Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
26.09.2011 18:49 - Камен-темелник
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 394 Коментари: 0 Гласове:
0



1
Првпат ја сретнав на мирцот, беше кооперативна,
шеташе низ мојот втор пубертет како самовила:
отвори канал, ми додели улога административна,
беше ластовичка што аздисан комарец уловила.
2
Немаше гнездо и пилиња гладни, самичка беше,
не ме изеде како што природниот ред налага:
пушти да леткам околу неа, да ја боднам решен
и по цена да крахира моралот за кој се залагав.
3
Оттогаш почнав за поезија да се интересирам,
пробував и самиот римувани песни да клепам,
што при одбивањето ми помогна да се смирам
бидејќи испадна дека и мојата љубов е слепа.
4
Казанова не станав, што па и не е голема штета
зашто камен-темелникот на мојата поезија лета.



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563422
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502