Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
29.04.2012 19:58 - Љубовџија
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 422 Коментари: 0 Гласове:
0



1
Кога туѓинска песна ќе ми падне в око,
гостопримство го обзема мојот дамар:
принцеза дошла, од лов со својот сокол,
а метафори висат на коњскиот самар.
2
Со жарта на текстот таа ми се плази
смислата мудра одбивајќи да ја каже,
но залудно: ја пречека најсочен јазик,
до грло што љуби и наденува на ражен.
3
Па и ако принцезата е малку осакатена
од што без рими низ блата и драки ака,
подредена на светот ќе му биде вратена
и на македонски таа најмногу ќе се сака.
4
А кога и јас долж Небото ќе се сновам -
помнете ме како препејувачки Казанова.  



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563608
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502