Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
29.05.2011 18:56 - Пабло Неруда: На Матилда Урутиа
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 428 Коментари: 0 Гласове:
0



Госпоѓо моја љубена,
многу страдања сетив пишувајќи ги за тебе
овие песни кои ги нареков сонети, многу трпев,
ама радоста на подарокот е поголема од ливадата.
Знаев добро и на почетокот
дека по сопствен избор и заради отменост
поетите на сите времиња изнаоѓале рими
што одекнувале како сребро, кристал или канонада.
Јас, со многу понизност, ги направив овие сонети од дрво,
им го дадов звукот на таа опора и чиста материја
и такви треба да стигнат до твојот слух.
Ти и јас, одејќи по шумата и песочниот брег,
покрај загубени езера, по пепелави пространства,
собравме парчиња чисто дрво,
греди изложени на лулањето на водата и невремето.
Од такви најнежни трески ја создадов
со секира, нож и острилка
оваа дрвенарија на љубовта
и подигнав мали куќи од четиринаесет штици,
за во нив да живеат твоите очи
кои ги обожувам и опевам.
Така утврдувајќи ги моите причини за љубовта,
ти го предавам овој центурион:
сонети од дрво кои се издигнале
само затоа што ти си им дарувала живот.  



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563775
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502