Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
31.12.2010 15:04 - Отчетна честитка
Автор: lupcobocvarov Категория: Лайфстайл   
Прочетен: 652 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 17.01.2011 19:10


 
Исто 
како во 2009-та година, и во 2010-тата нема денови кога не сум ги вежбал сите Пет Тибетанци по 21 пати, а плус, во паузите помеѓу нив, во чест на моите 62 години правев: 62 чуч (5 пати по 12+2) 62 склек (5 пати по 12+2) 62 стомач (5 пати по 12+2) 62 пеперут (5 пати по 12+2) 62 нанапред допирања на петите се прстите на рацете (5 пати по 12+2) 62 поклонувања нанапред и полу-назад (5 пати по 12+2). Мене вежбањето ми е законски услов за да јадам во тој ден. Покрај тоа, секогаш се бањав со ладна вода. И јадев претежно сурова храна, сезонски овошја (најмногу јаболки) а од протеинската палета јадев суров слануток (антички грав) и сушено свинско месо. Лимони, портокали , цитрони и мандарини воопшто не ни помислував да јадам бидејќи претходната година утврдив дека содржат ненормално големи количини отрови од кои јас се изразболев од астматична паника . Тоа се плодови кои на едно дрво растат во различни фази на развој така што мора постојано да ги прскаат а поради порозноста на нивната кора, отровите многу лесно навлегуваат и остануваат во нив. Од готвени јадења најмногу јадев тавче ориз со заленчук и прилично свинска маст но и со 4-5 чешниња лук дневно. Секој ден пиев по околу 300 грама варено кравјо млеко, заради калциумот. Од благи работи јадев купечки рестлови од пандишпањ и рефус бисквити. Кафе, алкохол и газирани вештачки пијалоци воопшто не пиев. Вода не пиев од градскиот водовод, иако викаат дека била исправна. Вода си полнам од една чешма која истекува од стариот, напуштен и необезбеден, градски водовод. Фала Богу, ич не бев болен. Пак фала му на Бога, и моите деца и внуци беа добри со здравјето. Па така, на читателите на мојот блог им пожелувам во 2011 година да бидат колку што е можно посурови кон себе, да вежбаат и да бидат живи, здрави и весели image А честитката може да си ја отворите ТУКА. ------
Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници



Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562953
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502