Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
07.04.2010 18:24 - РЕКВИЕМ
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 425 Коментари: 0 Гласове:
0




Пробав секоја моја песна
да биде клукајдрвец што
ќе го издупи твојот р`бет -
за провевот да те потсетува на мене.

Пробав секоја моја песна
да биде мравка-матица
што ќе ја колонизира твојата душа -
за скокотот да те потсетува на мене.

Пробав секоја моја песна
да биде катапулт што со букети
ќе ти го затрупа очајот -
за мирисот да те потсетува на мене.

Пробав секоја моја песна
да биде чернобилски облак
што ќе го озрачи
перчинот на твојата гордост -
за ќелата да те потсетува на мене.

Ама залудно:
секоја моја песна стана реквием
на мојата капитулација пред твојот молк.



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562807
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502