Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
02.04.2010 22:52 - ГЛУВЧЕШКА КУЛА
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 1116 Коментари: 0 Гласове:
-1

Последна промяна: 02.04.2010 22:54


Моја поема според една германска легенда.

1.
Реката Рајна со легенди е накитена,
и еве една што лесно ќе се сфати -
за владика дрзок со глава усвитена,
како морничаво гревот си го плати.
2.
Векот десетти си го токмеше крајот
а слободен Бинген со китните села
токму помислија дека кај нив е рајот
кога црковна шепа ги пороби врела.
3.
Владиката од Мајнц, Хато Втори,
со своите сурови платенички орди
на се`данок воведе, дури и за ќори,
и пропиште градот и селата горди.
4.
Дури и Бог побегна, навјаса суша,
нема жетва и немаштија се шири
а данок се збира и ропот се слуша -
аман владико,гладта да ја смириш.
5.
И сето злато владиката им го собра
преку море да набави храна за спас,
не мина многу па вест пушти добра -
“во дрвениот амбар ќе ви делам јас!“
6.
Радосно збутани татковци и мајки
за дечиња да добијат барем залак
не ни видоа дека вратата со шајки
војници ја коват и амбарот го палат.
7.
Таа глетка и на Рајна здив и` сопре,
брановите заборавија да плискаат;
а до светот виц од владиката допре -
“селаните ко глувци в огнот пискаа!“
8.
А кога весел во замокот си се врати
од глувци го сардиса глутница дива;
исплашен, тој со лотка лимја фати
на островот во Рајна, во кулата сива.
9.
Разумот му шепна и така спокој најде
дека глувците нема Рајна да ја минат
па утешен во пределот на сонот зајде
сам на себе Господ и на милоста инат.
10.
Илјадници глувци во Рајна се втурнаа
стотици се удавија, стотици допловија
и гладно на заспаниот владика јурнаа -
ко во закован запален амбар го уловија.
11.
Залудно тој Бога го молеше со пискот,
за секоја детска солза глушец го апна;
умре изглодан, како пример за нискост
на силник што на својот народ стапна.

image

image


Тагове:   кула,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566736
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502