Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
моите песни - земјотресни :-)
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия
Прочетен: 326142 Постинги: 735 Коментари: 120
Постинги в блога от Септември, 2010 г.
2 3 4  >  >>
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.71   1. Кога ќе умрам, жалта по мене да не те ранува подолго од чукањето на погребната камбаана што бегот мој од светов одвратен го обзнанува и домот нов кајшто црвите не наоѓаат маана. 2. И ако ова го читаш, не си спомнувај која рака го напишала и мислите нека ти бидат празни: зашто јас тебе, љубена, толку многу те сакам што не сакам зарад мене жалта да те дразни. 3. О, кога јас веќе ќе бидам измешан со глина а ти може случајно овие стихови ги најдеш не мисли ни на моето име туку биди фина и остај твојта љубов со мојот живот да зајде. 4. За на светот причина за потсмев не му дадеш, откако ќе умрам, жалта за мене нека не те јаде. ========== А ова е оригиналот:   Sonnet 71   No longer mourn for me when I am dead Than you shall hear the surly sullen bell Give warning to the world that I am fled From this vile world with vildest worms to dwell: Nay, if you read this line, remember not The hand that writ it, for I love you so That I in your sweet thoughts would be forgot, If thinking on me then should make you woe. O if, I say, you look upon this verse When I perhaps compounded am with clay, Do not so much as my poor name rehearse, But let your love even with my life decay, Lest the wise world should look into your moan And mock you with me after I am gone. ==============
Категория: Поезия
Прочетен: 225 Коментари: 0 Гласове: 0
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.70   1. Тоа што те озборуваат, не е твоја грешка, убавината секогаш на клеветници е мета и сомнежот е украс нејзин што се смешка како гавран што долж небесната шир лета. 2. Времето те посакува а клеветници те газат, врз твоето величие комплексите ги лечат; нели, гасениците најубавите пупки ги лазат и на неизвалканата пролет удираат печат. 3. Ти исплива од младешката струја речна, неповредена, пак со јуриш одиш напред; сепак, твојата великост не ќе биде вечна за ѕверката завист засекогаш да ја запре. 4. Ако маска на лагата за грев лик не ти груби ти ќе кралуваш врз секое срце што те љуби. ========== А ова е оригиналот:   Sonnet 70   That thou art blamed shall not be thy defect, For slander’s mark was ever yet the fair; The ornament of beauty is suspйct, A crow that flies in heaven’s sweetest air. So thou be good, slander doth but approve Thy worth the greater, being wooed of time; For canker vice the sweetest buds doth love, And thou present’st a pure unstainиd prime. Thou hast passed by the ambush of young days, Either not assailed, or victor being charged; Yet this thy praise cannot be so thy praise, To tie up envy evermore enlarged. If some suspйct of ill masked not thy show, Then thou alone kingdoms of hearts shouldst owe. ==================
Категория: Поезия
Прочетен: 238 Коментари: 0 Гласове: 0
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.69 1. Тоа кое од тебе до погледот на светот допира мислите се на срцето што ги пораѓа, без маска. Јазикот, гласот на душата на секој , не сопира вистина да говори та дури и душманот ти ласка. 2. Твојата надворешност со пофалба е крунисана но на некои сеирџии судот на јазикот им е бос; во други аспекти фалбата галиба им е урнисана зашто окото и не гледа подалеку од својот нос. 3. Тие ја гледаат прекрасноста на твојот ум но мерат според трагите на твојот чевел; нивната љубезноселска мисла, на друм, трча како твоја китка омрсена со плевел. 4. Затоа, штом се дружиш со улична клика, не ќе ни мирисаш така како твојата слика. =============== А ова е оригиналот: Sonnet 69 Those parts of thee that the world’s eye doth view Want nothing that the thought of hearts can mend. All tongues, the voice of souls, give thee that due, Utt’ring bare truth, ev’n so as foes commend. Thy outward thus with outward praise is crowned; But those same tongues that give thee so thine own In other accents do this praise confound By seeing farther than the eye hath shown. They look into the beauty of thy mind, And that in guess they measure by thy deeds; Then, churls, their thoughts (although their eyes were kind) To thy fair flower add the rank smell of weeds; But why thy odor matcheth not thy show, The soil is this, that thou dost common grow. ===============
