Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 562536 Постинги: 749 Коментари: 120
Постинги в блога от Март, 2015 г.

1 Иако според паметта помуличеше плугова ралица, Чук-чук Стојанче стана јунак со генералска палица. Желен за фотелја се качи на политичка клацкалица, на страна што тресна на газ ко обезглавена кралица. 2 Но, галиба, му подмачкаа лагери, му светна сијалица, со повици за смутови, власта да ја грабне со навалица. И почна секој ден на Фејсбук да грака ко црна галица, без срам дека ќе го сметаат за брлива птица-ругалица. 3 Утешно му е дека како здравје ќе да била татковината, а и за да биде патриот никаква ука од него не се бара: почна на плоштад да разгласува дека власта е шината а сите што биле на патерици, со него премија ќе ќарат. 4 Но, џабе Чук-чук Стојанче нуди благослов од пондила, зашто  татковина е она што изборната волја го родила.
Категория: Поезия
Прочетен: 2151 Коментари: 2 Гласове: 1
  1 А во тесната куќичка на тате мораше многу да трпиш зашто бедата газдуваше со три стари и две нови деца, таму научивме како парталави насмевки да скрпиш од викотници и солзи кога гладта како чир те штреца. 2 Но за чудо, мој тате беше душа уметнички настроена, врз песнарици и виолина огрубените прсти му шетаа па иако нашата судбина за падни-стани беше скроена зајакнавме та и нашите деца долж светов се разлетаа. 3 Од еден бистар селанец симнат од планината Клепа и од две плодни жени израснати на скрките во Велес се распространија на буњиштето на судбината слепа табиети секакви, верни на стомак, верни на прелест. 4 Ене ги татевите селски, опинчарски и опутарски нозе, танцуваат во рајот зашто син им станал сонетен козер :-)
Категория: Поезия
Прочетен: 1833 Коментари: 0 Гласове: 0
 
1
Првин бев само помисла во вселенскиот котел,
сенка на млекото од цицката на богињата Хера,
кукавички проект со материја да бидам сплотен
и можеби да станам творец на привиди со мера.
2
Милениуми бев глуварче што во хаосот се матка,
но конечно станав сперматозоид на стрвниот тате
кој како вдовец си се науживал во романса слатка
со млада жена што како неротка била пакет вратен.
3
Но не била за никаде адресирана нејзината матка
ко поштенска марка јас се залепив во неа со страст
и станав најскапата цена платена за наслада кратка
оти тате морал да ме признае пред народната власт.
4
И еве ме, горделив, на четири внучиња станав дедо,
ја зграпчив вселената и во сонети ѝ го цедам медот.
Категория: Поезия
Прочетен: 1831 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 20.03.2015 11:52

Во име на Владата на Република Македонија, 
под стручна редакција на Митко Маџунков, Луан Старова, Ташко Ширилов, Ефтим Клетников, Драги Михајловски и Венко Андоновски,
под уредничката палка на Бранко Цветковски,
под будното око на поговорникот Санде Стојчевски,
издавачите Конгресен сервисен центар од Скопје, Микена од Битола и Макавеј од Скопје,
во луксузни пелени ни го тупосаа во 2012 како бесценет камен 
преводот што Богомил Ѓузел го направил на делумниот избор од 
книгата “Стракови трева“ од американскиот писател Волт Витмен.

Еве неколку раски и драски што ги забележав во текстот хаотично размаван во неритмични и неримувани редови што неговиот автор со инвалидска претензија го нарекол “Песна за мене“ .

1. Првата строфа
1.1.
Во Ѓузеловиот превод испуштени се 8 редови од првата строфа на оригиналот:
Ги нема преведено:
My tongue, every atom of my blood, form’d from this soil, this air,
Born here of parents born here from parents the same, and their parents the same,
I, now thirty-seven years old in perfect health begin,
Hoping to cease not till death.
Creeds and schools in abeyance,
Retiring back a while sufficed at what they are, but never forgotten,
I harbor for good or bad, I permit to speak at every hazard,
Nature without check with original energy.

1.2. 
Во четвртиот и петтиот ред, изразот 
“I loafe and invite my soul, 
I lean and loafe at my ease observing a spear of summer grass.“

е преведен како:

“Јас лунѕам и си ја канам Душата;
лунѕам и талкам спокојно,набљудувајќи копјенце-страк од летна трева“

што е погрешно 
бидејќи зборот “лунѕам“ на македонски значи “талкам, скитам“ а директен англиски еквивалент му е глаголот “roam“.

