Постинг
14.06.2012 15:40 -
Иден конгресмен
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 407 Коментари: 0 Гласове:
Последна промяна: 14.06.2012 19:40
Прочетен: 407 Коментари: 0 Гласове:
0
Последна промяна: 14.06.2012 19:40
Ова е мој препев на песната “Иден конгресмен“ од американскиот поет Чарлс Буковски.
1
Во машкото ќенефско одделение на возот влегов
и едно детенце излезе од боксот за нужда голема,
а маж еден што го чекаше, веројатно татко негов,
почна муабет кој ми се виде ко значајна стилема.
2
`Сине мој , од програмата за трки очекувам пари,
ти ја дадов внимателно да ја чуваш, дај ми ја сега!`
А момчето, намуртено како да е Валканиот Хари,
одговори дека татко му мора да измислува шега,
`никаква програма не примив, каква надеж за ќар,
многу рано татенцето почна да заборава како стар.`
3
Боксот од кој детето излезе едино слободен беше,
јас влегов и во шолјата програмата беше гомнена,
пуштив веднаш вода за да замине доказот смешен
но да остане таму тој покажа упорност несомнена.
4
Јас излегов и, за среќа, се испразнил еден ќенеф.
Мислев за детето кое успешно тренира мала фиде
дека во животната хиерархија сигурно ќе се крене
доволно високо за еден ден и конгресмен да биде.

*******
Еве го оригиналот:
a future congressman
in the men’s room at the
track
this boy of about
7 or 8 years old
came out of a stall
and the man
(probably his
father)
asked,
“what did you do with the
racing program?
I gave it to you
to keep.”
“no,” said the boy,
“I ain’t seen it! I don’t
have it!”
they walked off and
I went into the stall
because it was the only one
available
and there
in the toilet
was the
program.
I tried to flush
the program
away
but it just swam
sluggishly about
and
remained.
Вълнообразно
Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене
За този блог
Гласове: 502
Блогрол
1. Спомен за Ева Звездева
2. Мои препеви на сите 154 сонети на Шекспир, pdf.,формат А4, 39 страници
3. Мојата стихозбирка “Бегајќи од трпезата на моите црвци“ ги содржи и моите препеви на сите 154 сонети на Шекспир
4. Мојата стихозбирка “Со рими клоцнат Буковски“ ги содржи и моите преводи и препеви на 75 песни на Чарлс Буковски
5. Мојата стихозбирка “Аферата Неруда“ ги содржи и моите римувани препеви на 100 сонети за љубовта од Пабло Неруда
6. Мојата збирка раскази “Помилуваниот владика“
7. Мојата стихозбирка “Ловејќи ја душата на Висоцки“ ги содржи и моите препеви на 60 песни на Владимир Висоцки
8. Моето досегашно творештво собрано накуп