Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
08.09.2011 15:51 - Бродови од кожа
Автор: lupcobocvarov Категория: История   
Прочетен: 591 Коментари: 0 Гласове:
2



Херодотова историја, Прва книга, насловена Клејо, 194 “Сега одам на тоа да го прикажам она што за мене е, по самиот град, се разбира, најголемото чудо во таа земја. Бродовите, оние што пловат по реката до Бабилон, им се тркалезни и целите од кожа. Откако кај Арменците, кои живеат погоре од Асирците, ќе направат скелети од исечени врбови стебла, откај надворешната страна, како основа, им оптегнуваат јаки кожи, а не им одбележуваат ниту крма ниту ги стеснуваат така што да обликуваат нос на бродот, туку ги прават тркалезни како штит. Потоа целите ги исполнуваат со слама и, откако ќе ја натоварат стоката, ги пуштаат по реката да пловат. Најчесто превезуваат палмови буриња полни вино. Се управуваат со две весла. Двајца мажи стојат исправени, од кои едниот го влече веслото навнатре а другиот бутка со него нанадвор. Такви бродови прават и многу големи и помали. Најголемите од нив имаат носивост и до пет илјади таланти*. На секој брод се товари и по едно живо магаре, а на поголемите и по неколку. Кога ќе втасаат бродовите во Бабилон, стоката се распродава, а потоа, гласно објавувајќи, ги продаваат и скелетите на бродовите и целата слама, а кожите ќе ги натоварат на магарињата и тргнуваат назад накај Арменија. Поради брзината на матицата воопшто не е можно да се плови нагоре по реката. Затоа и не ги прават бродовите од дрва туку од кожа. Кога, потерувајќи ги магарињата, ќе дојдат  повторно во Арменија, на истиот начин прават други бродови. Бродовите им се, значи, такви.“
*талант = меѓу 26 и 32 кгр.  



Гласувай:
2


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563608
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502