“I loafe“ значи “Јас легачам(безделничам)“, што консеквентно се гледа и од вториот ред во зборовите “I lean and loafe“ што значат “ јас лежам и безделничам“.
Само така и може да се набљудува копјенце-страк од летна трева, зашто со лунѕање и талкање, (што значи одење со исправена става), тоа е тешко забележливо.
Па така, поправено тие два реда би гласеле:
“Јас легачам и си ја канам Душата,
лежам и безделничам спокојно, набљудувајќи копјенце-страк од летна трева“.

2. Втората строфа
2.1
Седумте први редови од втората строфа на оригиналот се ставени во првата строфа на преводот, веројатно за да се закрпи дупката од осумте редови што се испуштени smile emoticon
2.2.
Во петтиот ред, изразот “The sound of the belch’d words of my voice...“ преведен е како “Звукот на зборовите ждригнати од мојот глас...“ што е изразита несмасност бидејќи зборот “ждригне“ значи неконтролирано низ устата да се испушти воздух од стомакот и тоа во никој случај не може да се нарече “ збор“ бидејќи “збор“ е воздух од градниот кош контролирано испуштен и со помош на јазикот и забите обликуван во звук кој е симбол на одредено мисловно значење и затоа се нарекува “збор“. Зборот “belch“ во англискиот има значење и на “ to say (curses, insults, etc) violently or bitterly“ [да се изрече (пцост, навреда и т.н) наврекнато или огорчено]. 
Зa греови е фактот дека со ваков погрешен превод Богомил Ѓузел ги наведува читателите да мислат дека ждригањето му било говорен манир на Витмен smile emoticon

3. Шестата строфа

“Or I guess it is the handkerchief of the Lord,
A scented gift and remembrancer designedly dropt,
Bearing the owner’s name someway in the corners, that we may see and remark, and say Whose?“

е преведено:

“Или сметам дека е тоа шамичето на Господа,
Мирисен подарок за потсетување, намерно испуштено,
Носејќи го името на сопственикот на некое ќоше, за да го видиме и за да се прашаме: Чие е?“

Погрешно е преведено “say Whose?“ како “за да се прашаме: Чие е?“

Зборот “say“ во никој случај не може да има значење “прашува“ - негово редовно значење е “рече, вели, кажува“ и такво е и во контекстот на цитираниот извадок. 
Зборот “Whose“ погрешно е преведен со “Чие е?“.
Имено, кога веќе знаеме “дека е тоа шамичето на Господа“ и дека ( за да го забележиме) на некое негово ќоше е името на неговиот сопственик, зарем не е глупаво да се прашуваме “Чие е?“

Правилно треба да речеме: “Неговото е!“, бидејќи зборот “Whose“ е заменка што означува припадност (негов, негово, негова) а околноста дека тој збор е напишан со голема почетна буква укажува дека се означува Бог(Господ) бидејќи во сите текстови во кои се зборува за Него и заменките се пишуваат со голема почетна буква.

4. Седмата строфа

“I am the mate and companion of people, all just as immortal and fathomless as myself,
(They do not know how immortal, but I know.)“

е преведено:
“Јас сум им другар и придружник на другите, сите се исто бесмртни и безмерни како мене;
(Не знаат колку се бесмртни, но знаат дека се).“

“how immortal“ погрешно е преведено со “колку се бесмртни“. 
“Колку“ е прилог за количина и за степенување така што нема смисла да се поврзува со поимот “бесмртност“ кој по дефиниција е апсолутен, немерлив и нестепенлив. Не може нешто да е помалку или повеќе бесмртно.
Правилно е да се каже “како се бесмртни“.
Англиското “how“ е прилог за начин и може да стане прилог за количина или степенување само со додавки, на пример: how much; how many.

