Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.12.2010 12:42 - ДРЕСИРАНИ ОЧИ
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 397 Коментари: 0 Гласове:
0





Западнав во години кога 
нема на кого да попувам
па се свртев кон себе 
и во арената на огледалото
почнав да ги дресирам
да бидат циркуски лавови
моите очи ненаситни.

Од бунарот на сеќавањата
ја извадив твојата насмевка 
и му ја фрлив на левиот лав
а тој ја залапа и нежно ја гризна 
без да и` ја повреди срамежливоста.

Од скришната соба на срцето
го пуштив гулабот што беше чувар 
на случајно уловениот мирис на твоите пазуви
и десниот лав првин напрчи нозе
преправајќи се дека се онесвестил 
а потоа рикна кон публиката облак од конфети
и на секоја пишуваше `Секогаш твоја`.

А кога од малиот мозок излета сеќавањето 
на твојата прекрасна голотија 
што еднаш некането ја затеков,
лавовите малце неволно свртеа глави
и послушно ги затворија очите -
како што доликува 
на дресирани џентлмени.

... 




Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563432
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502