Потоа, галежно наговарајќи ја околната земја на рофкост и подмачкувајќи ја со своите вазелински сокови, постепено продираше во неа, не обѕирајќи се на повремените болни крикови кои таа ги испушташе правдајќи се со својата хемороидна структура. Во замелушувачка екстаза, тие за момент заборавија кои се и што се, бидејќи се осетија како едно.
Но, се отрезнија и кајсиовиот прч исплива на површината наметнат со крошнеста перика, појавувајќи се пред врховниот суд на Богот Сонце како адвокат на земјата. Секоја година во април го покажуваше обновуваното полномошно напишано со нејзиниот цветен ракопис.
Така, долги години тој ја шмукаше заштедата на нејзината утроба и цветовите созреани во плодови како свои ги арчеше по разни човечки бордели, залажувајќи ја дека тие се долгорочни инвеститори што ќе ја препородат. Нејзе животот ѝ беше испоснет ама вечен и можеше да чека.
И едно лето, на главната расправа во триесетата парница, среде патосната тирада во врховниот суд, таа фикција на аздисаниот кајсиов прч се претвори во асфикција, го стрефи фрас, му се скинаа жилите за цицање. И се исуши, му паднаа лисјето а заврзаните кајсии темнееја како суви солзи.
Земјата тоа не го ни забележа бидејќи токму тогаш во неа продираше еден дебел и долг морков кој ѝ вети дека нема да ја боли.
Првпат ја сретнав на мирцот, беше кооперативна,
шеташе низ мојот втор пубертет како самовила:
отвори канал, ми додели улога административна,
беше ластовичка што аздисан комарец уловила.
2
Немаше гнездо и пилиња гладни, самичка беше,
не ме изеде како што природниот ред налага:
пушти да леткам околу неа, да ја боднам решен
и по цена да крахира моралот за кој се залагав.
3
Оттогаш почнав за поезија да се интересирам,
пробував и самиот римувани песни да клепам,
што при одбивањето ми помогна да се смирам
бидејќи испадна дека и мојата љубов е слепа.
4
Казанова не станав, што па и не е голема штета
зашто камен-темелникот на мојата поезија лета.
Јан Зајиц:
Ако ти било до толку некому да правиш чест а воедно со својата слава да му ја скинеш сенката, што не си го почестил Бога па земајќи го неговото име да си придонел за атеистичката кауза, нели беше атеист и комунист, ебате?
Туку најлесно ти беше да го украдеш звучното презиме Неруда на нашиот веќе славен поет Јан Неруда, лесно за помнење кај луѓето во целиот свет. Која ли идиотска хипокризија е фактот дека многу подоцна си дошол на гробот на Јан Неруда и си положил цвеќе!
Свесен ли си дека Гугл при пребарувањето на поимот “неруда“ првин дава 17 линкови кон сајтови за тебе а дури на 18 место е линкот на Википедија со Јан Неруда како чешки писател?
Откога, бе, некому се прави чест ако му го земеш презимето?
Па чест се прави со давање а не со земање, ебате дибекот самобендисан!
Јан Палах:
Ај да речеме, додека си бил млад, поради страв од татко ти кој мразел поезија, си морал да ги објавиш првите твои поетски збирки под друго име и еве, нека ти се прими дека од неукост и младешка занесеност си мислел дека правиш чест со тоа што си го зел презимето Неруда.
Ама официјално ти и понатами си бил Нефтали Рикардо Рејес Базалто и таков цели дваесет години си бил конзул на Чиле во разни земји па дури на возраст од 42 години конечно и официјално кај властите си го сменил името и презимето во Пабло Неруда.
Ееееј, 42 години си имал, си протерал веќе два брака и којзнае колку жени, си имал дете кое за жал починало на осум години – значи, зрел човек си бил, печен на радоста и на маката а до толку да не ти текне дека не бива на мртов човек, поет, да му го крадеш презимето.
Што не проба да се викаш Шекспир или Петрарка или Лопе Де Вега, бе дибек?
Не ти стискаше, а? Ептен очигледно ќе беше дека си крадец!
одбрав да сум рудар Неруда што го кутка:
се наоружав со гласовната опсада на утка,
му барав меко место за дупка динамитна.
2
Го испипав и му ја најдов најслабата точка,
не ми требаа штемајзи, ќускии или чекани:
ги прибрав сал алиштата негови исфлекани
од славожелна кражба никогаш за прочка.
