Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
14.02.2011 10:55 - Заборавени песни
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 582 Коментари: 0 Гласове:
-1



  Заборавливоста е прва дама придружничка на староста.

 

Моите песни ич не ги помнам и се изненадувам кога ќе наидам на нив image

Си викам, зарем е можно да сум бил толку паметен јас тоа да го напишам image

ЌЕ ТЕ СПАСАМ

Posted in кариера
by lupcobocvarov on 31st август 2008

Сред море од страв и трула гадеж,
сред мракот на кој си бев свикнат,
во моите очи свенати ти нова надеж
како небесен светилник ми бликна.

Привид си и магија но копнеж раѓаш
на староста да и` го растурам плотот;
ти ме направи да сум насукана лаѓа
што Бога го моли за уште еден потоп.

ПОФАЛЕНА ПЕСНА

Posted by lupcobocvarov on 24th август 2008

 

Светлата бесценетост на зазорената осама
жедно го довикна очајот на творечкиот сон
за замислено да ги закова очите на портата
која ќе му отвори нов поглед кон себе.

Неспокојно ги раскрили кориците на агонијата
и страниците на трепетот ги испиша
со лудоста на својата утроба.

Светата поетика зари канџи во неговото срце
да допре до неговата студена немоќ
раната на јадот да му биде молба.

Страста на музата стана убиствена вечност
чија крикнувачка посмртност звучеше
како чин на обземеност со каменот
на кој недовршената поема го закла поетот.




Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 565239
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502