Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
18.12.2011 16:37 - Ми падна жал
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 424 Коментари: 0 Гласове:
1

Последна промяна: 21.12.2011 16:20


Ова е моја препевна поправка на еден сонет чиј автор е Владимир Мартиновски.
.
Без остаток
.
(љубовен сонет со помош од пријател)
1 Таа сака многу нешта ама без смески,
кафето без зрнце шеќер да ја чека,
кифла од лиснато тесто сака без ким
(и мене ме сака без мојот прекар). 2 Без ливче магдонос супата ја сака,
виршлите без ниту капка сенф,
гиро без лук и таратур-сос џвака
(и мене ме сака без ронка гнев).
3
А јас пак ги сакам нештата цели
зелка сосе кочан, круша сосе семки,
(ја сакам целата во ноќите врели),
сосе вештачките трепки на нејните очи
(од нив се разбегаа сите мои дремки)
без остаток ја сакам, то ест без почин. Еве го оригиналот, во Антологијата на младата македонска поезија, од Марлена Петрушева, која можете да ја симнете оттука: БЕЗ ОСТАТОК (Љубовен сонет без еден стих)
1 Таа сака многу нешта без по нешто
кафето го сака без зрнце шеќер
без ким сака кифла од лиснато тесто
(и мене ме сака без мојот прекар) 2 супата ја сака без ливче магдонос
виршлите без ниту капка сенф
гирото без кромид и таратур-сос
(и мене ме сака без ронка гнев) 3 А јас пак ги сакам нештата цели
зелката сосе кочан крушата сосе семки
(ја сакам целата во ноќите врели)
нејзините очи сосе целите трепки
( )
без остаток ја сакам – од глава до пети.



Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563985
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502