Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
28.02.2011 22:37 - Оџачарски сонет
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 450 Коментари: 0 Гласове:
0



  Мојата старост календарски ја освои власта
и спомените од младоста се опозиција бедна
ама само навидум, оти, создале стрвна каста
пред која и седите влакна главата ја веднат.

 

Наспроти достојноста на изодените чекори
споменот навлекува од седум милји чизми
и без обѕир на моралот и јасните прекори
во коковчиња јаричести клунот би го измил.

Младешките спомени пак сакаат да растат,
со елан нов да ги прекројат шинелите стари,
со кожа од газот да покријат образна краста,
по секоја цена искра од младоста да се ќари.

Залудно го исмеа ова уште антиката златна -
оџакот на мојата стрвност сеуште не е затнат.




Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563669
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502