Категория: Поезия
Прочетен: 298 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 29.09.2010 23:51
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.68 1. Дамнешните дни на лицето Му испишале ода кога убавината живееше и умираше ко цветот, пред нејзините копилјарски знаци да се родат и безобразникот кој со нив го залажува светот. 2. Беше тоа пред на мртвиот локни да му крадат оставајќи во гробот скалпиран череп да сјае; за некоја седа глава да ја преправат во млада и одраната мртва убавина да биде нов фраер. 3. Но, преку Него светата античка доба не`пленува без било какви украси, вистинската, лично таа: 

без со туѓата летна нaметка да се раззеленува, без кражба од старото за како нова да ја знаат. 4. Природата Него  го создала како образец-мапа пред кој фалсификаторот може само да зјапа. =========== А ова е оригиналот: Sonnet 68 Thus is his cheek the map of days outworn, When beauty lived and died as flow’rs do now, Before these bastard signs of fair were born, Or durst inhabit on a living brow; Before the golden tresses of the dead, The right of sepulchers, were shorn away, To live a second life on second head; Ere beauty’s dead fleece made another gay. In him those holy бntique hours are seen, Without all ornament, itself and true, Making no summer of another’s green, Robbing no old to dress his beauty new; And him as for a map doth nature store, To show false art what beauty was of yore. ===============
Категория: Поезия
Прочетен: 354 Коментари: 1 Гласове: 1
Последна промяна: 29.09.2010 00:32
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.67   1. Ах, зошто со заразата тој човек треба да живее и со себе да ги благословува безбожните маси, гревот да им напредува и промотивно да дивее и неговото друштво како тантела да ги краси? 2. Зошто со козметика го крадат неговиот образ па живоста негова на мртвото му придава поза? Зошто на бедниот со убавина таа не му е добра и ко роза-сенка се топори пред вистинската роза? 3. Зошто тој треба да живее кога Природата фалира анемична да се зарумени преку животните жили? Како неисцрплив нејзин рудник само тој фигурира и горда на многу, сега живее од него како прилив. 4. О, за далечни денови, пред последното време, тој на Природата како главен адут и`е спремен. ================ А ова е оргиналот:   Sonnet 67   Ah, wherefore with infection should he live, And with his presence grace impiety, That sin by him advantage should achieve And lace itself with his society? Why should false painting imitate his cheek, And steal dead seeing of his living hue? Why should poor beauty indirectly seek Roses of shadow, since his rose is true? Why should he live, now nature bankrupt is, Beggared of blood to blush through lively veins? For she hath no exchequer now but his, And, proud of many, lives upon his gains. O him she stores, to show what wealth she had In days long since, before these last so bad. =================
Категория: Поезия
Прочетен: 215 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 28.09.2010 00:19
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.65 1. Бронзата, каменот, земјата, океанот ширен - нивните сили бесна смртност ги надвишува; како убавината да измоли бесот да е мирен кога цветот како адвокат апелот го пишува? 2. О, како летниот меден здив да го дигне крстот против разорната опсада што Времето ја прати кога гранитното кале не стои доволно цврсто ниту на пропаст се отпорни челичните врати! 3. Љубена! Ко најмил накит на Времето ќе свршиш за стрвно во погребен ковчег скришно да те јаде! Има ли цврста рака што може нога да му скрши? Кој може да заборави дека убавината ни ја краде? 4. О, никој, туку само мастилово има таква моќ: како чудо ти, љубена, ќе сјаеш во неговата ноќ. ============= А ова е оригиналот:   Sonnet 65   Since brass, nor stone, nor earth, nor boundless sea, But sad mortality o’ersways their power, How with this rage shall beauty hold a plea, Whose action is no stronger than a flower? O how shall summer’s honey breath hold out Against the wrackful siege of batt’ring days, When rocks impregnable are not so stout, Nor gates of steel so strong but time decays? O fearful meditation! Where, alack, Shall time’s best jewel from time’s chest lie hid? Or what strong hand can hold his swift foot back? Or who his spoil or beauty can forbid? O none, unless this miracle have might, That in black ink my love may still shine bright. ===================
