Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.12.2010 12:52 - ЖУБОРЛИВА ПЕСНА
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 484 Коментари: 0 Гласове:
0




Жубори потокот како дрдорливо маже

сред  бујната џунгла од висок штавел,

на другарите облаци сака да им каже

на невестата долина што сй ъ правел.

 

Угоре таму расцепил свиларка трева

штотуку венчана за троскотот шилест

се мафтаат корења ко истурени црева

од мрша под канџи на орелот крилест.

 

Потаму здивено се натлачил во нива

кај селанец мачно си подредил расад

со денови се трезнел од пијанка дива  

потокот злобен пред в река да стаса.

 

А таму го пречека подмолната струја

го  мелат јазици за бистрина гладни,

поточните бранчиња во грч се трујат

во фабричките води омрсени и гадни.

image

 




Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562869
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502