Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
27.09.2011 18:21 - Кајсиовиот прч
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 482 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 27.09.2011 19:07


  Кајсиовиот прч намириса афродизијачна влага од земјиниот еструс и напалено еректира, бесрамно отфрлајќи го својот коскен презерватив.
Потоа, галежно наговарајќи ја околната земја на рофкост и подмачкувајќи ја со своите вазелински сокови, постепено продираше во неа, не обѕирајќи се на повремените болни крикови кои таа ги испушташе правдајќи се со својата хемороидна структура. Во замелушувачка екстаза, тие за момент заборавија кои се и што се, бидејќи се осетија како едно.
Но, се отрезнија и кајсиовиот прч исплива на површината наметнат со крошнеста перика, појавувајќи се пред врховниот суд на Богот Сонце како адвокат на земјата. Секоја година во април го покажуваше обновуваното полномошно напишано со нејзиниот цветен ракопис.
Така, долги години тој ја шмукаше заштедата на нејзината утроба и цветовите созреани во плодови како свои ги арчеше по разни човечки бордели, залажувајќи ја дека тие се долгорочни инвеститори што ќе ја препородат. Нејзе животот ѝ беше испоснет ама вечен и можеше да чека.
И едно лето, на главната расправа во триесетата парница, среде патосната тирада во врховниот суд, таа фикција на аздисаниот кајсиов прч се претвори во асфикција, го стрефи фрас, му се скинаа жилите за цицање. И се исуши, му паднаа лисјето а заврзаните кајсии темнееја како суви солзи.
Земјата тоа не го ни забележа бидејќи токму тогаш во неа продираше еден дебел и долг морков кој ѝ вети дека нема да ја боли.



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562857
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502