Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
06.12.2011 19:17 - Рикардо Базалтов: Ако ме заборавиш
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 369 Коментари: 0 Гласове:
2

Последна промяна: 22.12.2011 16:15


* Рикардо Базалтов, порано познат како Пабло Неруда Ова е мој препев на неговата песна `Ако ме заборавиш` 1
Кога гледам низ џамот како
под сјајот на кристалната месечина
гранката на есента бавно црвенее
а јас го распретувам
нејзиниот недофатлив пепел
во збрчканото тело на трупецот вжарен во каминот,
чувствувам дека сй што постои ме води кон тебе:
мирисите, светлината, металниот жарач -
сите се мои малечки бродови што пловат
кон твоите острови кои ме чекаат мене.
2
Но, ако ти малку по малку престанеш да ме сакаш,
и јас ќе престанам да те сакам малку по малку.
А ако одеднаш ме заборавиш,
потоа не ме барај
бидејќи ти за мене веќе ќе си заборавена.
Ако сметаш дека знамињата во мојот живот
предолго и налудничаво ветерот ги вее
и решиш да ме оставиш
на брегот на твоето срце
каде се моите корени,
запомни, дека од тој ден, од тој час,
ќе кренам раце од тебе
и моите корени ќе ги растрчам
да бараат друга земја.
3
Но, ако секој ден, секој час, ти чувствуваш
дека ти е пишано да бидеш
моја непомирлива сладост,
ако секој ден
цвет се јази по твоите усни
и мене ме бара,
ах, моја љубена, ах мое јас,
во мојот камин огнот пак разгорува,
во мене ништо не е изгаснато или заборавено,
мојата љубов се храни од твојата, љубена,
и сй додека си ти жива,
таа ќе биде во твоите раце
и моите нема да ги напушти. Тука е оригиналот и препевот на англиски



Гласувай:
2


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566758
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502