Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
23.05.2012 23:34 - Чарлз Буковски
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 761 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 24.05.2012 11:30


 
Ова е мој препев на “Песна за кадровските менаџери“ од американскиот поет 
  Чарлс Буковски.       1   Стариот човек ми побара цигара и јас две му дадов.   Барал работа, да е на сонце и да може да се пуши -   а беше толку парталосан и лигав - на смртта јадот!   Денот беше навистина студен, ни ѕемнеа нозе и уши,   а шлеперите, претоварени и тешки како курви стари,   стенкаа и чуреа по улиците, како коњ да им го зарил.   2   Ние бевме отфрлени како штици од скапан патос,   како власта да си го расцепила черепот за да щ лекне   така што грижата на совеста во мозокот да щ секне -   без добар бифтек, Бог е осамено место и на Атос!   Ние бевме птици на умирачка, бродови што тонат,   власта ни затрупуваше со бронза, камења и бетон;   ние претавме со раце и нозе, како стонога склона   своите смртни бакнежи да му ги завешта на светот:   додека лидерот `политики` ги нарекуваше штетите   слугите негови добронамерно ни ги кршеа`рбетите.   3   И така си пушевме, мали луѓе со мисли на риби на суво!   Не победуваат сите коњи и сите не ги топлат ќебиња!    И дур`затворите и болниците облекуваат светлосно руво   а слуги држат знамиња грижливо како да се бебиња,   знај дека ти си само едно опустошено срце и стомак,   и како слеп патник со најдобриот авион оди си дома,   или, ако в ресторан, беспари си решил да јадеш пиле,   гледај да си нарачаш мисирка (што јас ја викам Лиле!)   4   И ако си решил да отепаш некого, убиј кој и да било    а не токму некого, зашто некои се од специјална лоза,   направени како дупки на чевли со позлатеното шило:   не убивај ако ти е цел некој што има посветена поза,   претседател ил`крал, ил`човек во фотеља од сафијан -   таму не чачкај, тоа се луѓето од рајската географија.   Еве, нас отепај ни, оти пушиме и гледаме напоречки,   `рѓосани од качувањата по скали со скршени пречки.   5   Отепај ни нас, може Бог сака на тебе да ни подари   оти во љубовните песни не знаеме што е амфидеум;   нема штета, и онака лицата ни се испукан линолеум,   разгазен од тешките стапала на нашите господари.   Ни погоди сачма од првокласен морков и маково семе,   нашата најдобра патерица е пак исчанчена граматика;   како лудиот кос в шума, го расфрламе нашето време   и се молиме алкохолните ноќи да ни се без драматика.   6   Нашите свиленоболни насмевки наоколу ни шират    ко да сме нечии конфети што некој ги фрла со сласт,   ние сме карневалот којшто не треба да го смират   иако дури и не  припаѓаме на Партијата на власт.   Емајлот ни го збриша четката на Времето, иако болна,    и сега позаспани чадиме како чинија со смокви полна;   отепај ни брзо за имињата да ни излезат во весници:   мртви ко магла, најдени во када распорени кресници!   7   И така, за момент, конечно се осознаени факти,   за оние милиони нељубопитни и затупавени очи,   кои искрат и пламнуваат сал на палјачовски акти   што кантри-комичари им ги сервираат без почин.     Конечно, тие ќе бидат забележани, а и ти со нив,   од седиот јавач на седиот коњ, што го викаат Смрт,   за чиј меч нема земска`рѓа што може да го срони,   што е подолг од ноќта и од било кој планински срт,   подолг од сите надежи, молитви и палења темјан,   подолг од криковите на луѓето под атомски бомби   што ќе беа среќни да поживеат дури и како зомби   ама грлата им експлодираа во непланирана земја.       Ние чад сме и облаците не ни прават евала,   мачка сме што Шекспира со сугреби го кити,   лој, лој за свеќите сме, и заглавени кревала:   нашата свест гори на кусиот животен фитил.   9   Стариот човек, без желба нешто да ми ќари,   ми побара цигара и простодушно разврза   за гајлињата кои ги имал и еве што ми кажа:   дека Времето за нас злосторнички забрза,   дека Милосрдието си одбра мермерна лажа,   а дека Омразата си ги прибра готовите пари.   Тој старец можеше татко да ви биде, или мој,   може беше манијачиште, или од Божјиот сој.   Но што и да беше, тој беше отпишан дедо,   и ние стоевме на сонце, пушејќи чат-пат,    и во нашето безделничење вртевме врат -   за да видиме на кого тоа му дошол редот.   ****   Оригиналот е на овој линк:   POEM FOR PERSONNEL MANAGERS- CHARLES BUKOWSKI    



Гласувай:
0


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 563602
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502