Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
16.10.2011 16:36 - Сонет за Тоше
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 457 Коментари: 0 Гласове:
0



1
Сетив дека блогерскиот рејтинг ми е влошен
и затоа спремен сум на сѐ за тоа да се смени
па и јас му турам самар на споменот за Тоше
да го носи и моето сечење на поетските вени.
2
Искуството ми вели дека Шекспир е во право
кога беспородноста ја смета за најтежок гроб
оти Тоше беше Господов борец против ѓавол
па не стаса на свои деца да им стане мил роб.
3
Убаво е да се рекламираш дека ги сакаш сите,
на Огнен Неделковски поезијата да ја трпиш,
во суетно самозадоволство да ти минат дните -
но немаш пород од кој вечен живот ќе црпиш.
4
Да се косиш на децата да им обезбедиш залче
подобро е одошто по слава и пари да си алчен.  



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563754
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502