Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.12.2010 15:28 - КАЛЕМЕНА ПЕСНА
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 538 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 17.12.2010 16:41


   Ова ДОЛУ е песна на Професорот Презвитер Козма, и јас сега ќе му ја украдам, а за да не ме фати, ќе ја замаскирам во моја песна. Случајно почнав од средината, ама додека ги вежбам натенане Петте Тибетанци, ќе му ја украдам целата, ќе видите. ---------------- Еве, му ја украдов! На неговата песна ја накалемив мојата!  -----------

 

ДОЛУ,ТАМ` ДОЛУ МАКЕДОНИЈА



Долу, Велес, Градско, Демир Капија –

По реката Вардар таласи се запениле

Крај јаворите стари,со турска тапија,

Врбите со векој фризура не смениле.

 

И тополите облакот во мев го бодат

Долу под брег, сомови мустак сучат

Под голите ѕвезди  сенки се плодат,

Голи се и зборовите,молкот го учат!

 

Долу таму грозјата килибарно зреат

И за арно - кога крепат детска душа

И за зло, пијаници ко овци да блеат

Вода, река - бедем за гладната суша.

 

Земја тврда- но серт човек ја цепи

Тврдо тло-  но инат духот го крепи

Долу  плуска пука но потта ја лепи.

 

Сите две лица  кон пропаст ме водат

Под ова небо, просенати божји гаќи,

Ситен влог -ископините што ќе родат,

И ветар тих од здив на антички сваќи.

 

И ветар лут од кралот Филип Втори

И дождец млак ко Самоилови солзи;

И дождец сув што селата ни ги гори

Долу по прнарите минатото  ползи.

 

И капините, што нуркаат за вода

Долу по ливадите  во откоси први

И нивите  со пластеници по мода

И прав  што ги разбрка сите црви.

 

И кал за значење да има и плевата

И сонце, да про`рти семе в плитар

И нар - за заблажување на тревата

Ах, долу што ја џвакаше Пејо Итар.



Од среќата 
скраја и сечија ловина -

Најубав дар ми е мојата татковина!

.... 




Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563500
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502