Категория: Поезия
Прочетен: 301 Коментари: 0 Гласове: 0
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.64 1. Видов дека времето го смачкало со свирепата рака величието на надгробни споменици за слава и чест, урнало возвишени кули и ги затревило среде драка а и бронза вечна видов како робува на смртен бес. 2. Имам видено и како во кралството на брегот гладниот океан врз почвата водите ги склопи а и неа како се зголемува за сметка на него правејќи залихата во загуба да му се стопи. 3. А кога и кај државите размени такви видов а и како тие сами се проколнале на распад, да мислам ме потсетија урнатините на ридот дека времето и за мојта љубена крои напад. 4. Поуката е ко смрт,избор ни за мене не се спрема, плачам во страв оти тоа што го имам ќе го снема. ========================== А ова е оригиналот: Sonnet 64 When I have seen by time’s fell hand defaced The rich proud cost of outworn buried age; When sometime lofty towers I see down-razed, And brass eternal slave to mortal rage; When I have seen the hungry ocean gain Advantage on the kingdom of the shore, And the firm soil win of the watery main, Increasing store with loss, and loss with store; When I have seen such interchange of state, Or state itself confounded to decay, Ruin hath taught me thus to ruminate, That time will come and take my love away. This thought is as a death, which cannot choose But weep to have that which it fears to lose. ==========================
Категория: Поезия
Прочетен: 309 Коментари: 0 Гласове: 0
Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.63 1. Ќе стане и мојата љубена иста како мене, алчното Време-џелат и неа ќе ја зграби, кога крв ќе и`отенчи и веѓи ќе и`свене а лице ќе брчкоса и ја остави без заби; 2. зората на младоста неосетно се намалува и со ноќта на староста Времето ја коле и сите убавини со кои сега таа кралува ги краде од трезорите на нејната пролет. 3. О, да, пред Времето сега јас се вкопувам, против староста и нејзиниот меч свиреп: со заборав за мојата љубена да ми попува не ќе може ни кога в земи ќе сум смирен. 4. Нејзината убавина во зборовиве ќе се гледа во нив таа ќе живее и ќе молска како веда. =========================== А ова е оригиналот: Sonnet 63 Against my love shall be as I am now, With time’s injurious hand crushed and o’erworn; When hours have drained his blood and filled his brow With lines and wrinkles; when his youthful morn Hath traveled on to age’s steepy night, And all those beauties whereof now he’s king Are vanishing or vanished out of sight, Stealing away the treasure of his spring; For such a time do I now fortify Against confounding age’s cruel knife, That he shall never cut from memory My sweet love’s beauty, though my lover’s life. His beauty shall in these black lines be seen, And they shall live, and he in them still green. =============================  
Категория: Поезия
Прочетен: 246 Коментари: 0 Гласове: 0
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.59 1. Ако сега ништо ново нема, како умот се лаже дека во плодовата му вода нова сорта плови и потоа со абортирани рефрени се прави важен и поранешни деца ни подметнува како нови? 2. Ако илјада години назад поглед свртам, кога првпат умот се облече и стана книга, и во неа твојата слика со збор ми се црта - дали таа како ти сега духот ќе ми го дига? 3. Така ќе дознаам што во стариот свет кажале за прекрасната композиција на твојата става; дали ние си наддаваме или тие се прелажале или и тогаш и сега истата среќа ни се дава. 4. О, сигурно на античките умови ти не им текна зашто да те знаеја,  умот ќе им беше шекнат! ========================= А ова е оригиналот: Sonnet 59 If there be nothing new, but that which is Hath been before, how are our brains beguiled, Which, lab’ring for invention, bear amiss The second burthen of a former child! O that recуrd could with a backward look, Ev’n of five hundred courses of the sun, Show me your image in some бntique book, Since mind at first in character was done, That I might see what the old world could say To this composиd wonder of your frame; Whether we are mended, or where better they, Or whether revolution be the same. O sure I am the wits of former days To subjects worse have giv’n admiring praise. ===================
Категория: Поезия
Прочетен: 290 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 25.09.2010 18:04