3
Не му било доста да е Нефтали Рејес Рикардо,
не се осетил доволно цврст ни како Базалто:
од прашки надгробен споменик дрпна палто,
и така повторно го погреба на Чешка бардот.
4
Нека е вечна слава на Јан Неруда, наша крв,
навикната е на крадци а овој не беше ни прв.
============
*талант = меѓу 26 и 32 кгр.
сакав ѕевгар рими од досадата да ме брани,
за да ми бидат поетска маја и редовна мана
со која четириесет години Бог ќе ме храни.
2
Се мислев кои зборови најнадежно гласат,
на кои звучноста најгласно ќе им одекнува,
како ехо од минатото и ѕвон што ќе стаса
подалеку од она кое на Лорка му текнува.
3
Препеав туѓи и римосани и дрвени сонети
а спасоносна патерица ми беа двете рими:
при намајкаде ги уфрлав ко лажни монети
и сонетниот дух како вистински ги прими.
4
Секогаш кога по умората посакував почин
ти ме примаше во постелата на твоите очи.
Стиховите се волови спрегнати во јарем
во кој поетот со трозаба кука милно чека
од својот непресушлив бунарски харем
да улови метафора што мрзливо крека.
2
Му бега таа лигава и по дупките се крие,
не сака да излезе на светлината на денот
оти соголена и распослана вечно ќе вие
за поетот наоколу да се фали со пленот.
3
А кога конечно куката среќно ќе ја фати
голем напор е нужен да се истегне горе:
тежина е тоа која со восхит ќе се плати
и поетот ќе го вкопа со подлабок корен.
4
Но штири се најчесто ловењата тешки - поетот останува со воловски лепешки.
од навалица заштитен со метални ролетни;
само под бројче клиентелата ќе ја примам,
стихот мој ќе се арчи ко хартии тоалетни.
2
Пискотници ќе се чујат од поетските браќа
дека со римуван кич мојата ѕвезда блесна:
залуд поетска Струга од земја ќе се траќа
дека под ѓонија танцува секоја моја песна.
3
Дека стихот ми бил од лајната на пелената -
како приближен комплимент ќе го сфатам
иако поправо е од водењакот на вселената
оти јас неа ја породувам и тоа ми е плата.
4
Мојот поетски терор има кариера столетна,
сѐ дури во умов е дигната Божјата ролетна.
Душата ми е мрачна
1
Душата ми е мрачна ама сеуште трпи,
бар свирка на харфа неа не ја гуши;
од нежниот твој прстомет таа ќе црпи
жубор-капки за лек на моите уши.
Ако во срцево надежта уште ползи
тие звуци треба напред да го бутнат:
во очиве дебнат олеснувачки солзи
што во умот мој огнот ќе го кутнат.
2
Минстрелу, ти одредив јасна задача,
радосната нота последна нека букне:
јас длабоко и диво мора да плачам
зашто поинаку срцево ќе ми пукне;
оно само тагата како доилка си ја позна
а пеплосана несоница него го тресна:
и сега, штом за најлоша пресуда дозна,
ќе пукне - или ќе се прероди во песна.
========
Еве го оригиналот:
My soul is dark
My soul is dark – Oh! quickly string
The harp I yet can brook to hear;
And let thy gentle fingers fling
Its melting murmurs o’er mine ear.
If in this heart a hope be dear,
That sound shall charm it forth again:
If in these eyes there lurk a tear,
‘Twill flow, and cease to burn my brain.
But bid the strain be wild and deep,
Nor let thy notes of joy be first:
I tell thee, minstrel, I must weep,
Or else this heavy heart will burst;
For it hath been by sorrow nursed,
And ached in sleepless silence, long;
And now ’tis doomed to know the worst,
And break at once – or yield to song.
=========
Еве еден препев на хрватски:
MRAČAN MI DUH JE
Mračan mi duh je – o, brzo strune
Harfe dotakni da čujem njih;
Nek blagi zvuci uši mi pune
Uz prsta tvojih dodir tih.
Ako još nada puni grudi meni,
Taj zvuk će je izmamit znati,
Ako još suza ima u zjeni,
Poteći će, i bol će stati.
Nek trzaj bude dubok i snažan,
Nek vedra nota ne bude prva;
Minstrele, čuj me, plač mi je važan
Prije neg’ bol mi srce shrva,
Jer tuga je odnjihala njega
I duga, nijema bol i nesan,
Sad spoznat najgore od svega
Mora, i puknut – il’ rodit pjesan.
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп