Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
07.01.2012 20:29 - Гроздан Попов – Dedi
Автор: lupcobocvarov Категория: Новини   
Прочетен: 1502 Коментари: 4 Гласове:
2

Последна промяна: 07.01.2012 20:54


 Шекспировска почит за Гроздан Попов – Dedi 1
Силата на овие рими во вечноста ќе се забие:
мермерот и златниот споменик на некое грофче
Времето ги валка со својот курвински табиет
но ти, Dedi, ќе блескаш во овој поетски ковчег.
2
Кога уништувачки војни статуите ќе ги урнат
и метежи ќе искорнат сй од ѕидарскиот домен,
ни мечот на Марс ни огинот со силата бурна
ќе ги сотре записите живи за твојот спомен.
3
За инат на поданиците на смртта и омразата
ти ќе чекориш и за тебе има пофално слово:
мислите на идните генерации ќе бидат оазата
во која ќе го дочекаш денот за раѓање ново.
4
И додека кон твоето воздигнување светот ита,
ќе живееш во песнава и во оној што ја чита. Неговиот последен пост на Фејсбук и неговите коментари пред операцијата:   http://www.facebook.com/photo.php?fbid=10150359471204136&set=a.337976574135.191323.612114135&type=1&ref=nf

 




Гласувай:
2


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

1. pioneer - како можеш да се идентификуваш со ...
18.01.2012 17:44
како можеш да се идентификуваш со народ што масовно децата ги заведува во матичната служба со имиња како, Стевче, Наумче, Стојанче ...
Феноменов зборува како родителите така и за работниците во управата.
Ах да, па ти си Љупче, извини, грешен адресант. :-)
цитирай
2. lupcobocvarov - Тоа се лични имиња
21.01.2012 00:10
Слобода на избор за родителите.
Ако сакаат, ќе ги крстат и како равенки :-)

Јас официјално сум Љубомир.
Мојот син е Јован. (Денес наполни 40 години)
Мојата ќерка е Елена.
Брат ми е официјално Никола.

Јас не се идентификувам со македонскиот народ заради неговите поединци туку заради јазикот.
Јазикот е единствената татковина која ми е сигурна и никој не може да ми ја земе.

Јазику македонски

Posted by lupcobocvarov on јуни 25, 2011

1
Јазику македонски, ти си нашата кралска флота,
со секој калибар наоружана бродска артилерија
за пречек на Кјеркегор и сечија хулиганска јота
со лебот и солта на разбирањето без хистерија.
2
Не ти треба излез на море или матичен пристан
зашто лазурот ја носи тежината на твоите сидра;
со ќеф другите јазици во тебе се капат и чистат
за и најсложената им мисла да плива како видра.
3
Тебе ти се падна во животот да си немаш мир,
те плукаат отровни јазици со упорност штедра;
но ни тој дожд од балканскиот подземен пир
нема да ги стутка и расцепи твоите вечни едра.
4
Туѓата култура ја примаш не сал заради редот
туку за таа да стане мајка и на твое мило чедо.
цитирай
3. анонимен - Тројца од седум „златни„ македо...
23.01.2012 09:52
Тројца од седум „златни„ македонски ракометари на теренот, германската телевизија ги транскрибираше како Naumtsche, Stojantsche, Stevtsche.
Најверојатно германците користат официјални списоци!
3 од 7!
Ти можеш да се зас'лнуваш под јазикот колку што сакаш, наумЧЕ ке ти ебе мамата НЕПРЕМЕНО!
Билив ми!
цитирай
4. lupcobocvarov - Веќе го прават тоа :-)
24.01.2012 13:41
Недоделкан слоган

Posted by lupcobocvarov on јануари 23, 2012

Една од причините поради која македонската ракометна репрезентација ги губи речиси добиените натпревари е слоганот со кој во текот на паузите играчите меѓусебно се бодрат.

.
Имено, еден од нив (веројатно капитенот или тренерот) извикува “За кого?“ а потоа сите одговараат “За Македонија!“.
.
Тоа е припроста работа и всушност е тавтологија а нејзина главна одлика е тапкање во место.
.
Играчите се во тимот на Мекедонија и се подразбира дека играат за неа, впрочем, носат дресови на кои тоа е веќе напишано. Но, поентата не е тие само да играат за Македонија туку во натпреварите да победуваат.
.
Значи, бодрењето треба да биде насочено кон победничкиот резултат и слоганот треба да се доведе во разумната варијанта и да гласи:
.
“За кого?“ – “За победата!“.
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566868
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502