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.60   1. Ко бранови што од чакалот на брегот се кршат така нашите часови кон нивниот крај јурат; секој го заменува оној што веќе станал мрша во борбата за опстанок низ животната бура. 2. Се`што еднаш во океанот на светлоста е родено ползи кон зрелоста со која ќе биде крунисано, за потоа од измамната судбина да биде погодено: што од Времето е дарувано,од Него е и урнисано. 3. Цветната палета на младоста тоа ја пронижува, со плугот безмилосен на лицата бразди заорува; цицајќи и`го најубавото,природата ја понижува и се` што е живо неговата остра коса покорува.   4. Но,и во идното Време,наспроти неговата сурова рака, стихот мој сеуште ќе сведочи колку многу те сакам.   ==================== А ова е оригиналот:   Sonnet 60     Like as the waves make towards the pebbled shore, So do our minutes hasten to their end, Each changing place with that which goes before, In sequent toil all forwards do contend. Nativity, once in the main of light, Crawls to maturity, wherewith being crowned, Crooked eclipses ‘gainst his glory fight, And time that gave doth now his gift confound. Time doth transfix the flourish set on youth And delves the parallels in beauty’s brow; Feeds on the rarities of nature’s truth, And nothing stands but for his scythe to mow. And yet to times in hope my verse shall stand, Praising thy worth, despite his cruel hand. ==========
Категория: Поезия
Прочетен: 279 Коментари: 0 Гласове: 0
    Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.61 1. Дали тоа желбата твоја сликата своја ја нуди пред клепките на мојата истоштувачка ноќ? Дали таа желба од бината дремката ми ја пуди за пред мене твојте сенки да одглумат моќ? 2. Дали тоа духот твој,загрижена си го пратила толку далеку оддома за кај мене да се моли да се арнисам од дела што ти прават патила од кои твојата љубомора смислено те боли? 3. О, не!твојта љубов иако ширна,дотаму не стига, туку тоа мојата сопствена љубов ме држи буден, одморот ми го поништува и на тревога ме дига, да играм стражар што по тебе се влече слуден: 4. За да те гледам додека од кол на кол скакаш, од мене толку далечна а со другите се сакаш. ========================== А еве го и оригиналот: Sonnet 61 Is it thy will thy image should keep open My heavy eyelids to the weary night? Dost thou desire my slumbers should be broken, While shadows like to thee do mock my sight? Is it thy spirit that thou send’st from thee So far from home into my deeds to pry, To find out shames and idle hours in me, The scope and tenor of thy jealousy? O no; thy love, though much, is not so great. It is my love that keeps mine eye awake, Mine own true love that doth my rest defeat, To play the watchman ever for thy sake. For thee watch I whilst thou dost wake elsewhйre, From me far off, with others all too near. =======
Категория: Поезия
Прочетен: 265 Коментари: 1 Гласове: 0
Последна промяна: 24.09.2010 16:10
  Ова е мој препев на Шекспировиот сонет бр.58   1. Кога богот на љубовта роб ме направил твој ми забранил дури и да помислам за контрола на твоето време за задоволство со било кој та дури рекол и неверствата да не ме болат.   2. Твојта слобода ме затвори во тоа што те нема, подалеку од грбот твој со поглед не се пробив; трпелив и кроток,за твоја проверка се спремам, без обвинувања за раните што притоа ги добив. 3. Од листата за чекање одбери кој ќе ти ќефне, таа привилегија твоето време го збогатува, да можеш сама да решиш што ќе ти се трефне и правдата да ја спрегнеш за да ти аргатува. 4. Јас морам да чекам иако чекањето ми е пекол, за ќефот твој,добар или зол,збор не би рекол. ================= А ова е оригиналот:     Sonnet 58   That god forbid, that made me first your slave, I should in thought control your times of pleasure, Or at your hand th’ account of hours to crave, Being your vassal bound to stay your leisure. O let me suffer, being at your beck, Th’ imprisoned absence of your liberty; And patience tame to sufferance bide each check, Without accusing you of injury. Be where you list, your charter is so strong That you yourself may privilege your time To what you will; to you it doth belong Yourself to pardon of self-doing crime. I am to wait, though waiting so be hell, Not blame your pleasure, be it ill or well. =========
Категория: Поезия
Прочетен: 224 Коментари: 0 Гласове: 0
2 3 4  >  >>
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 326142
Постинги: 735
Коментари: 120
Гласове: 490