Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
25.02.2012 14:48 - Есенин, Мисли
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 639 Коментари: 1 Гласове:
2



Ова е мој препев на песната “Мисли“ од рускиот поет Сергеј Александрович Есенин.
1
Тажни и длабоки, со тајна што стегате,
вие, мисли, тешки и горчливи ко пелин,
мисли, што на вечната среќа ѝ бегате,
сопатнички мои, тагата во вас се всели!
2
Мисли, родителки на страдања и маки,
вие сте мразни и ме болите како спици,
на солзи вие сте извор што пои драки
но и слободни сте да летате како птици.
3
Зошто од уморниве гради вадите дага
кога по свој пат сакам мирно да одам?
Та, викот ваш ќе разбуди сал лита снага
за в темница да се борам за нова згода!
4
Догорен оган не може да се распалува,
и последната искра в пепел нашла гроб!
Нема лек за моето срце пак да кралува
оти со болни мисли на смртта сум роб.
*******  



Гласувай:
2


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

1. daan - :)
25.02.2012 14:55
ubavo zemjak:))
imaj prekarsen den:))
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562889
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502