Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
04.10.2011 04:22 - Роденденски сонет
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 707 Коментари: 3 Гласове:
0



1
Шеесет и третата година еве ја кај заминува,
слепото кутре на судбината ја скри во трапот;
иако незрела, подземниот поп ми ја аминува,
без фискална и од страв да не го крка стапот.
2
Зашто, ако е за праведен поредок во светот,
за мене се шири не баш поволно сведение:
многумина се жалат сум ги сопнал во летот,
не покажувам успех и примерно поведение.
3
Како таков на поправки би требало да одам,
мене годините треба бар двојно да ми траат,
оставач да ми е титулата, угледот гола вода,
а не државата да ми плаќа да уживам во раат.
4
Светов нема надеж за своето подобро утре -
со неговата судбина управува слепото кутре.



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

1. murmashka - Евала ти чиним!
04.10.2011 07:20
Евала ти чиним!
цитирай
2. lupcobocvarov - Благодарам, Пенка :-)
04.10.2011 13:59
Еве уште една моја песна за слепото кутре:

СЛЕПО КУТРЕ

Posted by lupcobocvarov on март 16, 2008



Намерите не ми биле чесни -

лага е на стравот, твој тутор!

Зар ќе затрудниш од песни

ако ти ги шепнам во скутот?



Зошто сомнеж за како ќе биде

го кочи кон мене твојот чекор?

Распни го како трофеј ѕиден

тој жежок вршник од прекор!



За нас е предвидена нова ера

во која господ е слепото кутре

што од моите излитени Вчера

ќе ти скрпи едно половно Утре.
цитирай
3. murmashka - , , За нас е предвидена нова ера ...
04.10.2011 14:04
,,За нас е предвидена нова ера

во која господ е слепото кутре

што од моите излитени Вчера

ќе ти скрпи едно половно Утре."

Хареса ми!
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563828
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502