Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
02.04.2010 23:33 - БАЖДАР НА РАЈНА
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 684 Коментари: 0 Гласове:
-1




Ова е моја поема за тоа кој и зошто ја изградил Глувчешката кула на реката Рајна

БАЖДАР НА РАЈНА 1. На пловната Рајна, во мирна доба, гусареше Шварц со дружина млада но посака полесен бизнис да проба па крепост изгради на речната ада. 2. Осуммината синови дружина му беа, топови наместија од шведски челик - лотките со баждар ко гуски ги кубеа, златници трупаа, вредни како пчели. 3. Жалба од трговците долж цела Рајна и до будното уво на кајзерот допре па размисли мудро и со мисија тајна Шварцовиот зулум реши да го сопре. 4. Му прати понуда највитешки чесна - кај него да служат, гардата да личи; но Шварц надуен сал пцост тресна - кајзерот со џамче нека ми го бричи. 5. Виде кајзерот дека Шварц е дибек но не сакаше борба и загуби мачни туку девет глумици, за секого либе, прати да ги замајат гусарите алчни. 6. Шварц и синовите позаспаа опиени од љубовно вино со буника полно а во окови,од шведски челик лиени, кај кајзерот се најдоа врзани болно. 7. Пресудата негова, праведна и брза, реши на сите нив глава да се сече но Шварц крајот не го прими со мрза туку ваква претсмртна желба рече: 8. Кајзеру честит,ти господар си мудар, светот како татковци обата не` гледа; колку зачекорам по џелатовиот удар толкумина поштеди од моите чеда. 9. Му ја одобри кајзерот желбата лита на баждарџи-шефот што му текна и тој во дворот,пред подбивна свита, со грб свртен, на џелатот му клекна. 10. Синовите збиено, попреку, во штама, чекаа на ред,со луда надеж за кратко, кога мечот остар, во извежбан замав, ја стркала главата на нивниот татко. 11. И бидна чудо – снагата што не падна со дивјачки порив на нозе се крена и осум чекори изброи за спас гладна дури крв џиткаше од вратната вена. 12. Целосно се исполни дадениот збор, синовите на островот најдоа почин како баждарџии на кајзеровиот двор - оти ќаровна идеја не бива да се кочи. ========



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563492
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502