Edna St. Vincent Millay (1892 – 1950)
првин само го преведов вака:
Така измамнички гневот на животот е скроен
што го чисти пулсот а го замаглува умот
па мене, родена како женско и така јадосана
од сите нужди и дребноста на мојата сорта,
блискоста со тебе ме убедува да заклучам
дека е фер и дека треба да рипам од среќа
што ти со сета тежина клапна врз моите гради
оставајќи ме уште еднаш несвршена а искористена.
Меѓутоа, не мисли за ова како за бедно предавство
на мојата силна крв спроти мојот запрепастен ум:
јас ќе те запомнам со љубов, или ќе го зачинам
мојот презир со сожалување.Дај да бидеме начисто:
јас го открив овој бесен и недоволен повод
за конверзација кога ние ќе се сретнеме повторно.
ама денес му се навртев и го стокмив прописно со ритам и рими.
Edna St. Vincent Millay (1892 – 1950)
(Sonnet XLI)
1
Така измамно гневот на животот е скроен
што го чисти пулсот а размислата е зашеметена,
па мене, родена како женско и со јад троен
од нуждите на сортата на која ситност ѝ е ветена,
2
блискоста со тебе убедителен заклучок ми всади
дека е не само ферски туку речиси среќа совршена
што ти со сета тежина клапна врз моите гради
оставајќи ме уште еднаш искористена а несвршена.
3
Но, не помислувај за ова како за предавство бедно
на мојата силна крв спроти мојот запрепастен ум:
ќе те запомнам со љубов или со сожалување едно
ќе го зачинам мојот презир, бидејќи начисто сум:
4
овој бесен лирски поттик го поставувам како знак
за обнова на конверзацијата кога ќе се сретнеме пак.
https://www.poets.org/poetsorg/poem/i-being-born-woman-and-distressed-sonnet-xli
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп