Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
20.12.2010 20:12 - На Силвија
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 652 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 20.12.2010 20:14


Мој препев (од англиски) на песната “На Силвија“ од италијанскиот поет Ѓакомо Леопарди  (1798-1837) 1. Силвија, ги помниш ли миговите од твојот земен живот кога убавината блескаше во аглите на твоите насмеани очи а ти, озарена и замислена, леташе преку границите на твоето моминство? 2. Тивките соби и улиците околу тебе одекнуваа од твоите непрестани напеви кога седната, среќна и задоволна, се втренчуваше во женските работи а нејасната иднина живо ти навираше во умот. И така ти минуваа деновите во тој миризлив мај. 3. Јас милував да го напуштам замајувачкото учење и мојот младешки живот, најдоброто од мене, го оставав во отфрлените книги и од балконот на татковата куќа се напрегав да го фатам звукот на твојот глас и брзото трчање на твојата рака врз ткајачкиот разбој. 4. Милував да гледам во ведрото небо, во златно осветлените градини и патеки што спружени наспроти морето се допираа со планините. И човечкиот јазик не може да изрази што тогаш чувствував јас. 5. Колку слатки мисли, колку надежи, колку срчаност, Силвијо моја! Како се појавува за нас тогаш сиот човечки живот и судбина! И ако ја одмислев таа надеж такви сурови чувства неутешно ме здоболуваа што и` се препуштав на мојата судбина! Ох, Природо, Природо, зошто не ни го даваш сега она кое тогаш ни го вети? Зошто ги измамуваш своите деца? 6. Нападната и освоена од скришна болест ти почина, најмила моја, а не дочека да ги видиш твоите цветни години или да ти се исполни срцето со слатката награда за твојата црна коса, за твоите срамежливи заљубени погледи. Те нема на празник со пријателките за љубов да црцорите. 7. Малку по малку и моите слатки надежи умреа, и мене исто така Судбината ми ги поништи тие години. Ох, како ли ме одмина, драга пријателке на мојот нов живот, ти таговна надеж моја! Ова ли е светот, соништата, љубовта, случките, уживањата за кои толку многу зборувавме? Ова ли е нашиот човечки живот? 8. Се соживувам со Вистината дека си соборена, несреќна моја, и дека оддалеку, преку смртните студенила и гробната тишина ме милува твојата рака.

 




Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562922
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502