Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
14.07.2012 10:39 - Искуство
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 480 Коментари: 0 Гласове:
0

Последна промяна: 14.07.2012 10:40


  Ова е мој превод на песната “Искуство“ од американскиот поет Чарлс Буковски.

 

Подолу во ходникот живее госпоѓа која слика пеперутки и инсекти и нејзината соба е полна мали статуи, работи со глина. Кога ја посетив, седев на каучот и пиев нешто и забележав дека една статуа ни е свртена со грбот, стоеше загубен, како некој загубен никаквец и јас ја прашав дамата што е работата со него и таа ми рече: “Предниот дел многу невешто го стокмив“./ “Сфаќам, вие немате многу искуство со мажите “, реков и си го испив пијалокот. Таа се насмеа и ми донесе нов пијалак, разговаравме за Кле, за смртта на Камингс, за уметноста, за како да се преживее и така натаму. “Вие би требало подобро да ги познавате мажите“ реков јас. “Знам“, рече таа.“Ви се допаѓам ли?“/ “Секако“, реков јас. Ми донесе нов пијалак. Разговаравме за Езра Паунд, за Ван Гог, за сите тие работи. Таа седна до мене. Се сеќавам дека имаше мали бели мустачиња. Таа ми рече дека изгледам силен и мажјачки. Јас и вратив дека има убави нозе. Разговаравме за Малер. Не помнам кога сум си отишол.
Ја видов повторно по една седмица и таа ме повика да влезам кај неа. “Го средив!“, рече таа. “Кого?“ прашав јас. “Својот човек во аголот!“ одговори таа.

“Убаво!“ реков јас. “Сакаш ли да го видиш?“ праша таа. “Секако!“ реков јас. Таа отиде во аголот и го сврте. Беше навистина дотеран. Боже мој, беше до влакно сличен на МЕНЕ! Тогаш почнав да се смеам и таа се смееше а уметничкото дело стоеше пред нас, многу убав предмет. 







Гласувай:
0


Вълнообразно


Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566918
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502