Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
22.05.2013 06:37 - Маски
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 975 Коментари: 0 Гласове:
1


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
  Ова е мој препев на песната “Маски“ од рускиот поет Владимир Висоцки.

 

1
Се смеам горко, како во огледало искривено,
изгледа, со вешта шега некои ме почестиле:
носот ми е кукест, сум се оклештил здивено,
ко во венецијански карневал да ме сместиле!
2
Крај мене во див танц толпата се тресе
и мене ме вовлекуваат со нив да каскам
а моето нормално лице на човек чесен
сите го третираат како да е моја маска.
3
Петардите и конфетите во огнометен акт
не кријат дека на мене се гледа со прекор:
ме опоменуваат дека сум во грешен такт
и дека соиграчите ги газам на секој чекор.
4
Да се бега оттука желба силна ми се јави
но и порив во танцот со нив да се слијам
со надеж дека маските на ѕверски глави,
сепак, во себе многу човечки лица кријат.
5
Во перики и маски толпата лица си скрила,
некој си зел лик од сказна како принц клет,
соседот е арлекин што тешка тага го свила,
некој е паликуќа а дворски шут е секој трет.
6
Едни со маските лице сакаат да си обелат,
со веселост својот ѓон-образ да го скријат;
а некој не ни сетил дека маската го кобела
за да му се вреже како доживотна стрија.
7
На орото се фатив, и мене крвта ми е врела,
но сетики неспокојство ме лади кон млако:
а што ќе биде ако оној со маската на џелат
толку си ја бендиса па ќе живее како таков?
8
А што ако арлекинот занавек остане тажен,
па лицето секој ден во тој стил си го гримне?
Ами што ако дворскиот шут се осети важен
и гордо одбие глупавата маска да ја симне?
9
И како добро лице незабележано да не мине,
како чесниот да го погодиш кога нема знаме?
Секој се научил да стави маска штом ќе зине,
небаре без неа, со лицето ќе удри во камен!
10
Во тајната на маските јас веќе сум вникнал,
и уверен сум дека мојата теорија држи вода:
секој човек на спасоносната маска свикнал -
го штити од шлаканици и од плукачка мода.
11
Против сите маски јас водам потерата ладна,
но не барам од ниту една да си открие глава
зашто што ќе правам ако сите маски паднат
а таму саде полулица и полумаски се јават?
12
А ако подлецот без маска не може да оди,
нека ја носи а ти држ`се за мислата добра:
не криј се зад туѓо лице ни во лоши згоди,
за секогаш пред сите да имаш чист образ.
13
Со потсмев ме трупаат мене маските зли,
дури и забавно е, надигаат лути викови,
а зад маски се кријат, како зад дебел ѕид,
обични и исплашени вистински ликови.
***********************
Ова е оригиналот:
1
Смеюсь навзрыд – как у кривых зеркал, -
Меня, должно быть, ловко разыграли:
Крючки носов и до ушей оскал -
Как на венецианском карнавале!
2
Вокруг меня смыкается кольцо -
Меня хватают, вовлекают в пляску, -
Так-так, мое нормальное лицо
Все, вероятно, приняли за маску.
3
Петарды, конфетти… Но всё не так, -
И маски на меня глядят с укором, -
Они кричат, что я опять – не в такт,
Что наступаю на ногу партнёрам.
4
Что делать мне – бежать, да поскорей?
А может, вместе с ними веселиться?..
Надеюсь я – под масками зверей
У многих человеческие лица.
5
Все в масках, в париках – все как один, -
Кто – сказочен, а кто – литературен…
Сосед мой слева – грустный арлекин,
Другой – палач, а каждый третий – дурень.
6
Один – себя старался обелить,
Другой – лицо скрывает от огласки,
А кто – уже не в силах отличить
Свое лицо от непременной маски.
7
Я в хоровод вступаю, хохоча, -
Но все-таки мне неспокойно с ними:
А вдруг кому-то маска палача
Понравится – и он ее не снимет?
8
Вдруг арлекин навеки загрустит,
Любуясь сам своим лицом печальным;
Что, если дурень свой дурацкий вид
Так и забудет на лице нормальном?
9
Как доброго лица не прозевать,
Как честных угадать наверняка мне? -
Все научились маски надевать,
Чтоб не разбить свое лицо о камни.
10
Я в тайну масок все-таки проник, -
Уверен я, что мой анализ точен,
Что маски равнодушия у них -
Защита от плевков и от пощёчин.
11
За масками гоняюсь по пятам,
Но ни одну не попрошу открыться, -
Что, если маски сброшены, а там -
Всё те же полумаски-полулица?
12
Но если был без маски подлецом -
Носи её. А вы – у вас всё ясно!
Зачем скрываться под чужим лицом,
Когда своё воистину прекрасно?
13
Смеются злые маски надо мной,
Весёлые – те начинают злиться,
За маской пряча, словно за стеной,
Свои людские, подлинные, лица.

image 



Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

Няма коментари
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562914
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502