Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
18.09.2011 11:09 - Линч
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 689 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 18.09.2011 11:11


 На рајскиот интернет ѕид на чилеанскиот поет Пабло Неруда, под наслов “Крадец на идентитет и слава!“, осамнаа следните коментари:

 

Јан Зајиц:
Ако ти било до толку некому да правиш чест а воедно со својата слава да му ја скинеш сенката, што не си го почестил Бога па земајќи го неговото име да си придонел за атеистичката кауза, нели беше атеист и комунист, ебате?
Туку најлесно ти беше да го украдеш звучното презиме Неруда на нашиот веќе славен поет Јан Неруда, лесно за помнење кај луѓето во целиот свет. Која ли идиотска хипокризија е фактот дека многу подоцна си дошол на гробот на Јан Неруда и си положил цвеќе!
Свесен ли си дека Гугл при пребарувањето на поимот “неруда“ првин дава 17 линкови кон сајтови за тебе а дури на 18 место е линкот на Википедија со Јан Неруда како чешки писател?
Откога, бе, некому се прави чест ако му го земеш презимето?
Па чест се прави со давање а не со земање, ебате дибекот самобендисан!

Јан Палах:
Ај да речеме, додека си бил млад, поради страв од татко ти кој мразел поезија, си морал да ги објавиш првите твои поетски збирки под друго име и еве, нека ти се прими дека од неукост и младешка занесеност си мислел дека правиш чест со тоа што си го зел презимето Неруда.
Ама официјално ти и понатами си бил Нефтали Рикардо Рејес Базалто и таков цели дваесет години си бил конзул на Чиле во разни земји па дури на возраст од 42 години конечно и официјално кај властите си го сменил името и презимето во Пабло Неруда.
Ееееј, 42 години си имал, си протерал веќе два брака и којзнае колку жени, си имал дете кое за жал починало на осум години – значи, зрел човек си бил, печен на радоста и на маката а до толку да не ти текне дека не бива на мртов човек, поет, да му го крадеш презимето.
Што не проба да се викаш Шекспир или Петрарка или Лопе Де Вега, бе дибек?
Не ти стискаше, а? Ептен очигледно ќе беше дека си крадец!




Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 565264
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502