5. Осмата строфа

“The meeting of enemies, the sudden oath, the blows and fall,“

е преведено со:
“Средбата на непријатели, изненадна заклетва, удари и паѓање:“

Заклетва е свечено ветување дадено јавно и на определен начин дека нешто ќе се направи, или дека ќе се зборува вистината.
Англиското “oath“ може да значи “заклетва“ ама и “пцост“.
При оваа средба на непријатели нелогично е да се случила “изненадна заклетва“ зашто по неа следувале удари и паѓање. 
Оттука, правилно треба да се каже “Средбата на непријатели, изненадна пцост, удари и паѓање:“

6. Тринаесеттата строфа

“Oxen that rattle the yoke and chain or halt in the leafy shade, 
what is that you express in your eyes?“

е преведено со:

“Волови што тропаат со ѕевгарот од синџир, или запираат под лисната сенка! Што е тоа што ви излегува од очите?“

Преведувачот погрешно мисли дека “ѕевгар“ е запрежна опрема со која воловите тропаат.
Но, таа опрема во која воловите се впрегнати и со чии синџири може да тропаат се нарекува “јарем“ а “ѕевгар“ се самите волови, како чифт, двојка.

Исто така несмасно е да се каже дека на воловите нешто им излегувало од очите, бидејќи “what is that you express in your eyes“ значи “што е тоа што вашите очи изразуваат“.

7. Шеснаесеттата строфа

7.1. 
“The pilot seizes the king-pin, he heaves down with a strong arm,“
преведено е со:

“Возовозачот ја фаќа рачката од свртницата - и ја спушта со силната рака;“

што е смешно погрешно бидејќи „The pilot “ не е “возовозач“ а и не може да фати рачка од свртница бидејќи локомотивата нема волан smile emoticon
Во случајов се работи за пилот-кормилар кој управува со брод зграпчувајќи ја главната рачка на тркалезното кормило. 
7.2.
“The malform’d limbs are tied to the surgeon’s table,
What is removed drops horribly in a pail; “

е преведено со:
“Недоразвиените раце и краци се врзани врз хируршката маса,

Отсечените делови паѓаат грозно во празна кофа;“
што е грозна грешка бидејќи упатува на медицинска постапка во која луѓе родени како инвалиди биле врзувани и хирурзите им ги сечеле недоразвиените раце и краци.
Во случајов се работи за хируршко отстранување на во несреќен случај смачкани и непоправливи делови од телото на настраданиот човек.

8. Дваесет и третата строфа

“This is the lexicographer, this the chemist, this made a grammar of the
old cartouches,“

е преведено со:

“Овој е лексикограф, - овој е хемичар - овој направил граматика од стари фишеци;“

што е смешно бидејќи не може да се направи граматика од стари фишеци.
Но, може да се направи граматика од “ стари хиероглифи“, како што во случајов правилно требало да се преведе “old cartouches“.

9. Дваесет и четврттата строфа

9.1.
“nest of guarded duplicate eggs!“

е преведено со:

“Гнездо на чувани резервни јајца!“

што е смешно бидејќи имплицира дека птиците покрај “редовните“ несат и чуваат и “резервни“ јајца smile emoticon

“nest of guarded duplicate eggs“ едноставно значи “чувано двојајцево гнездо“, гнездо во кое имало две јајца.
9.2.
“Something I cannot see puts upward libidinous prongs;“

е преведено со:

“Нешто што не можам да го видам исправа соблазниви шилци;“

што е мазохистичко бидејќи тешко дека на некој нормален шилци би му биле соблазниви smile emoticon
Наместо шилци треба да стои “краци“, со значење на нозе.

10. Триесет и третата строфа

10.1.
“Where the pear-shaped balloon is floating aloft, (floating in it myself
and looking composedly down,)“

е преведено со:

“Кај крушовиден балон лебди угоре (лебдејќи во мене и смирено гледајќи доле)“

при што она во заградата е невозможно : испаѓа дека балонот летал во поетот и дека балонот смирено гледал доле smile emoticon

Витмен јасно кажува:
“(и јас самиот, лебдејќи во него, смирено гледам долу)“.

10.2.
“where the heat hatches pale-green eggs in the dented sand,“

е преведено со:

“кај жештината несе бледозелени јајца во назабениот песок:“

што е многу смешно бидејќи жештината како атмосферска состојба е нежив ентитет и ја нема способноста на птиците и влекачите да несат јајца smile emoticon
Глаголот “hatch“ не значи “несе“ туку значи “квачи“ или “веде“. 
Исто така погрешно е кажано дека песокот бил “назабен“. Како тоа изгледа, песокот да е назабен?
Зборот “dented“ првенствено значи “вдлабнат“, “издлабен“, “ископан“. 
Значи, имаме случај во кој некој влекач (желка, алигатор) ископал дупка во песокот, снел јајца и ги покрил, за потоа жештината да ги квачи и да ги изведе.
Па така, правилниот превод би бил:
“кај жештината квачи бледозелени јајца во издлабениот песок“ .

