Постинг
16.04.2010 12:09 -
БАНДЕРСКА МЕСТЕНКА
Пред порта кога се симнав од такси
во двор ми влегоа птици едни слатки
а возачот рече `батка стварно јак си,
трпиш да ти какаат комшиските шатки`.
Погледнав удолу - две сосетки идат,
дамна невидени, мислев да ги гушнам
ама тие само љубопитни да ти бидат -
пред мене застанаа и јас ги слушнав:
`Глеј, стариот дрнкач сеуште зјапа
со очите истечени по невести млади!`.
`Залудно му мерак на зурла и тапан,
џабе толку вежби и биење в гради!`.
Јадот не знаев кај да си го сместам,
а поруга да вратам толку ми значи -
но си реков ај денес јас ќе честам,
ќеф да им биде на двете алапачи!
Како витез да се поклонам сакав,
со љубезноста срам да им влеам!
Ама не мрднав ни нога ни рака -
се сепнав и гргнав да се смеам!
Еваа, па јас сум само мојта слика
на бандера во некролог сместена
што сите минувачи немо ги вика
со коментар да биде почестена :-)
Вълнообразно
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене
За този блог
Гласове: 502
Блогрол
1. Спомен за Ева Звездева
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп