,
иде ден кога слободниот стих никој не ќе го ферма.
image
Категория: Поезия
Прочетен: 512 Коментари: 0 Гласове: 1
  1
Тишината е жена-неротка, самата на себе згода,
она е шведска маса за која стрвен маж се гребе:
не ја сетила среќната смрдеа од плодовата вода,
не се карминисала за навек со слуз од свое бебе.
2
Нејзина главна занимација е коса да си вапсува,
а мажот ја има утехата дека не мора да се стега:
ако е поет, млитаво ќе ја ора, во неа ќе папсува,
од бесплодноста, ѓоа во нирвана, во неа ќе бега.
3
Таа е кралица во замјата на прочуеното Ништо,
поданици ѝ се претурачи од шупливо во празно,
во двобојот со нив не мора да извадиш пиштол,
доволни се ритам и рими што се лизгаат мазно.
4
Многу поети ја фалат како генератор на чудата
а јас ја почитувам само како мајка на заблудата.image
Категория: Поезия
Прочетен: 505 Коментари: 0 Гласове: 1
 1 На сретсело тапанот зачука и зурлата екна,
пискотот се качува и симнува по октавите,
мелодијата и ритмот се замесија во векна
што нозе ја печат а пареа чури од главите.
2
Се надигнала од квасецот на јасна мечта,
сразмерна, совршена како баховска фуга,
таа е пчелино саќе што ја средува речта
и од вода и брашно, на редот раѓа слуга.
3
Слугата е аеродром со контролната кула,
од земја до небо да стокми совршен лет,
за да не се ашка поетот како пијана була,
без ритам и рими и за срам на сиот свет.
4
А кој без ритам и рими дур на небо стасал
сал килав ѓавол е на анархистичката класа. image
Категория: Поезия
Прочетен: 562 Коментари: 0 Гласове: 2
2  >  >>
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562550
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502