Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
21.05.2010 09:40 - Tо His Еxсellencу
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 768 Коментари: 2 Гласове:
0





На чингел за черечење Името ни го закачија,
со кодошлаци партенонските народојадци
што дракулски и еврото подло ви го измачија
крлежно цицајќи му крв ко бесрамни крадци.
А вас ве опремиле со касапска фута и сатар
на Името коски да му искршите, годно за супа;
сржта да им ја стопите, ко компромисен златар,
што од едно сонце – за ќорави ќе искове лупа.
Катаден ни нудите Калимеро-стрип за читање
но и челикот на пресудата го калите со итање,
мариниран во грчки зејтин и лајна од кравите.
Но, ние крв сами си пролеваме само во песни
па затоа ќе морате пак да се покажете чесни:
џелатски и за нас да си ги засукате ракавите.



Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

1. анонимен - Още ли не си се научил да пишешна м...
21.05.2010 10:46
Още ли не си се научил да пишешна майчиният си език- български???
цитирай
2. lupcobocvarov - Не додевај!
21.05.2010 19:01
Јас пишувам на мојот мајчин јазик, на македонски.
А ти гледај си сеир и пробај да го научиш, нема зијан од јазици.
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563942
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502