Толку smile emoticon

Категория: Поезия
Прочетен: 2040 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 10.03.2015 07:16
01.03.2015 06:40 - КАПИЏИК

Речиси ноторен е фактот дека секаде во светот, иако живеат во исти услови, 
жените живеат подолго од мажите.
Што е главната причина за појаката регенеративна способност на жените?
Дали тие така генетски се наштимани?
И можат ли мажите да сторат нешто за зајакнување на сопствената регенеративна способност?

Еве го моето лаичко искуствено мислење.

1.Генетската наштиманост на жените во регенерацијата на организмот произлегува од нивната менструација.
Просечна жена, во текот на нејзиниот менструален живот исфрла околу 72 литри крв кои редовно мора да ги обнови – што значи дека тогаш организмот на жената работи турбо.Тоа неа ја прави отпорна на болестите својствени за мажите во соодветниот период на возраста (кардио-васкуларните).
Практично гледано, жената е млада се` до нејзината последна менструација.
Но, и губењето на менструацијата само надворешно кај жената остава траги.
Aко таа не стане ненајадлива алапача, и без менструацијата нејзиното тело ќе продолжи да старее со умерен ритам.
2. Може ли мажот да го надомести немањето менструација?
Со што да го излаже својот систем за регенерација?
Очигледно, еден начин е да стане доброволен дарител на крв.
Факт е дека таквите луѓе, при нормална исхрана и физички напори, се исклучително здрави и долговечни.
Друг начин мажот да го излаже својот регенеративен механизам е крвта да се троши за производство на сперма и таа често да се исфрла.
И кога нема на колај сексуален партнер, мажот тоа може да го постигне со на потсмев често изложуваната рачна работа.
Ако умее да си го поттикнува својот сексуален апетит, мажот, во споредба со жената, дури и во подолг период може да го лаже својот регенеративен механизам .
Секако, бидејќи регенерацијата се врши преку обновување на крвта, јасно е дека на мажот му треба многу повеќе напори за тоа да го постигне па за сметка на толкавиот труд сосема е природно устроено задоволството од мастурбацијата.
Да сум нешто доктор, за мене би било академски предизвик да утврдам од колку грама крв се генерира грам сперма. (идеја за докторат?)
Ама не сум доктор и засега за подобрување на мојата регенеративна способност се потпирам на една подваријанта на мојот прочуен прехранбен закон:
“ Не смееш да јадеш во денот во кој не си извежбал“.
Менувам само еден збор :-)
Значи, јас редовната мастурбација ја сметам за регенеративен капиџик на мажот :-)
Категория: Поезия
Прочетен: 1458 Коментари: 0 Гласове: 0
01.03.2015 06:18 - Свети ни Коле
 Јас живеам во Свети Николе.

Повеќето луѓе мислат дека градчето така се вика заради црквата Свети Никола ама ако е така, зошто името не гласи Свети Никола?

Зарем не изгледа како подбишега светецот Никола да го викаме Николе?

Тоа укажува дека правилното потекло на името Свети Николе треба да го бараме во една овчеполска прикаска која оди вака:

Одамна, кога уште било село, се викало сосема поинаку.

Во него живееле една група крадци кои во ноќите без месечина, оделе во другите села и краделе.

Биле модерно опремени - имале еден фенер за чие одржување и ракување бил задолжен некојси Коле.

И крадциве биле многу успешни - штом ќе наиделе на некакво компликувано резе или катанец, веднаш тивко повикувале:“Свети ни,Коле!“ и овој осветлувал.

Долго време не била бандата фатена на дело, а ограбените селани само како во полусон се сеќавале дека повремено се слушал гласот “Свети ни Коле“.

А кога конечно една ноќ ги фатиле на дело и се видело кои се и од каде се, сите селани од околните села, за одмазда и потсмев, почнале селото на крадците да го викаат “Свети Ни Коле“.

Арно ама, бидејќи потомците на крадците биле исто така итри, успеале постепено да ја потиснат вистинската прикаска и да наметнат мислење дека името на градчето потекнува од црквата Свети Никола. 
http://svetinikole.gov.mk/





Категория: Поезия
Прочетен: 1532 Коментари: 0 Гласове: 0
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562536
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502