Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
26.01.2012 12:42 - Тошиња на поезијата
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 411 Коментари: 0 Гласове:
0



1
О, вие што се испиливте без топли квачки,
наречниците ви пропишале судбина груба:
да бидете тупави џилити, саде голи рачки,
фаланга која вечно ќе проодува во дубак.
2
Та дури и помошен мотор некој да ви стави,
не ви пали, само вергла и прецицано кашла
зашто не свеќици ами свеќи ѓаволот вглавил,
за да кадите зарад судбината што ве снашла.
3
Залудно е буткање и пуштање на удолница,
куплунгот на лигавењето со слава не сврзува,
осудени сте на кататонија во себеболница -
така минува секој што со раѓањето избрзува.
4
И еден ден, кога ќе бидеш старец или старица,
ќе ти текне дека беше неистресена сламарица.



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563920
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502