Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
29.01.2012 13:30 - Препевен сонет
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 442 Коментари: 0 Гласове:
0



 1 О, фала ти Боже, што ме задои со јадеж
во песната туѓа љубопитно да нуркам,
во смислата да ѝ буричкам, со надеж,
препевот мој да ја симне нејната бурка.
2
Секогаш таа се тегави, се отима ко коза,
ко пациент пред стол на нестручен забар,
како да знае дека со саати ќе ја молзам,
а за да ја кутнам, ќе ја гризам како дабар.
3
Бездушно го стругам напреднатиот кариес,
без опојка си до нејзиниот живец глодам,
атеизмот мој во нејзината вера ќе се зарие
ѓаволски да ја преведе жедна преку вода.
4
Среќниот ловец сум јас на туѓински песни,
толку издупени а мене секогаш ми се тесни.

***




Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563944
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502