Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
03.10.2017 18:05 - Мурат Колецот
Автор: lupcobocvarov Категория: История   
Прочетен: 693 Коментари: 0 Гласове:
1

Последна промяна: 26.12.2017 17:37

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
До семејството на покојниот професор д-р Слободан Мицковиќ

Почитувани, ви благодарам што без многу прашувања ми го доставивте дигиталниот ракопис на професоровиот роман “Промена на Бога“.
Сега можам да ви кажам и зошто го побарав.
Имено, пред извесно време првпат го прочитав романот, како печатено издание на Детска радост, 1998 год. Имам наопачен обичај на секоја книга да ѝ го читам прво поговорот, ако го има. Така и тогаш - под наслов „Странствувањето на една проза“ го прочитав поговорот што го напишала госпоѓата Оливера Ќорвезироска која едновремено била и лектор и коректор на “Промена на бога“.
Добро, убаво напишан текст, посветен на три професорови романи кои тој самиот ги означил како трилогија под наслов „Двојно доба“.
Потоа на еден здив го голтнав и романот. Отпорано имав прочитано два романи на Професорот (“Куќата на Мазарена“ и “Самоубиецот“) па знаев за неговото мајсторство – за фактографската беспрекорност на фабулите и за динамичноста, духовитоста и економичноста на неговиот раскажувачки стил.
Романот “Промена на бога“ има два временски тока на раскажувањето: сегашноста, 20-тиот век и минатото од 17-ти век. Тие два тока се поврзани со сознанието на главниот лик од сегашноста, Дина Накова Муратовска, дека е потомок на исламизираниот Мурат Колецот од 17 век (теза на романот).
Моите педесет години читателски стаж ме научија низ фактите кои се изнесуваат во текстот постојано да ја проверувам одржливоста на главниот склоп (тезата). По завршувањето на читањето, имав чувство дека или јас погрешно сум разбрал што е тезата или авторот пропуштил да изнесе битен факт за тоа како испаѓа Мурат Колецот од 17 век да е предок на Дина Муратовска од 20 век?  
Пак го прочитав поговорот на госпоѓата Оливера Ќорвезироска и најдов дека она што јас го зедов како сигурна теза на романот таа го третира само како “…коинцидирање на раскажувачките и на други факти со кои се остварува сомнеж дека се работи за исто колено следено дури 3 века (врската меѓу Мурат Колецот и Дина Муратовска)…“
Морав да извлечам цитати од романот со кои ќе го поткрепам моето разбирање дека не се работи за сомнеж туку за експлицитно изнесена теза. Еве што пишува на стр. 84: ..„Последно ти е ова, Колец, да те викам Колец. Отсега ќе бидеш Мурат и нема да си кулукчар ами аргат и ќе земаш дента грош за тебе и три за колата“ „Аирлија“ – рече Мурат и плукна во мракот (Тоа беше предокот на Дина Муратовска од кој, и кога преминаа пак во христијанство, им остана презимето Муратовци. По кое, во својата теза, требаше да трага Дина….)
Исто така и на стр.128: “…па пак ја позеде мислата за таа ќерка на Мурат. Ќерката на Мурат значи откинала, значи се спасила, од тој Мурат, и избегала во Богородица. Која Богородица? Каква е таа Богородица велеска? Па сигурно е Богородица Велешка! Да, тогаш тој манстир бил женски манастир. Ама како ќерка на Турчин да избега во манастир? … Легна, мижеше и се напрегаше да го види тоа време. Наеднаш ги отвори широко очите – па тоа е Мурат, нејзиниот Мурат, предокот, кој се потурчил и затоа ќерката, која не сакала да го смени Господа, избегала во манастир….“
Врз основа на ова, мислам дека може да заклучиме: она кое госпоѓата Оливера Ќорвезироска го нарекува „сомнеж“ е јасно дефинирана теза на романот!
И потоа си мислев: како е можно, при вака јасно дефинирање на тезата, госпоѓата Ќорвезироска тоа да не го забележи?  
Едно од можните објаснувања е дека таа како лектор и коректор, на работа и на компјутер го читала романот повнимателно од било кој друг читател ама првенствено сосредоточена да наоѓа и поправа лекторски и печатни грешки во дигиталниот ракопис! А тоа не е баш некоја удобна положба и улога за аналитичко читање на еден роман!
Затоа веднаш си помислив дека оној недостаток на битен факт - за тоа како испаѓа Мурат Колецот од 17-тиот век, со единствениот потомок, ќерката која избегала и се замонашила во манастир (па според тоа не се омажила и немала потомство) да е предок на Дина Муратовска од 20 век? - можеби е ненамерна грешка во средувањето на професоровиот дигитален ракопис за печатење во кој некоја реченица е избришана.

Затоа ви го побарав дигиталниот ракопис – за да го прочитам романот токму онака како што покојниот Професор го напишал!
И еве што најдов, како разлика во однос на печатеното издание:
На стр. 171 јасно е кажано дека пролетта, жена му на Мурат Колецот се вратила сама, без ќерката која останала во манастирот, ама Мурат Колецот не ја прибрал дома кај себе, туку на својот брат му наредил тој да ја прибере во планинското бачило.
Зошто така постапил Мурат Колецот?
Одговорот е содржан во една испуштена реченица која постои во дигиталниот професоров оригинал на ракописот а ја нема во печатеното издание на романот.
Таа реченица е на стр. 173, каде првин се објаснува: “кога мажите ќе сфатат какво место и какви предимства, токму над жените, им носи исламот, ајде прекали ги да го остават. За еден човечки век работата така ќе се зацврсти, како да биле во верата од дедо-прадедо“. па следува во заграда и гласи: “(Најсвеж пример беше веќе трудната втора жена на Мурат Колецот – едно запустено девојче кое го откина од злата судбина кај Камбуровци, зимата додека беа во бегство жена му и ќерка му).“  
Значи, Професорот јасно кажал дека Мурат Колецот се преженил со млада жена од која имал потомство и од таа лоза потекнува Дина.
На крај, уште еднаш ви благодарам за љубезноста, чест ми е што барем малку придонесов за разјаснување на овој мал недостаток во печатеното издание на романот “Промена на Бога“ на професорот д-р Слободан Мицковиќ.
Со почит,
Љупчо Бочваров



Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563754
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502