Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
27.06.2011 21:18 - Цунами на рамнодушноста
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 345 Коментари: 0 Гласове:
0



1
Ветрот Овчеполец везден низ куќа ми се вртка
како пес скитник што намирисал свињоколие,
преку рамо ѕирка кога по Ноутпадот чкрткам,
желен прв да види што нов сонет ќе се пролие.
2
Тоа ме присети за Вардарецот рими да стокмам,
неговиот учтив велешки дедо со силни рамења,
кој мене, момчето слабичко, ми подигаше токмак
кога со татета на Камено Брдо вадевме камења.
3
Цел век експресот Париз-Атина низ Велес мине,
правот беше донесен за да стане камен и темел
на црква на поезијата која е распната но не гине
зашто на сета Македонија стана квасец и семе.
4
Рамнодушноста кон неа ќе јакне и ќе нй срами
сй дури не забележиме дека јаваме на цунами.  


Тагове:   поезиа,


Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566797
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502