Скитник
1
Иако по различни патишта бевме разездени
на незнајни крстопати се среќававме многу пати;
тлееше вечерното небо во грмушките ѕвездени
и секогаш облакот жерави со пролетта се врати.
2
Ние премногу се среќававме а збор не си рековме
и во летата кадрави, со лица на сонце препечени,
под капа од зелени бобонки сал за час се затековме
и одлутавме зашто на свои видици сме заречени.
3
Во ноември облаците како факли се црвенееја
и исшлаканото попладне го измиваа од сивилото
а патиштата се истегнуваа и крстопатите копнееја
за и тоа кратко во средбата да ни биде најмилото.
4
Во зима снежна, побелена ко твоите дланки прани,
долго, долго си чекала под тополата, на сметот,
за да ме завиеш со ленена шамија што ќе го брани
мојот гол врат попат од студенилата на светот.
5
Па сепак, тие средби се само краткотрајни радувања
оти знам: на некој крстопат веќе нема да те видам,
ќе подадеш рака некому и ќе нема веќе патувања
и под покрив нечиј сал матен спомен ќе ти бидам.
6
Патем, твојата шамија на патоказот ќе ја врзам
и со ветрот-другар намрштени ќе си заминеме;
без скитање животот кон крајот веднаш ми брза,
со торба на грбот и на пат сакаме да скинеме.
===============
Ова е оригиналот:
МИ СМО СЕ СУВИШЕ СРЕТАЛИ
1
Ми смо се сувише сретали на раскршћима незнаним
Мада смо различитим путевима корачали
Тињало небо вечерње у шипразима звезданим
И увек облаци ждралова са пролећем се враћали.
2
Ми смо се сувише сретали а речи рекли нисмо
И у лета коврџава са препланулим лицима
Под капом зелених дудова за часак застали смо
Па онда прошли, одлутали свако за својим видицима.
3
У новембру су облаци као буктиње рудели
И ветар кишама умио сиво поподне оголело
А путеви се дужили и раскршћа су жудела
За нешто кратко у сусрету што се толико волело.
4
У зиме снежне, побелеле к’о твоји испрани дланови
Дуго си, дуго чекала под јабланом, на смету
И врат ми голи увила марамом својом ланеном
Да сивооком путнику не буде зима у свету.
5
Па ипак, ти су сусрети тек кратка радовања
Јер знам: на неком раскршћу нећу те видети више
Пружићеш некоме дланове, престаће путовања
И под кров неки свратићеш да се склониш од кише.
6
Спустићу твоју мараму успут крај путоказа
И са ветром – другаром отићи набраних веђа
Јер мени живот престаје ако сиђем са стаза
И пред нечијим вратима скинем торбу са леђа.
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп