Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.12.2010 15:13 - ЛИКВИДАЦИОНА РАСПРОДАЖБА
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 696 Коментари: 0 Гласове:
0



 
Поради скорешна преселба на оној свет,

ефтино продавам неколку

сеуште употребливи гревови

кои ми го правеа животот интересен.

 

1. Продавам блажена насмевка предизвикана

од поројот мамино млекце во моето бебешко грло

и од алпинистичкиот страв дека ќе паднам

ако ги испуштам цицките!

 

2. Продавам многу метафорична,

ритмичка и целосно римувана песна

со наслов `Достоен плен`-

што и` ја украдов на една machka

додека таа зјапаше во мачор

наречен Сер Ланселот!

 

3. Ја продавам мојата писателска девиза:

`Иако се родив со перодршка во газот,

знам дека зборот е најголемиот

лажен пријател на писателот

и дека е Јуда

на секој чекор во текстот.`

 

4. Продавам кривична пријава

против самиот мене за кривично дело

Напуштање немоќно лице

сторено со тоа што

прдливиот ми разум

го напушти моето срце

кое бараше логистичка поддршка

за грабнување на она девојчето

што си го сакам!

 

5. Продавам класичен парадокс под наслов

`Пророкот не е без чест, освен во својата татковина`

во кој, од една страна, јас,

во име на Светската мастурбаторска федерација,

во Осло два пати тајно ја примив

Нобеловата награда за мир

а од друга страна, во Скопје,

ме убедуваат дека тоа што вежбам

најмалку триста дена во годината

не е доволно да ме изберат

за почесен претседател на

Седрнкачкиот македонски синдикат!

 

6. Продавам и речиси убиствено машко мрштење

со кое за многу кратко време

можете да ги растерате сите

нападни стомачни пеперуткасти женски фантазии

кои во круг од триесет метри

ги предизвикала вашата блажена насмевка од точката 1.




Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563588
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502