Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
21.05.2013 01:30 - Ѓаволскиот рај
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 464 Коментари: 0 Гласове:
1



    Ова е мој препев на песната “Ѓаволскиот рај“ од рускиот поет Владимир Висоцки.

 

1
Пространството се преврте од крај до крај
зашто едни мозоци сред катран зазеленија:
решија ѓаволите во Пеколот да изградат рај,
привлечно општество за идните поколенија.
2
А агентот Шејтан, што Пеколот го шпионира,
начу за планот, во Центарот извести срочно;
“Во Пеколов замислуваат нешто што шокира,
но Ѓаволот сам не знае како ќе биде точно!“
3
А на Амор, шефот на сите рајски диверзанти,
Шејтан јави дека западнал во безнадежни беди:
морал да прими и да носи џи-пи-ес импланти
за така ѓаволската власт постојано да го следи!
4
А во тоа време во Пеколот, лично Велзевул,
пред построените муви викна со силен глас:
“Верно е, ни јас ништо подобро не сум чул -
само рајското општество за Пеколот е спас!“
5
Со солзи радосници ѓаволите си ветија чудо,
рај да стане царството на подземната банда!
Мора да се зголеми продуктивноста на трудот,
секој мора пет грешници да има под команда!
6
“Нема пишман“, Ѓаволот рече.“Јас ве водам,
со Господ напред, и ние ќе бидеме спасени!“
Грешниците желно поверуваа во таа згода
а толпи ангели во Рајот трепереа ужасени!
7
И сите ангели, цели легиони, во таа скука,
појдоа при Оној Кој е надлежен за повелање.
А тој им рече дека на сиот страв им плука,
дури кажа и дека многумина се за стрелање,
8
дека Ѓаволот е провокатор и луд кретен,
неговите викови и сплетки се стара мода,
дека и ангелите се копилиња сите до еден,
а агентот Шејтан на Ѓаволот му се продал.
9
“Ова не е рај а вистинска умоболница стана!
Си одам на Земјата таму не бев толку напнат!
Бегајќи од Рајов, кај луѓето џенем ќе фанам,
потеатрално отпорано, пак нека ме распнат!“
10
Се спушти Тој, но каде престојува Тој Вишен?
Дали е оној што пред црквата пијан остинал
и на богомолците им кричи со празно шише
велејќи дека е Бог и да му дадат милостина?
11
Жален е крајот, плач за сите, нема мед и млеко!
Споредено со ова, што е пропаста на Троја?
Одамна веќе во Рајот нема рај туку само пекол
и сега Пеколот како ѓаволски рај го бројат.

Еве го оригиналот:

***************
Рай чертей ♫ ◡

1
Переворот в мозгах из края в край,
в пространстве масса трещин и смещений:
в аду решили черти строить рай,
как общество грядущих поколений.
2
Известный черт с фамилией Черток,
агент из рая, ночью, внеурочно
отстукал в Центр: «В аду черт знает что!»
Что именно, Черток не знает точно.
3
Еще ввернул тревожную строку
для шефа всех лазутчиков – Амура:
«За мной следят, сам Дьявол начеку,
и крайне ненадежна агентура».
4
Тем временем в аду сам Вельзевул
потребовал военного парада,
влез на трибуну, плакал и загнул:
«Рай, только рай – спасение для ада!»
5
Рыдали черти и визжали: «Да!
Мы рай в родной построим преисподней!
Даешь производительность труда!
Пять грешников на нос уже сегодня!»
6
«Ну что ж, вперед! А я вас поведу, -
закончил Дьявол. – С богом! Побежали!..»
И задрожали грешники в аду,
и ангелы в раю затрепетали.
7
И ангелы толпой пошли к Нему,
к Тому, Который видит всё и знает.
А Он сказал, что Он плевал на тьму,
лишь заявил, что многих расстреляет,
8
что Дьявол – провокатор и кретин,
его возня и крики – всё не ново,
что ангелы – ублюдки как один,
и что Черток давно перевербован!
9
«Не рай кругом, а форменный бедлам!
Спущусь на землю, – там хоть уважают.
Уйду от вас к людя́м ко всем чертям, -
пущай Меня вторично распинают!..»
10
И опустился. Кто Он? Где живёт?..
Но как-то раз узрели прихожане:
на паперти у церкви нищий пьёт;
«Я – Бог! – кричит. – Даешь на пропитанье!»
11
Конец печален. Плачь, и стар, и млад!
Что перед этим всем сожженье Трои?
Давно уже в раю не рай, а ад.
Но рай чертей в аду зато построен.
image




Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 566945
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502