Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
30.06.2011 10:58 - Прцорек
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 339 Коментари: 0 Гласове:
0



1
Притокот Дервен на река Вардар ѝ се додвори:
демек на голо ќе да било земска нирвана;
за миг реката одеждата во Вруток ја одмори
а снагата речна граѓанска разонода стана.
2
Свиленовжештен, јазикот на Дервен ја баци,
колковите ѝ ги излижа сѐ до мовта на ципите
и таа, карши митрополијата, со дигнати краци,
бревташе и се потеше преку росата на липите.
3 Зар пред лице свето таква блудност да се збие,
како стрвен Дервен на реката ѝ пушта нога?
Сесрдна молитва владиката упати кон Бога
та Врутокот беше пуштен срамот да го скрие. 4
За спомен на ќефот и порнографската слика,
народот велешки тоа место Прцорек го вика.  

 

 



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562908
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502